Процентите на населенијата се менливи. Никој не може да ги претпостави процентите за 50 години. Еве пример ние мислевме дека до 2030 во РМ колку македонци толку и албанци ќе има, но дојдовме до ситуација каде што албанската жена се повеќе и повеќе се еманципира, така што по градовите ретко има албански семејство со повеќе од 3 деца, а миграцијата село-град е све поголема. Исто така селењето на запад кај албанците е помасовно отколку кај македонците, така што нивниот процент наместо да се зголеми се намали и изнесува не повеќе од 15%. Иста ситуација е и на Косово, каде што све живо се сели на запад, а и така таа бројка е пренапумпана, зашто јавна тајна е дека неретко еден човек се попишува и како граѓанин на РМ и како граѓанин на Косово(или Косово и Албанија или Албанија и РМ).
Од друга страна што ако во Рашка почне масовна албанизација на бошњачкото население или пак дојде до преселба на мигранти муслимани?
Колкави биле процентите пред ВВ2 во Војводина, а колкави пред ВВ1? Кои се процентите во Словенија пред ВВ1 или во Далмација, Славонија, Егејска Македонија?
Чистења на територии и војни секогаш имало и ќе има, затоа во мир никој будала не се откажува од своја територија, а посебно не во ситуација кога светот од еднополарен оди кон триполарен. Белград се брани на Косово, како што Штип се брани во Тетово, секоја елита и народ треба да размислува 50 години нанапред, а не од денес за утре.