А вака што се постигна ?
Цела Македонија искочена беше од 08:00 до 16:00 да ги заврши сите обврски. Наместо да биде искочена од 08:00 до 22:00. Тоа ти се 6 саати плус време. А иста бројка на народ. Гужви низ улиците, гужви низ:
-Банки
-Маркети
-Аптеки
-Бензиски
-Трафики
-Пекари
Во полициски час работи:
Бензиска
Трафика
Фаст Фуд - Достава
Ресторан - Достава
Маркет - Достава
Обезбедување
Продавачки
Комунална
Прехрамбена Индустрија
Таксисти...
Чекај, па кој седи дома ? 30-40% од Скопјево иде на работа и работи за време на полициски час. Да тука ги изоставив Полиција, Армија и Здраствените Работници. Тие мора да работат, ама другиве ?
Дека е лошо осмислено - лошо е.
Не требаше снајпери на згради Требаше АРМ и МВР на улица и само НАЈ НУЖНОТО да работи и сите дома да седиме 1 месец. И после тоа ќе немаше од каде вирусот да се шири, ако имаш затворени граници и сите од надвор беа исто тој месец у карантин. Еве и 2 месеци да е. Вака поголема штета ќе има и на психата на луѓето и на економијата. А и државата поголем удар прима. За во Банка, во 08:00 чекав до 08:45 за да платам рата. За 3 минути работа. Даваш пари, Лична карта и се потпишуваш на уплатница. надвор со уште 7 луѓе чекав. Безброј маани и примери можат да се најдат.
Нити Државата ја бива, а нити Нас како народ не бива. Совест 0.
Остани ми со здравје.