Те знам одамна си на форумов, паметен дечко си, зошто упорно не можеш да сфатиш проста работа?
1. Првично закана е за старите ама младите шетаат насекаде (работа, социјални групи, обврски) и го пренесуваат вирусот.
2. Како што пишав и пред ден два - се преценува во Македонија здравјето на младите. Секој втор пуши по 2 кутии цигари, астма, алергии, дијабетес, загаден воздух, сето тоа е фактур минус кој влијае на состојбата. Не не споредувајте нас со Германија, Шведска не знам кој таму каде што 80 годишниците им трчаат маратони без проблем.
3. Не е фер некој да плаќа здравствено 50 години и туку така да го шкртнеме од мапата на постоење. Каква порака ќе прати сето тоа за овие сега што имаат по 30-40 години? Дека за 10 години ќе се небитна ставка во една статистика?
4. На Инфективна лежат и тинејџери, лежат и деца, лежат и старци.
НЕ Е ТОЧНО дека на помладите не им треба лекарска помош. Асимптоматските случаи тргнете ги настрана. Предноста е што им е помлад организамот па полесно се изборува меѓутоа и на нив 10-14 дена им е потребен најмалку мониторинг од инфектолог/интензивист на 2-3 часа. Е сега она што му е потешко на народов да го сфати е дека цаката е што ако се преполнат болнициве со тие старите што ви се небитни, ќе снема капацитети и за овие помладите па ќе видите како одеднаш интервалот 20-40 ќе почне да се полни со крстчиња и месечинки.