Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Како мислат со ваков распоред да не е гужва?o_O
Веројатно немало доволно гужви претходно, па сега гледаат да надокнадат со вакви сардина-мерки, со цел побрзо стекнување на колективен имунитет.
 
Уште еден доктор да ви објасни.

 
mrazam sto ovoj problem se dovede do statisticka analiza. kako so vikaat, bad data is better than no data, ama vo ovoj slucaj ima premnogu faktori i nepoznanici.

graficite i procentite ti se na mesto. smrtnosta vo svedska e najgolema vo skandinavski zemji, nema zbor.
e sega, zosto e toa taka, moze da ima nekolku mozni pricini. na pocetokot golem del od pocinatite bea migranti, mislam somalija, valjda vekje so drugi bolesti. pisavme mnogu pati na temava, zdravstvoto ne im izgleda sjajno. ne znam kako e demografija, kolku % se stara populacija.

kje te koregiram - ovde e 80-90% business as usual. edinstvena merka bese zabrana nad 500 lugje, posle namalija na 50, ama taa ne se pocituva bas. stokholm e mozebi malku izmeneto, dr mesta se e vo normala.
namalija turizam i prevoz normalno, porafi blokadite. denes imase na vesti, vikendot zurki i barovi vrielo po stokholm.

edinstveno nesto so sprecuva italijansko scenario e toa so ogromen del na lugje ziveat sami, po 1 ili 2ca i se prirodno izolirani, takov nacin na zivot.
mislam deka stom do sega ne stavija restrikcii, nema ni da stavat
Епа нема како да споредиме, како што споредуваме БДП, Инфлација, итн... Затоа не земав број на заразени вкупно, туку моментално како најрелевантен податок (додека не излезе вкупен број на смртни случаеви и тоа се спореди со просекот на земјите) го земав бројот на смртни случаи на 1м и % смртни случаи на заразени.

80-90% business as usual може да е проформа, ама реално не може да биде 90% со самото тоа што немаш туризам, не работат средните школи и факултетите, што добар дел од луѓето работат од дома, што и сами луѓе избегнуваат контакти (не сите, ама има %), нема поголеми собирања над 50 луѓе (може и таму не се почитува тоа, но и тука не се почитува за 5 луѓе, имаш луѓе ора што вртат низ Македонија и што се снимаат, замисли колку такви контакти има што не се снимаат). И кај нас не е се затворено, не сме целосен карантин без движење и контакт со луѓе.

За последната реченица се слагам, тоа е тоа што не може да се споредува, покрај она што ставив како фактори погоре, затоа „Шведска вака-Шведска онака“ не е валиден кејс за сите земји и не може да го земеме како пример.
 
Сите овие штелувања паѓаат во вода кога ќе излези вкупниот број на умрени и се спореди со просекот.

И како што гледам во Бергамо е некаде 4.5 пати поголем од просек, во Еквадор 6.5 пати поголем од нормално.

Њујорк исто така некаде 4 пати повеќе.

Така да муабетите од Вело деке вирусов е послаб од инфлуенца, само кажува за квалитетот на нашето здравство.

Кој го гледаше јужно кореецот, ќе види како зборува прав научник, без шпекулации, и само во рок од 2 недели му се двете интервјуа има еден куп нови информации за вирусот.

Вело треси од ракав за корона.
За да збориме надвор од сувите резултати, треба да прејдеме во многу егзактно нестабилен терен, полн со специфики за секоја земја.
Но, ако сепак го направиме тоа и споредиме резултати со стратегија, ќе видиме дека од 200 земји кои спроведоа разни стратегии, Шведска убер лошо помина, со тоа што е седма од позади.
Не можеш да знаеш како помина Шведска или било која држава ако не знаеш колкав дел од населението е или било заразено. Што ако 60% од Швеѓаните се или биле заразени, а остатокот од земјите со мерки се на 20%?

Исто не можеш да споредиш 3500 умрени во цела година со 1600 во 2 месеци. Можеби вкупниот број на жртви ќе биди 1700, во наредните месеци нема да умираат бидејќи веќе се заразило мнозинството од една земја.
Што ако вирусов предизвикал смрт на луѓе што треба да умрат во наредните месеци, па вкупниот број на крајот на годината е во рамките на просекот?

И последното, број на умрени на милион како последица на вирусов е лажен показател (како и бројките на тестирани наспороти реалните заразени). Што ако умрат повеќе луѓе како последица на мерките, а не на вирусот?

Сакам само да кажам дека постојано носите заклучоци врз база на бројки од некомплетен примерок. :D
 
Сте се распишале за Шведска 10 страни ко да нема утре, очи ми паднаа дур прочитам се :D

Би надополнил само дека Шведска има убедливо најмал број на тестови по глава на жител направено, а се со далеку најмногу заразени и починати. Норвешка - 26,425 тестови по жител, Шведска - 7,387, Данска - 16,616.

За штетата од корона според мене најрелевантни ќе бидат статистиките за тоа колкав број на луѓе починале за овој квартал или оваа година споредбено со претходните години/месеци.
 
Еве Словенија ќе прават тестови на национално ниво. 3000 граѓани избрани по случаен избор ќе ги тестираат со рапид тестови дали имаат антитела.
Ако испадне дека 50-60% од нив на еден или на друг начина прележале коронавирус. Тогаш сите мерки, карантини пропаѓаат во вода нели? :)
 
Не можеш да знаеш како помина Шведска или било која држава ако не знаеш колкав дел од населението е или било заразено. Што ако 60% од Швеѓаните се или биле заразени, а остатокот од земјите со мерки се на 20%?

Исто не можеш да споредиш 3500 умрени во цела година со 1600 во 2 месеци. Можеби вкупниот број на жртви ќе биди 1700, во наредните месеци нема да умираат бидејќи веќе се заразило мнозинството од една земја.
Што ако вирусов предизвикал смрт на луѓе што треба да умрат во наредните месеци, па вкупниот број на крајот на годината е во рамките на просекот?

И последното, број на умрени на милион како последица на вирусов е лажен показател (како и бројките на тестирани наспороти реалните заразени). Што ако умрат повеќе луѓе како последица на мерките, а не на вирусот?

Сакам само да кажам дека постојано носите заклучоци врз база на бројки од некомплетен примерок. :D

Единствените најмеродавни споредби се просек на умрени овој период спрема претходните години. Во коментарот споредувам само Еквадор, Њујорк и Бергамо, затоа што за тие места има просек на умрени од преходните години и колку умират сега.

Не реков јас никаде 3500, 1600, 1700 за Шведска.

И во право си, рано е за прогноза, затоа и најголем број на влади во светот се со конзервативни мерки за секој случај, оти не се знаат многу работи за вирусов.

Баткава од Јужна Кореа, не се петели ко Вело, тој вика:
I've seen a lot of viruses come and go, but COVID-19 is one of the most sly and devious ones yet.

А работел на епидемии на инфлуенца, мерс, сарс, ебола ...
 
Еве Словенија ќе прават тестови на национално ниво. 3000 граѓани избрани по случаен избор ќе ги тестираат со рапид тестови дали имаат антитела.
Ако испадне дека 50-60% од нив на еден или на друг начина прележале коронавирус. Тогаш сите мерки, карантини пропаѓаат во вода нели? :)
тоа би значело дека 50-60% го прележале асимптоматски.

п.с. еве и сам прочитај од доктор

5) PCR dava rezultat dali e covekot nositel na toj virus, serologijata dali go prebolel. Gajle mine dali si go prebolel, vazno mi e dali moze odctebe da se zarazam. Zatoa e PCR momentalno vo ovaa faza pobiten faktor.
 
За штетата од корона според мене најрелевантни ќе бидат статистиките за тоа колкав број на луѓе починале за овој квартал или оваа година споредбено со претходните години/месеци.

Идејата ти е одлична. Можеш да ги видиш графиците за повеќето земји во Европа овде


Она што можи да се забележи, иако има зголемување на смртноста во овој период, погледни наназад ќе видиш дека процентот е во ранг на претходни лоши периоди (грип итн)

Италија на пример има сосема благо зголемување споредено со 2016 (дури и со илјадници мртви дневно, и во 2016 имало ама немало на вести)
 
Единствените најмеродавни споредби се просек на умрени овој период спрема претходните години. Во коментарот споредувам само Еквадор, Њујорк и Бергамо, затоа што за тие места има просек на умрени од преходните години и колку умират сега.

Не реков јас никаде 3500, 1600, 1700 за Шведска.

И во право си, рано е за прогноза, затоа и најголем број на влади во светот се со конзервативни мерки за секој случај, оти не се знаат многу работи за вирусов.

Баткава од Јужна Кореа, не се петели ко Вело, тој вика:
I've seen a lot of viruses come and go, but COVID-19 is one of the most sly and devious ones yet.

А работел на епидемии на инфлуенца, мерс, сарс, ебола ...
Ама можеби не се. Пишав погоре, што ако е заразен голем дел од населението, умираат одреден број луѓе, пандемијата завршува за еден месец и не умираат повеќе луѓе?
Што ако повеќе умрат од строгите мерки отколку од вирусот? Не велам дека е така или ќе биди, него дека тие бројки не се меродавни. Ни дури кога ќе заврши годината и ќе се земат сите месеци во предвид.

Баткава од Германија вика поинаку.
Батката ко Кореја можеби зборува само за екстремните случаи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
тоа би значело дека 50-60% го прележале асимптоматски.

п.с. еве и сам прочитај од доктор
Да меѓутоа асимптомпатиските случаи се подеднакво заразни за време на инкубација. Што значи во одреден период (Јануари, Февруари, Март....) тие биле потенцијално опасни преносители меѓутоа никој не ги ставил во изолација, едноставно шетале ширеле зараза и помагале во стварање на колективен имунтитет.
 
Идејата ти е одлична. Можеш да ги видиш графиците за повеќето земји во Европа овде


Она што можи да се забележи, иако има зголемување на смртноста во овој период, погледни наназад ќе видиш дека процентот е во ранг на претходни лоши периоди (грип итн)

Италија на пример има сосема благо зголемување споредено со 2016 (дури и со илјадници мртви дневно, и во 2016 имало ама немало на вести)

Интересно овие графици секој две недели ги постираш и разликата станува се поголема, и е се само не блага.
Во Италија смртноста е дупло од најлошата сезона.
 
Интересно овие графици секој две недели ги постираш и разликата станува се поголема, и е се само не блага.
Во Италија смртноста е дупло од најлошата сезона.

Второ одделение знае да чита графикон. Кај виде дупло жити се?

Италија 2016 жртви од грип 20500
Италија 2020 жртви од корона 24000
Автоматски споено мислење:

Итаљаниве сами себе се лажат изгледа, зголемување за скоро 100%. Али нема врска стари биле или со патологија, ќе цркнеле за година две и онака.

Една општина во Италија од 60 милиони народ и крај на светот а?
 
Што не ти е јасно тоа со Данска(и Норвешка)? Прв пат слушаш или се прајш на удрен? Значи им се рамни полека кривата, се зголемува температурата, се намалува влажноста на воздухот и после првичниот бран полека се отвораат. Нормално дека нема да биде како што беше пред вирусот, туку ќе биде постепено тоа, со социјална дистанца, носење на заштитна опрема, ограничување на бројот на луѓе во маркети, продавници, забрана за јавни собири за да се превенира наглото ширење. Што значи ќе има заболени повторно, но контролирано.
Прво не се праам наудрен, пробувам да најдам логика во тоа што го пишуваш. Никој не те тера да дискутираш. Напиша дека доколку Шведска ги следела мерките на Данска ќе можеле сега да се вратат во нормала. Сега пишуваш дека немало да биде нормала, туку некоја нова полукарантинска нормала.
Те прашав како го глеаш епилогот од цело ова, и зашто Данска на крајот би прошла подобро од Шведска. Верувам дека си рационален човек и јасно ти е дека вакцината е две години далеку од сега минимум, и дека во меѓувреме вирусот нема да прекине да се шири без своите 60-70 посто заразени. Што мислиш колку време Данска или било која друга земја ќе ја рамни кривата и што ќе се случи после тоа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom