Не можеш да знаеш како помина Шведска или било која држава ако не знаеш колкав дел од населението е или било заразено. Што ако 60% од Швеѓаните се или биле заразени, а остатокот од земјите со мерки се на 20%?
Исто не можеш да споредиш 3500 умрени во цела година со 1600 во 2 месеци. Можеби вкупниот број на жртви ќе биди 1700, во наредните месеци нема да умираат бидејќи веќе се заразило мнозинството од една земја.
Што ако вирусов предизвикал смрт на луѓе што треба да умрат во наредните месеци, па вкупниот број на крајот на годината е во рамките на просекот?
И последното, број на умрени на милион како последица на вирусов е лажен показател (како и бројките на тестирани наспороти реалните заразени). Што ако умрат повеќе луѓе како последица на мерките, а не на вирусот?
Сакам само да кажам дека постојано носите заклучоци врз база на бројки од некомплетен примерок.