... тие што не ги почитуваат препораките за заштита за време на ова пандемија со коронавирус КОВИД19 дадени од Министерство за здравство, истите тие не го почитуваат полицискиот час (заштитени партиски, па затоа се силни и безобразни, ретки исклучоци),
... би рекла власта (позиција, коалиција) носи препораки, а нејзините членови не ги почитуваат, а ние сите други -народот, сме колатерална штета во секој случај, ние носиме заштитни маски, ние почитуваме препораки, ние седиме дома без да мрднеме за време на полициски час, ние пишуваме и се жалиме по социјални мрежи од овие што не ги почитуваат препораките и ние ни криви ни должни ќе се заразиме од овие накурчениве... и затоа не го бидува, нема ефект ваквите мерки и полициски час!
... тие што не го почитуваат полицискиот час, пак истото ќе го сторат и тоа така накуречки јавно демек мене никој ништо не ми може, а и самите контроли за почитување на полициски час се само на одредни главни сообраќајници во време кога се уште „не мрдаат градските курнази“ па затоа истите курнази продолжуваат со курчење, ги приведуваат тие ненамерни прекршители што биле принудени и испаднале поради некоја здравствена, семејна потреба или ги малтретираат тие што од втора/трета смена се враќаат од ноќна работа, посебно медицински лица (примерот со мед.сестра од Систина)!
...освен короната ако знае да селектира и да удри таму кај што треба, па да му сменат малку свест, навика и менталитетот на тој што се курчи... ете тоа човек да посака!