Коронавирус (COVID-19)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Кој кур барале министрине кај градоначалник што чекал резултат од тест? Меѓу кои и министер со клучна улога у кризата. Пола влада еј....Африка и тоа не современа, туку од пред 2000 години.

Полициски часови што ги пикаат луѓето у краток период по затворени простори. Пред две недели, пазарев во 8 саат навечер и бевме 30 луѓе во маркетот, денеска едвај стигнав да ја усогласам работава и да излезам, се задржав три пати подолго и имаше 300 луѓе во маркетот.

Кој е генијалецов што не разбира дека праи хаос со рестриктивниве мерки? Видоа дека прошлиот викенд испадна срање и уште не им доаѓа памет.

А да....и суштинска беше рестрикцијата за забрана за движење во шума....без тоа не можеше да се живее....битно у црква и џамија може да се оди...

Пикот очекувајте го за две недели од сега, кога по 500 заразени на ден ќе имаме.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.081
Поени од реакции
6.565
За последен пат ќе те цитирам ама еве ти имаш 31 годишен човек што да не беше короната ќе беше жив. Исто така имаме и почината родилка после породувањето починала. Значи да не била заразена детето ќе имало мајка сега толку од мене по 100 пат ќе повторам оди зарази се помини си го на време и не ја труј темата.
И еве ти потсетување на твоите бисери

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Кого го заболе по кој пат ќе цитираш, чудни навики има раја.
Никаде не одам, си прашувам сосема валидни прашања од типот :
Освен географска, дали има некоја друга структура објавена, старосна да речеме, во РСМ за да видиме кои луѓе биле најпогодени или само ќе шириме паника?

И која била најризична група кај Шпанскиот грип и кој умирале најчесто ?
Ти напишав веке. може го избришала постот, 15-40 години, во напон на снага луѓе, со здрав организам и силен имун систем, таа група била срозана од Х1Н1 тогаш. Старците и децата немале толку мака.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Утре ќе биде колење пред маркетите, знаејќи каков "5 до 12" народ сме...
Не е само "5 до 12" народ, туку еве како да накупиш на пример месо, зеленчук, овошје, леб од вчера за цела недела? Има работи кои се расипуваат, а не ти се за одма готвење ...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.081
Поени од реакции
6.565
Еве ти како неук што го потценуваш мислењето на лекар, а дискутираш за пневмонија и имун систем ко стручнак голем, едно прашање само, зошто корона вирусот не напаѓа деца и не се смета за опасен за нив кога тие по дифолт се со најслаб имунитет. Ај сега прашај се зошто е грипот многу опасен за деца од 0-4 години и стари од 65+ години, можда ќе ти текне кој е кој на скалата. Грипот е со веќе докажана патологија која секогаш може да развие секундарна инфекција и кај многу здрав и витален човек, а го споредуиваш со нешто што е моментално тотално имагинарно, створено во магла и страв, ко што инквизицијата во среден век ловела и палела вештерки и тоа со целосно учество на простата маса. И тогаш народот мислел дека така треба нели, така му кажувале оние на кои им верувал.
Македонче све ќе ти прости али компeтенција никогаш, каде ти со вакви стручни објаснувања, остај го ти тенеке ќе ти објасни :)

А шо е проблемот сега за тебе ??? Не умирале доволно 65+ ли. Па колку имало тие години шо се 65+, колку бил тогаш животниот век во светот, не си ми јасен.
Карантин нормално да се прогласи кога било заболено 1/3 од светското население. 500.000.000 биле заболени или 1/3 од целокупното население. Починале 50 милиони луѓе, можда и повеќе. Требало ли бебе да не остане живо, тоа ли те мачи, бебето има имунитет првите 2-3 години од мајката со доењето, а тогаш богами ги доеле, не биле на вештачко млеко од нестле.
Има различни извори и цифри но можно е да починале над 100 милиони поради некои историски причини во кои нема да навлегувам, но тоа било стравичното кај Х1Н1 тогаш што убивал војници и нивни браќа сестри 15-40, тие што оделе и се враќале од фронт го рашириле по цел свет, повеќе војска умрела од него отколку од метак, тој вирус бил тотално различен од овој кој нели, ги погодува оние со сериозно компромитиран имун систем, имаше поназад кинеска студија каде цифрата беше 91% од умрените таму имале сериозно компромитиран имун систем.
 
M

Macedon1um

Гостин
Што бидна со предвидувањата на експертите од МАНУ? Нели кажаа пикот ќе биде во месец мај, со 1100 заразени?
Имаше информација дека овие од МАНУ имале капацитет да прават 100тина тестови дневно ама не правеле, веројатно бегаат од одговорност и ризик
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Требаше затворање на секој град посебно и полициски час од 19. Ресурсите да се насочеа кон контрола на маркетите и забрането групирање на луѓе.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Требаше затворање на секој град посебно и полициски час од 19. Ресурсите да се насочеа кон контрола на маркетите и забрането групирање на луѓе.
На ова би додал: зачестени линии на градски автобуси, интензивна контрола врз паркови за да нема групирање и некаква сменска работа во погоните каде што има многу вработени. Ќе имавме денеска 10 нови, а не 110 (и тоа официјално само).
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.081
Поени од реакции
6.565
На ова би додал: зачестени линии на градски автобуси, интензивна контрола врз паркови за да нема групирање и некаква сменска работа во погоните каде што има многу вработени. Ќе имавме денеска 10 нови, а не 110 (и тоа официјално само).
Дали некој ќе одговара за катастрофалните резултати од вонредната состојба и полициски час и сите фашизоидни мерки? Bottleneck-овите си го направија своето, растурија, искинаа, толку е забегано ова што делува како некој намерно да сака да има што повеќе жртви, сега оној восочниот, преЦеднико, објави уште месец ванредно стање, тогаш ќе има по 500 на ден.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Добро озбилни се со забраната за движење у шума?
Идиоти човече, гледајте у маркети и банки шо се дешава, таму барајте чаре да решите проблем а не у шума.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Добро озбилни се со забраната за движење у шума?
Идиоти човече, гледајте у маркети и банки шо се дешава, таму барајте чаре да решите проблем а не у шума.
Ако не се лажам, движење во шума секоја година е забрането во некој период заради пожари. Ова ќе да не е ради короната
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.026
Поени од реакции
12.700
Денеска парламентот на Шведска изгласа закон со кој привремено, до крај на јуни и се дава на Владата поголема моќ за справување со ситуацијата. Ова им дава право да затвараат училишта, бизниси, јавни места итн без согласност од парламентот, но не и воведување полициски час. За таков радикален чекор ќе мора повторно гласање во парламентот и отворање дискусии.

Не знам дали полека не спремаат за нешто поголемо или сакаат да се спремни за секој случај.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.745
Добро веројатно мислат на луѓево шо праат пикник. Ама така го јадеме ние рекреативците на Водно.. стварно е тапа што утре нема да можам да си се искачам на Водно...
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Ако не се лажам, движење во шума секоја година е забрането во некој период заради пожари. Ова ќе да не е ради короната
У летен период, не у средина на април.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Добро озбилни се со забраната за движење у шума?
Идиоти човече, гледајте у маркети и банки шо се дешава, таму барајте чаре да решите проблем а не у шума.
Ако не се лажам, движење во шума секоја година е забрането во некој период заради пожари. Ова ќе да не е ради короната
И летен период, не у средина на април.
Шумски пожари веќе започнаа, затоа е забраната за движење во шума. Нема врска со короната.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom