Serie A 2019/2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Splendora
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не велам дека немало местење или дека ги наместиле Јуве, ама Јуве и Милан во 2005/2006 имаа за класа појак тим од Интер и убеден сум дa не беше Калчополи Интер се уште немаше да освои титула, ниту па триплете во 2010. Факт е дека Интер е единствениот тим што му одговараше Калчополи, бидејќи беше единствениот поштеден тим(колку биле тие чисти тоа не можеме да знаеме) плус титулата во 2006, а не беа ниту конкуренти за титула таа сезона.

Не сум фан ниту на еден од трите клуба, ама пратев Серија А тие години и факт е дека Јуве и Милан беа далеку подобри од Интер, до пред Калчополи не можеа едно дерби да добијат, а камоли па нешто повеќе.

Пак ќе повторам не велам дека биле чисти или дека ги наместиле Јувентус со Калчополи, ама е малце симптоматично тоа што од 20 екипи Јувентус испадна најголемиот местач, додека само Интер испадна чист од сите конкуренти. Им дадоа титула за 2006 сезона, а 2007 сезона нивните конкуренти почнаа со минус поени и им се отвори патот за доминација во лигата. Ептен сомнително во секој случај.
Тим со најдобар состав во тој момент како што си напишал немало потреба да си дозволи да мести судии за утакмици. Самиот квалитетен состав ќе бил доволен за да освојат ама ете не бил доволен според нив па ја преминале црвената линија. Затоа не можеш да дојдеш до мислење дека Интер земал судии во судница да им пресудат на клубот кој важи за најодвратен во Италија.
 
Калуѓерки тие напатени.
Местел Јувентус, местел Милан, местеле сите други, само калуѓерките излегувале со задникот на терен каде што се мереле другите работи.
Бидете мажи, бидете луѓе и кажете да, Интер се повика на застареност на случајот. Се освен тоа е себезалажување и повеќе никој не може да ви помогне.
Не дека и вака нам ни е лошо, си играме мајтап везден.

Sent from my Redmi
 
Како тоа „му одговараше калчополи“?

Калчополи не е за да му одговара или да не му одговара некому, калчополи е последица на местење резултати, не знам како поинаку да ти објаснам. Ако си местел ќе наебеш, ако не си местел ќе имаш корист, како што си имал штета додека се местело.

Интер не беше дел од тој систем, да беше лесно ќе излезеше на виделина со толку луѓе под истрага, посебно судиите. Само со бујна фантазија може да го сместиш Интер во тој круг, едноставно Морати не беше таков тип на човек, да беше некој друг во тоа време и ние ќе бевме дел од баграта. Би било сулудо човек што местел да оди на суд да брка местачи, па да му се врати како бумеранг. Си беше чист човекот и си излезе на суд.

И пак тој аргумент: сте биле послаби. Тоа оправдува судиски кражби? Еве и годинава се најсилни Јувентус, никој не им го спори тоа, ама си лапнаа 7-8 бода на почетокот кога беа во криза и сега се два бода пред Лацио. Вика некој дека Лацио е најсилен во лигава? Не. Дали може да освои? Да.

Размислете малку да му се невиди. Лесно им е на јувенташиве да се циници, си лапаат поклони, си победуваат и кажуваат приказни за тоа колку биле јаки, а секогаш кога се во криза имаат обилна, очигледна помош.
Се согласувам дека тоа што имаат најдобар тим не треба да е оправдување за местење натпревари како и добивање судиска помош. Не ни ми беше намерата тоа, ама па не треба ниту да се игнорира тоа. Ко сега пример да излезе нов скандал со местење натпревари и после тоа навивачите на Милан да велат дека поради местачите немале успеси со години, а не поради тоа што имаат катастофална трансфер политика во последниве години. Не дека Интер беа до толку отепани во тоа време, ама ми ја сфаќаш поентата.

Мене Јувентус ми се антипатични со судиските поклони, ама ниту Интер не ми се нешто посимпатични со истите муабетите за мафијата, како само Јувентус да е крив што Интер нема успеси во изминативе години. Еве чист пример со дербито од пред еден месец (ко пред една година да беше ебате короната), пишувавте секакви теории на заговор, мафии и сл, за на крај сепак да се одигра дербито пред празни трибини и Јуве да тепаат полесно од очекувањето. Е баш поради тоа губите симпатии од неутрални навивачи. :)

Лично сакав да е шампион било кој тим освен Јувентус, ама сезоната секако отиде во неповрат поради пандемијава, така да џабе ќе дискутираме во продолжение. Еве Интер во последно време направи доста добри трансфери, па можеби за некое време повторно ќе бидат на врвот.
 
Никаде не реков дека Јуве биле чисти. Само дека ми е сомнително тоа што во мафијашка земја и мафијашка лига единствентвениот чист тим е баш единствениот тим што му одговараше Калчополи, а тоа е Интер. Толку, ништо повеќе, а дека Јувентус и Милан имаа подобар тим од Интер во тоа време тоа и вие самите го знаете.

П.С Во тоа време според мене најсилен тим имаше Милан и тоа не само во Италија, туку и во Европа. Уште ми е чудно како ја изгуби титулата во Истамбул.

П.П.С Мислењето што си ми го цитирал ми беше површно и баш поради тоа го избришав.

Најака мистерија ми е тој тим на Милан..сите ги величат како да беа богој а всушност во периодот кога беа во peak-ot две сезони освоија 0 титули(2004-2005,2005-2006)..една Сериа А (2003-2004) и една ЛШ(2007)..ништо посебно...Интер на Мурињо освои повеќе,Барселона и Реал Мадрид да не прајме муабет.

Се разбира дека беа играчишта ама реално многу малце освоија за да се креваат до небо.
 
Па на Милан у последните 20 години не му е баш полна витрината со трофеи, едино ги вадат двете ЛШ 2003 и 2007. Ако не се лажам само две Скудета имаат, тоа со Ибра и ова ти што го спомна, за купови ме мрзи да проверувам ама мислам немаат поише од 2-3.
 
За ова...

ChtEdPMWEAEMhg-.jpg

Кое е мачево?..и она Диела страшна е,како цртана ама оваа ме разнежнив кога ја видов...ајде име презиме :D
 
Најака мистерија ми е тој тим на Милан..сите ги величат како да беа богој а всушност во периодот кога беа во peak-ot две сезони освоија 0 титули(2004-2005,2005-2006)..една Сериа А (2003-2004) и една ЛШ(2007)..ништо посебно...Интер на Мурињо освои повеќе,Барселона и Реал Мадрид да не прајме муабет.

Се разбира дека беа играчишта ама реално многу малце освоија за да се креваат до небо.
Гром тим имаа Милан тогаш голман Дида, десен бек Кафу, лев бек Малдини, централни Стам и Неста, средина Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, напад Шевченко, Инзаги, Креспо, Томасон, тренер Анчелоти. Не освоија ниту една титула таа сезона, а имаа квалитет за триплете. Лигата ја изгубија тесно од Јувентус, а во ЛШ уште не ми е јасно како испуштија 3:0 на полувреме.

Може нема да бидат запаметени како Барса на Пеп, Баерн на Јуп или Реал на Зидан, ама во секој случај ќе останат како еден од најсилните тимови којшто не го искористиле својот потенцијал.
 
Најака мистерија ми е тој тим на Милан..сите ги величат како да беа богој а всушност во периодот кога беа во peak-ot две сезони освоија 0 титули(2004-2005,2005-2006)..една Сериа А (2003-2004) и една ЛШ(2007)..ништо посебно...Интер на Мурињо освои повеќе,Барселона и Реал Мадрид да не прајме муабет.

Се разбира дека беа играчишта ама реално многу малце освоија за да се креваат до небо.
EBvlRoVU0AELj1x.jpg
 
Не ни ми беше намерата тоа, ама па не треба ниту да се игнорира тоа.
Тотално треба да се игнорира.

Мене Јувентус ми се антипатични со судиските поклони, ама ниту Интер не ми се нешто посимпатични со истите муабетите за мафијата
Не знам како се овие две работи воопшто споредливи. Антипатичен ми е убиецот ама и жртвите многу јадат гомна :pos:

Еве чист пример со дербито од пред еден месец (ко пред една година да беше ебате короната), пишувавте секакви теории на заговор, мафии и сл, за на крај сепак да се одигра дербито пред празни трибини и Јуве да тепаат полесно од очекувањето.
За што тие е ова чист пример? Пишувавме за поклоните што ги добиваа кога беа во криза. Каква врска има воопшто ако сме изгубиле лесно и ако сме послаби, со тоа што тие ја наполниле торбата? Еве Лацио ги растури и што сега? Лигата ја освојува тој што ќе собере најмногу бодови. Под услов сезонава да заврши некако, Лацио ќе биде оштетен, не ние. Ние бевме директно оштетени кога завршувавме втори зад нив. Бевме и пред две години кога Орсато направи пиздарија и за малку немаше да играме ЛШ, за да им се помогне во трката со Наполи. Орсато и цела негова фамилија се die-hard фанови на јуве, со шалови, со слики, со се. Тоа ти е Серие А.

Е баш поради тоа губите симпатии од неутрални навивачи.
Еве ќе молчиме и ќе трпиме за да ви се допаѓаме повеќе.

Туку ова фалењево со Интертото купот е тоа што го викаат „подрумот на дното“? :pos:
 
Тотално треба да се игнорира.

Не знам како се овие две работи воопшто споредливи. Антипатичен ми е убиецот ама и жртвите многу јадат гомна :pos:

За што тие е ова чист пример? Пишувавме за поклоните што ги добиваа кога беа во криза.
Каква врска има воопшто ако сме изгубиле лесно и ако сме послаби, со тоа што тие ја наполниле торбата? Еве Лацио ги растури и што сега? Лигата ја освојува тој што ќе собере најмногу бодови. Под услов сезонава да заврши некако, Лацио ќе биде оштетен, не ние. Ние бевме директно оштетени кога завршувавме втори зад нив. Бевме и пред две години кога Орсато направи пиздарија и за малку немаше да играме ЛШ, за да им се помогне во трката со Наполи. Орсато и цела негова фамилија се die-hard фанови на јуве, со шалови, со слики, со се. Тоа ти е Серие А.

Еве ќе молчиме и ќе трпиме за да ви се допаѓаме повеќе.

Туку ова фалењево со Интертото купот е тоа што го викаат „подрумот на дното“? :pos:
Прв болд, Јувентус местеше, ама си плати за гревовите. Им требаа години додека се вратат на сцена, ама успеаа, со години градеа тим и стигнаа до доминација во лигата. Од друга страна Интер пак од триплете до тотален крах. Вие сакате да не убедите дека тоа што Интер нема освоено еден куп во претходната декада дека Јувентус вие е крив. Јувентус ви е крив за ужасното менаџирање на клубот? За Бенитез, Гасперини, Мацари, разни пациенти ко Џонатан, Кандерава и слично? Кога и да ја отворам темава секогаш истите муабети ги вртите за "мафијата", човек би помислил дека сте губеле титула за влакно, а реалноста е тотално поинаква. Калчополи беше пред 15 години, а вие се уште се повикувате на тоа како оправдување за неуспесите на Интер во сегашноста, глумите жртви за нешто што е ancient history. Ко црнцине во Америка. :)

Не, не мислев на муабетот за судиските поклони, туку за муабетот кога се појави опција за можно одложување на дербито поради ситуацијата со коронавирусот. Тогаш вие на големо пишувавте теории на заговор како мафијата намерно го одложува дербито, како намерно не дозволувале да се одигра пред празни трибини, како намерно ви го одложувале за во мај да имате потежок распосед и тн. За на крај натпреварот да се одигра онака како што првично сакавте и Јувентус да го добие дербито лаганица. Е на тоа мислев со губењето на симпатии од неутрални навивачи.

И јас сакам Лацио да освои, играат одличен фудбал, а во меѓусебните дуели ги растурија и Интер и Јувентус, ама песимист сум дека ќе се продолжи сезонава поради пандемијава.
 
Вие сакате да не убедите дека тоа што Интер нема освоено еден куп во претходната декада дека Јувентус вие е крив.
Кој рекол дека во предходната декада Јувентус ни е крив што не сме освоиле? Најди еден.

Во предходната декада не освоивме од објективни причини. Не е тоа лошо менаџирање туку беспарица, се правеа промени, се продаваше клубот, бевме под ФФП договор итн. Паднавме 10 скалила подолу од 2010 и еве сега се враќаме нагоре, од година во година се подобрува ситуацијата. Сега коронава удри и којзнае што ќе се случува со клубовите и каква финансиска реалност ќе биде по ова, ама тоа е друга приказна.

Не ни е крив Јувентус, тие си добиваа поклони, еднаш и на наш грб го осетивме кога се бркаа со Наполи, еднаш Милан ги осети убаво со Гол Ди Мунтари и така, тоа им се тие ѕвездени моменти во лигата.
Тогаш вие на големо пишувавте теории на заговор како мафијата намерно го одложува дербито, како намерно не дозволувале да се одигра пред празни трибини, како намерно ви го одложувале за во мај да имате потежок распосед и тн. За на крај натпреварот да се одигра онака како што првично сакавте и Јувентус да го добие дербито лаганица. Е на тоа мислев со губењето на симпатии од неутрални навивачи.
Пак за ова, не знак кој пишал дека намерно одложиле за да на Интер му биде потежок распоредот. Одлагањето нема врска со Интер, имаше врска со желбата на Ањели да игра пред полни трибини во време на корона и да не им враќа пари од карти на навивачите. Со други зборови, профит. Интер поради тоа имаше невозможен распоред за играње, затоа што мораа да му удоволат на еден моќник. Комплетно апсурдна и луда ситуација, и нормално дека пишувавме за тоа.

И пак, тоа што го добиле лаганица нема никаква врска со ништо, никој не се расправаше за резултатот, јас прв пишав недела две пред дербито дека полни трибини празни трибини исто е во однос на резултат, ништо нема да смени. Се расправавме затоа што беше сулудо да се игра пред публика и дека имаме невозможен распоред за играње.
 
Прв болд, Јувентус местеше, ама си плати за гревовите. Им требаа години додека се вратат на сцена, ама успеаа, со години градеа тим и стигнаа до доминација во лигата. Од друга страна Интер пак од триплете до тотален крах. Вие сакате да не убедите дека тоа што Интер нема освоено еден куп во претходната декада дека Јувентус вие е крив. Јувентус ви е крив за ужасното менаџирање на клубот? За Бенитез, Гасперини, Мацари, разни пациенти ко Џонатан, Кандерава и слично? Кога и да ја отворам темава секогаш истите муабети ги вртите за "мафијата", човек би помислил дека сте губеле титула за влакно, а реалноста е тотално поинаква. Калчополи беше пред 15 години, а вие се уште се повикувате на тоа како оправдување за неуспесите на Интер во сегашноста, глумите жртви за нешто што е ancient history. Ко црнцине во Америка. :)

Не, не мислев на муабетот за судиските поклони, туку за муабетот кога се појави опција за можно одложување на дербито поради ситуацијата со коронавирусот. Тогаш вие на големо пишувавте теории на заговор како мафијата намерно го одложува дербито, како намерно не дозволувале да се одигра пред празни трибини, како намерно ви го одложувале за во мај да имате потежок распосед и тн. За на крај натпреварот да се одигра онака како што првично сакавте и Јувентус да го добие дербито лаганица. Е на тоа мислев со губењето на симпатии од неутрални навивачи.

И јас сакам Лацио да освои, играат одличен фудбал, а во меѓусебните дуели ги растурија и Интер и Јувентус, ама песимист сум дека ќе се продолжи сезонава поради пандемијава.
Ти бато си ги помешал брзините изгледа. Ај вака ќе ти објаснам поедноставно за да сфатиш у што е целата поента. Муабетот за Калчополи е за периодот до 2005 година, не знам сега од каде ја извади последнава декада и тоа дека Јувентус му е крив на Интер што паднале 10 скалила подоле во однос на 2010 година... Бај д веј, имаме трофеј во прошлата декада, купот 2011 година. :kuracc:

Муабетите за мафија и слично се вртат затоа што има основа за тоа. Пратиш сезонава Серија А? Ако пратиш ќе знаеш на колку мечеви добија очигледна судиска помош при ВАР систем. Плус убаво ти напишал ИО, осетија Милан со гол ди Мунтари што е епска неправда или Наполи пред 2 сезони кога Орсато си играше курташак со свирчето на Меаца.

За ова последното дерби, не си сфатил како што треба. Пази сеа, Јуве играше на гости со Спал, Интер требаше дома со Сампа али ја одложија ради короната. И сеа за Интер-Сампа нема нов датум на играње, ама затоа следната недела кога се одложи Јуве-Интер одма ја акнаа утакмицата таму на крајот на мај, претпоследно коло мислам доаѓаше, помеѓу две ужасно тешки утакмици за Интер, плус непознаница со Лига Европа со оглед на тоа што постојат шанси Интер да отиде таму далеку. И сето ова ради притисокот на Ањели да не се игра пред празни трибини само за да оствари профит и да не враќа пари на навивачите. Е ради ова се буневме сите и беше тотален апсурд, нормално зашо не знаевме дека ќе дојде до ова ниво со коронава и дека се ќе си ебе матер. Врска нема резултатот и јачината на Јувентус во моментот, него логиката на одредени работи како треба да бидат поставени и направени.

Објективно гледано од 2010 навака ниту Јувентус ниту Цацко не му е крив на Интер што дојде на тоа дереџе на кое што дојде, си замина Морати, воведоа ФФП, Интер не работеше рентабилно тој период и бродот почна да тоне. Не купи Тохир мртвиот, па кога виде дека ѓаволот ја однел шегата се реши и тој да го продаде клубот. За наша среќа го продаде на Сунинг, една од најмоќните фамилии во Кина и ете за доста кратко време, нецели 4 години, успеаа клубот да го кренат на доста високо ниво, да остваруваат рекордни приходи, да имаат огромен буст на социјалните мрежи, да изградат нов тренинг центар, да договорат градење на нов стадион, да донесат класа тренер и конечно да не зависат од тоа мртво ФФП (договорот според кој Интер имаше одредени ограничувања заврши на почетокот на сезонава). Од друга страна Јувентус во пост Калчополи ерата имаше 5-6 години стагнација и мачење, од кои едната нели мораа во Серија Б да играат и да влезат пак во Серија А, но во меѓувреме изградија сопствен стадион, поставија добра основа за во иднина и од 2012 натака почнаа да добиваат резултати. Имаа среќа и мадиња да постават млад тренер ко Конте и тоа им се покажа ко добитно комбо и тоа е тоа. Никој никад не рекол дека Јувентус е крив што Интер не може 9 години да се вмеша во борба за титула.
 
па кога виде дека ѓаволот ја однел шегата

Стефан - Тетка Зоре
Стефан - Маре по Биологија
Стефан - Магде од продавница
Стефан - Ацо жабарот од видеотека Старс
Стефан - Колозов
Стефан - Викса и Докторот
Стефан - Велит
 
Стефан - Тетка Зоре
Стефан - Маре по Биологија
Стефан - Магде од продавница
Стефан - Ацо жабарот од видеотека Старс
Стефан - Колозов
Стефан - Викса и Докторот
Стефан - Велит
Стек Колозов ќе ја доловеше целата поента на заебанцијата матер ти ебам некреативна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom