Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто слично нели беше и со пациентот 0 во Италија, после испадна дека не бил пациент 0 туку го тестирале случајно.

Гастербајтериве наши ќе излезат дупло криви, ко си беа за Нова Година дојдени го собраа од тука и му го однесоа во Европа, сега пак ни го враќаат назад.
 
Дечки слабо ја читам во последно темата а и со вестите не сум баш во тек, сакам да прашам, се знае нешто кога ќе го пуштаа аеродромот во употреба, имаат нешто на прес за тоа спомнато или рано е сеуште за таа мерка.
 
Бројките од Шведска и после 4 недели сеуште се подобри од многу други земји кои комплетно се затвориле. Аномалија?

бројки ко бројки...
ете има сведоштва за швеѓаните каде не те тестираат и да ги имаш сите сиптоми, што значи којзнае колкава е реалната бројка и таму


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Паралелно да се ловат луѓето што уште мислат и тврдат дека ова е теорија на заговор, местено, и слично за да ни наштетат на нас македонскиот народ, и да се сместат во соодветни установи. Исто и оние што се против полицискиот час од 16ч со изговор демек "abe bratmi demek ne moze denski da se zarazam u banka hhhh" ГЛУПИ ЛУЃЕ!!!! Ако е така не треба да постојат никакви забрани за ништо, пошо секогаш ќе има за и против зошто не би или би функционирала забраната. Некои седнале, се договориле да постават правила и закони, кои треба да се почитуваат за доброто на сите. Дали е за полициски час, за забрана за алкохол на малолетници, за прекумерна брзина, или било што друго, постојат факти и информации врз чија основа се поставени тие забрани, од тим стручњаци, а не од Петко и Станко, што мислат дека короната е намештаљка и дека 5Г зрачењето ќе не убие сите за некој месец.

Полициски час споредуваш со забрана за алкохол за малолетници? Мери температура брзо !!!
Мерките на мудрите водачи ќе направат далеку поголемо зло на tvojot narot отколку вирусот.
 
Полициски час споредуваш со забрана за алкохол за малолетници? Мери температура брзо !!!
Мерките на мудрите водачи ќе направат далеку поголемо зло на tvojot narot отколку вирусот.
Ајде еве ти што би направил?
 

На прашањето на водителката „Како да се справат постарите лица кои се сами и исклучени од семејството, вдовици, вдовци со ситуацијава“?
Верувале или не, пластикава
1586546704970.png

одговори „исто така многу важно е да знаат дека постојат онлајн форуми каде може да се приклучат и да разговараат на секакви теми“

Нештата ми станаа појасни.

А бе чекај малку, со оглед на тоа што оваа чита многу од листот... ме потсетува на некоја?
Хмм.
 

На прашањето на водителката „Како да се справат постарите лица кои се сами и исклучени од семејството, вдовици, вдовци со ситуацијава“?
Верувале или не, пластикава
Прегледај го приврзокот 244242

одговори „исто така многу важно е да знаат дека постојат онлајн форуми каде може да се приклучат и да разговараат на секакви теми“

Нештата ми станаа појасни.

А бе чекај малку, со оглед на тоа што оваа чита многу од листот... ме потсетува на некоја?
Хмм.
 
Паралелно да се ловат луѓето што уште мислат и тврдат дека ова е теорија на заговор, местено, и слично за да ни наштетат на нас македонскиот народ, и да се сместат во соодветни установи. Исто и оние што се против полицискиот час од 16ч со изговор демек "abe bratmi demek ne moze denski da se zarazam u banka hhhh" ГЛУПИ ЛУЃЕ!!!! Ако е така не треба да постојат никакви забрани за ништо, пошо секогаш ќе има за и против зошто не би или би функционирала забраната. Некои седнале, се договориле да постават правила и закони, кои треба да се почитуваат за доброто на сите. Дали е за полициски час, за забрана за алкохол на малолетници, за прекумерна брзина, или било што друго, постојат факти и информации врз чија основа се поставени тие забрани, од тим стручњаци, а не од Петко и Станко, што мислат дека короната е намештаљка и дека 5Г зрачењето ќе не убие сите за некој месец.

Да не се сомнева човек во целава ситуација е исто мн лошо. Не ме сфаќај погрешно препораките треба да се почитуваат но човек мора малку разумно да размислува и донеси заклучок врз база на сите информациите кои ни се достапни(вклучувајќи ги информациите од различни медиуми а не само од bbc, cnn итн) Кои очигледно се фокусирани само на сеење страв. И да не зборам за информации од типот на теории на заговор кои се надвор од паметот. Повеќе пати постирав доста интересни видеа, значи скроз леџит видеа но игнорантноста на форумов за жал е до небо.... Би сакал секој да го ислуша што има да кажи докторов.
Накратко, значи не се работи за теории на заговор ниту пак го негира постоењето на вирусот. Поздрав
 
бројки ко бројки...
ете има сведоштва за швеѓаните каде не те тестираат и да ги имаш сите сиптоми, што значи којзнае колкава е реалната бројка и таму


Sent from my iPhone using Tapatalk
во секој случај нема како во УСА копање масовна гробница ( видлива од сателит)
 
Мојот другар пред 4 месеци ги имаше сите овие симтоми, буквално сите.
 
Ај вака, да прашам:

- Колку ве има што во јануари/февруари прележавте "грип" со симптоми на Covid--19?

- Дали ако се тестира за антитела по 2-3 месеци ќе биде тестот позитивен и ако е така..

- Дали плазмата од потенцијално големиот број на (тивко) оздравени може да се користи за лекување?
 
Таквите кои прележаа грип почеток февруари не има многу и кои не се пријавени кај матичниот лекар, така да бројката 17 000 плус може да е поголема. Јас бев еден од нив а не памтам такви изразени симптоми, настинка као настинка ќе ја прележиш, меѓутоа оваа настинка се одвиваше низ две фази и беше далеку поразлична и во потешка форма. Прва недела утепан си, пиеш фервекс тајлол хот не делува, после три дена таман си реков ми помина за да после два дена се враќа уште поболно. Едвај ја откачив после две недели.
 
Исто и јас делуваше послабо почнав со тајлол хот и таман викам замина ме улегна здраво во кревет 2/3 дена.Пропратено со многу кашлање но на преглед кај матичната ми кажа дека нема ништо на дробовите како бронхитис или пневмонија..
 
Исто и јас крајот на Јануари имав слични симптоми, неколку денови чуствував омалаксаност, висока телесна температура која не се симнуваше со парацетамол( од 38 до 39,5), дури и 2 пати бев на инфективно и со инфузии температурата беше обарана. Тие денови имав некоја блага болка во градите, не сум пушач, едноставно ги осеќав белите дробови при издишување и вдишување неколку недели после тоа.
 
Стварно мислите дека Јануари-Февруари имаше заразено со ковид-19 во Македонија? Па не би рекол бројките сега немаше да бидат 700 заразени ќе беа многу многу поголеми. Бидејки 1 дете/човек по школите, кафичите, кладилниците, кафаните и работно ќе рашираше и сега немаше сигурно да бидат 700 заразени. Мислам дека сите овде сме поминале само грип. И јас имав темперетура ама тоа само 1 ден и ми помина и тоа се заразив од моите роднини што кај нив 4члено семејство сите ги држеше повеќе од 1 недела. Така да сигурно било грип само секој организам е различен некој потешко некој полесно се изборува. Некој има појак имунитет некој послаб плус зависат и годините, физичката активност, исхраната...
Е сега стварно чудно за жената што била позитивна а пред 3 месеци умрена ама па ако она била позитивна како не испадна и нејзиниот син. Ова зборувам за Јан-Февруари е веќе Март може некој и стварно дома да си го поминал :D

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom