Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го објави Светската банка во својот извештај.
tocka.com.mk
Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го објави Светската банка во својот извештај. Оваа прогноза претпоставува дека пандемијата со коронавирусот ќе се смири до јуни. Но, доколку трае цела година, тогаш Светска банка проценува дека падот на бруто-домашниот производ годинава ќе надмине -2%.
Споредено со земјите од регионот, прогнозата за македонската економија е најоптимистичка. Првото сценарио кое засега го зема предвид Светската банка, превдиува пад на економијата од дури -6,2%, Бугарија -3,7%, Босна и Херцеговина -1,9%, Косово -1,6%, Црна Гора -1,5%, Албанија -1,3%, Србија -0,5%.
Првичната прогноза на Светската банка за македонската економија пред да се појави пандемијата со коронавирусот беше раст од 3,2%.