Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Шпанија два пати во денот изнесува резултати. Рачунај до вечер ќе станат 5-6к. Плус вчера сите беа во опаѓање, најверојатно зошто недела, и прошлата недела беше така.
Но како и да е се гледа опаѓање барем во Италија и благо во Шпанија. Во другиве еу држави еве пак рипна денес.
Од сабајле стои истата бројка, ај баш ќе пратам.
 
Ќе може ли да се отиде до супермаркет или аптека за време на викенд кога ќе биде 24 часа полициски час?

До аптека да, маркети и ресторани/продавници за храна, само со достава.
 
Може сум касиер во маркет. Досадата можеш и дома да ја победиш, ако знаеш како.

Ако си касиер наплати им на луѓето и не суди кој што купува. Уште полошо ако си касиер и ова го правиш.
 
Не сум детално запознаен со тој случај освен од филмот и по кажувања на стариве, дали биле суспендирани трите столба на власт и одлуки носеле новоформирани тела. Никогаш не сум негирал дека Југославија била диктатура, тоа е сепак факт. Како и да е, не може да се спореди таква смртоносна фурија како Вариола Вера со овој вирус каде нема ниту јасна клиничка слика и некои го прележале без да знаат дека се заразени, мислам шта речи?

Едно е сигурно, неспоредливо повеќе луѓе ќе умрат од последица на одлуките на кое и да е тело сега, како што напомена еден член погоре све е на стенд бај ради вирусов по болници и клиники па луѓе умираат чекајќи операции, третмани, недоаѓање на брза помош и што све не, и секако од економските последици кои ќе бидат многу полоши отколку тие во развиените земји. Нема да не вади нас ни ФЕД нит ЕЦБ, не сме во тоа друштво.
Да повторам, досега со сериозно непрецизен тест се споменува цифра на заразени која одговара на 1/4 од еден промил на население. Let those numbers sink in :)

Друго, бидејќи има излечени лица со стекнат делумен или целосен имунитет, зошто сеуште нема вакцина, ете имаме лешеви на вирусот или негова ослабена форма што е основа на методот за вакцинација, што е проблемот со вакцината веќе скоро пола година, ова се основи на медицина, нешто сериозно не е во ред.

Кореецот кажа дека вакцина за ваква болест се потребни 10-15 години и 800 милјарди долари.

Ако има голема колаборација и имаме среќа може ќе имаме за 18 месеци.

Но, и да имаме за 18 месеци не може да се произведи во доволни количина и младите најверојатно во догледно време нема да се вакцинираат.
 
Кореецот кажа дека вакцина за ваква болест се потребни 10-15 години и 800 милјарди долари.

Ако има голема колаборација и имаме среќа може ќе имаме за 18 месеци.

Но, и да имаме за 18 месеци не може да се произведи во доволни количина и младите најверојатно во догледно време нема да се вакцинираат.

Тоа е проблемот, тоа се паушални и неодговорни тврдења на некои ликови, веќе имаме материјал од вирусот погоден за вакцинација пошто има оздравени, од каде сега излегоа 15 (!?) години, па и тие 18 месеци?
Би замолил ако може некој медицински поедуциран да објасни, ова мене ми е несфатливо, се знае што е вакцинација, веќе имаат и мртов и вирус во ослабена форма, што треба уште за да започне да се прави вакцина со мртов вирус па да се види дали делува, потоа со ослабена форма на истиот, што се овие цифри по 10-15 години?!
 
Би замолил ако може некој медицински поедуциран да објасни, ова мене ми е несфатливо, се знае што е вакцинација, веќе имаат и мртов и вирус во ослабена форма, што треба уште за да започне да се прави вакцина со мртов вирус па да се види дали делува, потоа со ослабена форма на истиот, што се овие цифри по 10-15 години?!
и од хив имаш и ослабена форма и мртви ама нема вакцина
 
Друго, бидејќи има излечени лица со стекнат делумен или целосен имунитет, зошто сеуште нема вакцина, ете имаме лешеви на вирусот или негова ослабена форма што е основа на методот за вакцинација, што е проблемот со вакцината веќе скоро пола година, ова се основи на медицина, нешто сериозно не е во ред.
Претпотавувам не си медицинско лице, и јас не сум... Една од причините што имаме проблем со варењето на работите е дека се правиме експерти во све... Не сметам дека си толку неразумен за да го препишеш непронаоѓањето на вакцината на некакви рептили... Можда толкави се капацитетите на цивилизацијата.. Можеби цивилизацијата воопшто е во регрес наспрема начинот на кој што се справила Југославија, со многу пострашна болест.. Бројките што ги изнесуваш, се бројки добиени од хаотично многу информации кои вртат по нетов, после многу известувања и демантирања дури и на светски реномирани новински куќи... Така да не знаеш што е вистина за вирусов што е не е.. Самите доктори неможат да се договорат околу вирусов, па излегуваат еден куп теории на заговор, подметнати информации, глупости...

Така да, мојата одлука е иако дури и не ја признавам власта во Македонија (не само оваа, туку секоја после 2001), ставам мораториум на тие ставови во оној момент кога ќе дојдат вакви моменти (воена состојба, кризна ситуација и сл.) и ќе бидам старомоден, како типичен Југословен, ќе ги следам инструкциите што ги дава државата, па макар биле и погрешни... Понекогаш е добро државата да реагира на време па макар и параноично и погрешно, одколку да не реагира воопшто...

А пак ќе кажам, избрзани чекори во вакви ситуација е нормално да има, и тие на власта се луѓе, кои немаат искуство со ваква ситуација, и кои ни на сон не мислеле дека вакво нешто може да се деси во 21 век.

А што се тиче економија, ќе плачат западниве, што се аздисани и што им е зинат газот, кај нас тие што ќе плачат се малцинство, пошто обичниот народ е и така за жалење, па нема ни да осети криза ...
 
мислам дека БСЖ вакцина сите бебиња ја примаат, едино ако е некој период да ја НЕМА... галамата за аутизамот мислам дека беше за вакцината за Морбили... но и покрај се, остана само Градинките да барат документ за вакцинација, а за училиштата си остана кому иде, кој сака, правен проблем било :confused: ...
Инаку имам лично примано како возрасен, пред 20 години БСЖ вакцина, имунолог ми препиша, 2 сезони, но втората, зима 2000, остана само на манту проба, имаше тогаш едно бебенце што почина и се стопира таа серија, а имунологот отиде во пензија...само од манту пробата од таа серија2000, едно 2 години имав проблеми, повремено и 35температура ( со електронски топломер), а нокт на рака 5-6 години му требаше да се регенерира...
Значи за евентуална апликација на БСЖ вакцина на возрасни треба да имаме и способни доктори, дијагностичари со широки познавања, а не како сега само да работаат по шеми, како на квиз да се, исто и сега со алгоритамот....
БСЖ вакцината е голема тема и овде, заштото бугарската популациjа от 1951 година се вакцинира без запиране и секи граганин се вакцинира 3 пати во животот - во родилен дом, на 7 години и на 11 години. Многу луге прашаха дали сега може да се вакцинират лугето наново на 30-50-80 години. Категорично не! Опасно е принципно, а сега во време на пандемиja е абсурд.
БСЖ се става докато вашиот имунен систем е млад, не е обучен не се сретнал со многу болести. Возрастните луге имат преживено многу повеке болести и изграден поголем имунитет. Затоа имунизиране на возрастен човек со БСЖ е опасно и мора да се прецени дали бенефитите са поголеми от сериозните ризици.
 
Ќе може ли да се отиде до супермаркет или аптека за време на викенд кога ќе биде 24 часа полициски час?
за време на полициски час не работат маркети, само може фабрики ама со аусвајси...
 
Логично е да има повеќе смртни случаи на респиратор затоа што е крајна инстанца, објаснија неколку доктори што пишаа на темава. Ова е како некој да праша, аман, толку ли луѓе умираат при ресуситација со дефибрилатор? :D

Kaj mene do Sega bea 5-mina na ventilator, deneska e staven uste eden. Site preziveaa i se vo stabilna sostojba (govoram I za pacienti so nad 70 god). Od iskustvoto na italjanite (koi gi stavaa na ventilator mnogu pokasno) kaj nas kaj pacient so nezadovolitelna saturacija na 40 % venti maska ne se cenka tuku direktno se stava na ventilator. Zasega ovaa malku poagresivna praksa se pokazuva kako podobra I so podobar rezultat. Mnogu e cudno sto vaka mladi umiraat( 60 godisna, 31,40 i.t.n) se perspektivni luge, ocekuvano e stari so 70+ ama vaka mladi? Ne znam...
 
Не се замарајте со официјалниве статистики во банана држави од Балканов.
Одамна повторуваат дека официјална статистика можеш да глеаш само у Америка, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Русија, Кина, Турција, Ј. Кореја, Јапонија и тоа е. Држави во кои се спроведуваат по преку 5-10 илјади тестови дневно. Таа официјална статистика множи ја со 6-7 ќе ја добиеш реалноста.
Во сиромашниве држави "официјално" постојано ќе се намалува бројот, се помалце ќе се тестираат. Имам другар, мајка му позитивна, заедно живеат, него не го ни тестираа. Две недели карантин и пак на работа е, не го тестираа ни на почеток ни на крај на карантинот.

Почитувајте мерките, зошто нема уште долго да траат, или ќе ги укинат за 3,4 недели или ќе неаме ни за леб. Не се опуштајте дека денес биле 15, толку се зашто се напраени 50 тестови. Секој светски политичар напомена дека ќе мора или вакцина или колективен имунитет (ваљда свесни сте дека кај нас вакцина ни за година дена нема да стигне), помирете се дека секој втор од нас ќе мора ова да го одлежи и тоа е.
Тоа е немскиот систем, ако един во фамилиja е тестиран и е положителен, сите дома се третират како положителни и не се тестират. Тоа реално е воена техника во вакви случаеви на пандемиja. Во еден момент ако пандемиjaва продолжи нема да има можност за тестиране на милиони луге. Ке се премине на диагностика по симптоми.
 
Последно уредено:
Само јас ли мислам дека доколку до сега ги почитувавте сите мерки, не треба ништо да ви смени ова?
И не, почитување на мерките не е пет пати да излезеш во текот на денот, до парк, до банка, до маркет, круг околу населба.
Не мислиш само ти.
4та недела како работам од дома, 3 пати бев до маркет, ништо повеќе од тоа. Мене ништо не ми менува, ќе се прилагодиме, само треба секој што ќе отиде за 2 кутии цигари или 100гр кафе цената x10 да му се наплати. Исто и за купување на повеќе од 2-3 продукти од ист вид.
 
Преди 10 минути, министара за здравство во Бугариja издаде заповед за забрана за влез на сите луге што идат от Шпаниja, Италиja, Франциja, Велика Британиja, Германиja, Нидерландиja, Шваjцариja, Австриja, Белгиja, Исланд, Лихтенштаjн, Луксемберг. Со тоа реално Бугариja херметизира границата си за држави со многу заразени.
Изклучок се прават само на луге што работат во транспортот на товари,научници, хуманитарни организации, воени.
Дозволува се транзит на државjaни на ЕУ и Македониja, Србиja, Турциja и Црна Гора само за да се приберат дома.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom