Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
ова уште пред недела мислам во Хрватска го лансираа... но и ова може да има проблем, ако се испразни мобилен, снема мрежа, чаре е лисици на нога со посебен предавател, како за кримоси во куќен притвор ...
Ако потрае оваа работа како што кажуваат и 2 години, ќе треба и секој,
( официално незаразен) граѓанин, да добива на мобилен смс, ВО КОЛКУ сат да иде во продавница, аптека, итн... па и шетање може ама не групирање, значи не во исто време и место сите...
Ова функционира во Полска преспрекорно.
 
Еве релевантен стручњак, од земја каде нај успешно се справуваат со Корона, работел и на епидемиите со МЕРС, САРС, Ебола итн.
Не Вело Марковски да го споделувате, да ви објаснува дека овој вирус е од 1965 година само името му е Covid-19 оти е откриен во 2019.

А да резумираше во неколку реченици што сака да каже?


Бдв кој беше филмот со слична содржина ко со коронава и социјалната оддалеченост?
 
Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ истакна дека кај нив се хоспитализирани 74 лица и дека се приближуваат до пополнување на капацитетите. Мобилната болница, додаде, ќе ни помогне во дополнување на потребите од хоспитализација и веќе се во функција тимови од колеги интернисти кои ќе бидат од голема помош и тие од утре почнуваат.

Денеска, како што кажа, се примени нови шест лица од кои еден на жалост почина неколку часа по приемот. Вчера е примено две годишно дете, кое е стабилно.

 
Ја прочита ли веста уопште, пошто рече дека џабе ќе барам? Првата изјава на Филипче:
Механизмот е тој, да после два циклуси на инкубација, практично сметаме дека вирусот не е никаде околу нас. Тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту на површините.

Втората изјава на филипче:
Корона вирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, во моментот се собираат повеќе податоци, се работи на вакцина, а дотогаш ќе биде присутен.

Како е ова исто? Не кажува дека ќе се стекне имунитет по 2 циклуси, туку дека ќе исчезне ( 2 циклуси без заболен). Како може да се стекне имунитет по 2 циклуси воопшто. Ако не сте забораиле, министерот кажа дека очекува пик од 2000 заболени, а не колективен имунитет. И не знам зашто се надевата на вакцината, не е тоа плукни залепи. Зашто нема вакцина за Хив, ебола и тн.
Ок грешно ја протолкував првата изјава, моја грешка. И еве според тебе што е толку скандалозно во тоа што го рекол Филипче за колективниот имунитет, односно одредена форма за истиот? Ти кажав дека кажа и оти очекува 60тина посто од населението во иднина да го прележи овој вирус, како што се очекува и насекаде во светот. Милион пати нагласи Филипче дека ништо од ова не треба да се зема здраво за готово затоа што се претпоставки. Он нигде не потврдил дека со сигурност ќе има точно 2000 заболени во Македонија, него дека очекува бројот да биде тој. Еве што ако очекува он толку ако има се поише фаци како Цаца и Кондратенковци?
 
А да резумираше во неколку реченици што сака да каже?


Бдв кој беше филмот со слична содржина ко со коронава и социјалната оддалеченост?
Contagion
 
Нема потреба да одлучуваш ништо. Само треба да им ја кажеш реалноста на граѓаните, дека мнозинството ќе го фатат вирусот. Се знаеше тоа од моментот коа пукна во Европа. Него како стручно лице сигурно уште појасно му било.

А после тоа нека си спроведува мерки според капацитетот на нашиот здравствен систем.

тој муабет на крајот сите ке се заболиме знаеш до кај ке доведе?
- што ке дремам у карантин кога и онака сите ке се заболиме
-што ке мијам раце, ке корисам заштитни средства кога ке го закачам вирусот
и ете ти го сценариото од Италија...


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Денес во 19:30 обраќање кон нацијата ќе има Кралот на Шведска, за прв пат. Сигурно и он ќе ни каже да миеме раце и да седеме дома, ако имаме можност за тоа. :)

И другото битно. Во 18 часот ќе заседава парламентот со гласање. Прв пат во историјата на Шведска, после Втора светска војна, ќе гласаат за да се смени законот, апсолутна власт да има владата, за да може да одлучува сега со брзи мерки. Затоа што со овој закон кој постои со децении, е оставено секое министерство да менаџира само, нели демократија и избор. :)

Останува да видеме ... И Финска и Данска се предомислуваат и сакаат да повлечат многу од мерките.

Инаку, за разлика од претходните две недели, оваа недела Стокхолм е језив. Кога Гамла Стан, најударното место е празно ... почнаа да се плашат малку повеќе кога сфатија дека нема кревети по болниците.
 
“Of all tyrannies, a tyranny sincerely exercised for the good of its victims may be the most oppressive. It would be better to live under robber barons than under omnipotent moral busybodies. The robber baron's cruelty may sometimes sleep, his cupidity may at some point be satiated; but those who torment us for our own good will torment us without end for they do so with the approval of their own conscience. They may be more likely to go to Heaven yet at the same time likelier to make a Hell of earth. This very kindness stings with intolerable insult. To be "cured" against one's will and cured of states which we may not regard as disease is to be put on a level of those who have not yet reached the age of reason or those who never will; to be classed with infants, imbeciles, and domestic animals.”
 
Ок грешно ја протолкував првата изјава, моја грешка. И еве според тебе што е толку скандалозно во тоа што го рекол Филипче за колективниот имунитет, односно одредена форма за истиот? Ти кажав дека кажа и оти очекува 60тина посто од населението во иднина да го прележи овој вирус, како што се очекува и насекаде во светот. Милион пати нагласи Филипче дека ништо од ова не треба да се зема здраво за готово затоа што се претпоставки. Он нигде не потврдил дека со сигурност ќе има точно 2000 заболени во Македонија, него дека очекува бројот да биде тој. Еве што ако очекува он толку ако има се поише фаци како Цаца и Кондратенковци?
Не реков дека е скандалозно, туку дека го наведе ( не само он) населението на тоа дека вирусот ќе биде сопрен.Негови изјави, не мои. Оди објасни им на луѓето сеа дека сепак треба да го прележат.
Освен тоа, неам ја некакви замерки како ја тера работата. Напротив и би го пофалил. Меѓутоа мора има некој план како ќе се одвива ситауцијата, сепак он е на чело на кризата во државата.
Автоматски споено мислење:

тој муабет на крајот сите ке се заболиме знаеш до кај ке доведе?
- што ке дремам у карантин кога и онака сите ке се заболиме
-што ке мијам раце, ке корисам заштитни средства кога ке го закачам вирусот
и ете ти го сценариото од Италија...


Sent from my iPhone using Tapatalk
А имаш и друг аспект, што ќе ги слушам коа мењаат став на секој 10 дена :)
 
Последно уредено:
Не реков дека е скандалозно, туку дека го наведе ( не само он) населението на тоа дека вирусот ќе биде сопрен.Негови изјави, не мои. Оди објасни им на луѓето сеа дека сепак треба да го прележат.
Освен тоа, неам ја некакви замерки како ја тера работата. Напротив и би го пофалил. Меѓутоа мора има некој план како ќе се одвива ситауцијата, сепак он е на чело на кризата во државата.
Абе брат па планот е тој, карантин, изолација на оние со симптоми и од ризичните региони и секако купување на време за да не експлодира и да ни колабира здравството. Една Словенија искочи недела дена после вирусот и кажа дека немаат капацитет за да се борат со вирусот и молеа за почитување на мерките, што поише да се каже.

Глеј што се случува во земји 383737373 пати подобри од нашата, крахираат, тонат, матер си ебаваат, така да до сеа мислам дека горе доле ок се хендла со ситуацијата.

Точна прогноза никој не може да даде, активно се работи на лекови што ги ублажуваат дејствата на вирусот, како и на изработка на вакцина.

Што повеќе да му се каже на народов? Еве според тебе... Ти им викаш седи дома тие на кур не ставаат никој. Денес после пет дена прв пат искачам од дома, брат ми до банкомат требаше да оди па ај викам друштво да му праам и одиме накај банкоматот глеаме редица чека надвор у 3 саат попладне додека врне пред Тинекс, вртам на страна поглед гледам пред Сити Бургер 20 души чекаат хамбургер да земат. Епа не е до Филипче бе брат, сами ќе си го свариме гравот на крај и ќе го јадеме немиен.
 
Секој ден се пишуваат по 30 страни на темава, и постовите со линкови од стручни лица се во изобилие.
Ако земам да ги гледам сите клипови постирани на темава, по 10 сати дневно че трошам.
А и видеата едно со друго немаат појма. Сите се врни лекари можеби, ама мислењата се спротиставени. И што фајде од гледањето по 20 видеа на ден?
Барем ако постирате видео, напишете 2-3реченици за видеото, прераскажете го на кратко, за да не трошиме време. Ако му се види интересно на некој, го пушта да го гледа и чао.
 
Ком днес во Бугариja - регистрирани заразени вкупно 522 от нив во тежка состоjба са 26, 18 умрени вкупно.
 
Не реков дека е скандалозно, туку дека го наведе ( не само он) населението на тоа дека вирусот ќе биде сопрен.Негови изјави, не мои. Оди објасни им на луѓето сеа дека сепак треба да го прележат.
Освен тоа, неам ја некакви замерки како ја тера работата. Напротив и би го пофалил. Меѓутоа мора има некој план како ќе се одвива ситауцијата, сепак он е на чело на кризата во државата.
Автоматски споено мислење:


А имаш и друг аспект, што ќе ги слушам коа мењаат став на секој 10 дена :)

нека мењаат ако има потреба, подобро така одколку по секоја цена да се држат на кажаното и да има несакани последици по нас
да не се повторувам дека ако се излезеше со став сите ке се разболите што ке беше


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
А да резумираше во неколку реченици што сака да каже?


Бдв кој беше филмот со слична содржина ко со коронава и социјалната оддалеченост?

- примарното заразување е со капки поголеми од 5 микрометри (ова веќе е познато) што излегуваат со кашлање, зборување, и паѓаат на земја од гравитацијата до 2 метри далечина

- секундарно заразување преку аеро честички помали од 5 микрометри кои можат да лебдат во воздухот и да одат подалеку од 2 метри, но ова само во затворени простории

- вирусот на облека останува максимум еден ден, на суви површини до 3 дена, но специфично е за секоја област, така на пример за Кореа со моментална температура меѓу 0 - 7 степени и релативна влажност од 30% може да остане до 7 дена. Во Македонија во моментов имаме 1-10 степени со 70% влажност тоа значи вирусов може да живее многу долго на пластика, метал слично. Од утре ќе почне да се намалува влажноста ама нема да падне под 30% тоа значи слични услови како во Кореа.

- маските помагаат многу во спречување на заразата, како и тоа што го знаеме миењето на рацете. СЗО лажи заради тоа што во Европа и САД не се спремни и немаат маски за медицинскиот пресонал.

- Кореа е исклучително спремна, заради тоа што има претрпено неколку епидемии од кои последната на МЕРС им беше 2015 само пред 5 години

- Како последица од претходните епидемии, заклучок е дека најбитно е брза изработка на тестови, и во Јужна Кореа има неколку приватни компании кои се спремни брзо да изработат тестови и да имаат огромна заработувачка од тоа, така да практично се натпреваруваат која побрзо ќе извади тест.

- Иако тестираат најмногу во светот, сепак тестовите се ограничени само на луѓе кои имаат симптоми, или се во ризична група, другите ако сакаат да се тестираат треба да платат 140$, но ако се покажи тестот позитивен државата му ги враќа парите

- Кореа засега ја контролира ситуацијата и без воведување на големи ограничувачки мерки, и освен што е одложен почетокот на учебната година, се друго е само со препораки. Освен младите до 20 години сите други се придржуваат до препораките максимално.

- 20% од ново заболените во моментов се луѓе кои идат од Европа и САД, заради тоа сите се тестираат на влез во земјата. За тест треба пресечно 6 сати, но заради големиот број на тестирања резултатите стасуваат за 1 ден. Во тоа време сите за влез во земјата се задржани во карантини. Тие што се позитивни во зависност од тоа со какви симптоми се носат или во болница или во државна изолација. Тие што се негативни мора да одат во само изолација од 2 недели и треба да инсталираат апликација преку која се следат и два пати дневно да внесуваат податоци во истата за својата состојба.

- Апликација е битна работа и функционира за намалување на епидемијата.

- Земјите од Европа и САД, ја потецениле епидемијата со својот арогантен и игнорантски однос.

- Вакцина во најдобар случај ќе има за 18 месеци, но и кога ќе биде направена, нема да има за сите, така да младите најверојатно никогаш нема да бидат вакцинирани.

- Специфично за вирусов е дека во ретки случаеви може да те повтори.

- Best case сценарио е дека вирусов ќе се сузбие до Јули - Август, ако има голема колаборација на светско ниво.

- Worst case сценарио е дека ќе се шета од сверна на јужна полутопка и ќе ни се врати назад во декември.
 
Последно уредено:
Еве релевантен стручњак, од земја каде нај успешно се справуваат со Корона, работел и на епидемиите со МЕРС, САРС, Ебола итн.
Не Вело Марковски да го споделувате, да ви објаснува дека овој вирус е од 1965 година само името му е Covid-19 оти е откриен во 2019.

Ова е многу добро видео. Објаснува и за трансмисија, носењето маски и епилогот од епидемијава. Интересно е тоа со вакцината, регуларно за пронаоѓање на вакцина на нов вирус биле потребни 10-15 години. Бест кеј сценарио е 18 месеци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom