Коронавирус (COVID-19)

Член од
12 март 2009
Мислења
20.233
Поени од реакции
16.379
Švedska mijenja taktiku u borbi protiv koronavirusa?
"Nemamo izbora, moramo odmah zatvoriti Stockholm", rekla je agenciji Reuters Ceciula Soderberg-Naucler, profesorica medicinske mikrobiologije na institutu Karolinska.

Ona je jedna od 2300 akademika koji su potpisali otvoreno pismo vladi krajem prošlog mjeseca u kojem se traže strože mjere kako bi se zaštitio zdravstveni sustav.

"Moramo uspostaviti nadzor nad stanjem, ne možemo ići prema situaciji u kojoj ćemo dobiti potpuni kaos. Nitko ne iskušava taj pravac pa zašto ga mi u Švedskoj moramo prvi ispitati bez dogovora na temelju informacija?" rekla je

****

Zabranjena su okupljanja više od 50 ljudi, srednje škole i fakulteti sada rade online, a građanima je rečeno da ne putuju ako nije nužno, što su sve blage mjere u europskom kontekstu.

Javno lice švedske borbe protiv pandemije, donedavno malo poznati javni službenik i epidemiolog, Anders Tegnell sada po publicitetu konkurira premijeru, a on dovodi u pitanje učinkovitost ograničenja kretanja kroz duže razdoblje.

"Važno je imati politiku koja je održiva kroz duže razdoblje, što znači ostati kod kuće ako ste bolesni i to je naša poruka", rekao je Tegnell koji dobiva i prijetnje i poruke podrške za svoje upravljanje krizom.

"Zatvaranje ljude u kuće neće dugoročno biti uspješno", rekao je. "Prije ili kasnije ljudi će ionako izaći."

мене пак не ми е јасно како ќе ги заштитат старските домови со блокада на градот, кога пациентите од старските домови не излегуваат надвор, не се тие како пензионерскиот хотел во Аеродром..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Не е до мерките до народот е.

Гледав слики од хаосот низ маркетите во Куманово и покажува колку народот е научен да си пазарува секој ден, а не за недела или две. Основни потреби се купуваат и еднаш месечно.
Не можат да издржат дома и да не прават редици по маркети. Не верувам дека до толку немаат јадење за два дена, не е два месеци.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Застанале 50 луѓе за влез у аптека. Што ли ќе купи таму за 2 дена, да ми е да знам. Не дека им е кажано дека до мај не смеат од дома да излезат.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.062
Не трчај, едниот бил позитивен на корона со денови. Другиот нема резултати.

И не знам како уште не е јасно дека ако имаш компромитиран имунитет или хронична болест коронава буквално те турка во провалија.
По таа логика нема да постои графа за починати од рак, веќе зборував за тоа, тие секако умираат од секундарни инфекции.
Ако и мозочните и срцевите удари ги ставиме под сомнение за вирусна и бактериска смрт ќе остане графата само за убиства и самоубиства.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Застанале 50 луѓе за влез у аптека. Што ли ќе купи таму за 2 дена, да ми е да знам. Не дека им е кажано дека до мај не смеат од дома да излезат.
Психоза, сега влегуваат у игра пртпоставки дека ќе се затвори на долго, дека ќе нема лекови и храна и ете ти редици и проблеми!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Застанале 50 луѓе за влез у аптека. Што ли ќе купи таму за 2 дена, да ми е да знам. Не дека им е кажано дека до мај не смеат од дома да излезат.
Нешто што во следните два дена ќе му стои неотворено.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Психоза, сега влегуваат у игра пртпоставки дека ќе се затвори на долго, дека ќе нема лекови и храна и ете ти редици и проблеми!
Значи не е до мерките него до човекот е :)
И да затвори на 24/7 следен месец, пак ќе можеш/смееш да одиш до аптека/продавница.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
И мене не ми е јасно што е тоа без кое не се можи 2 дена ? И кој будала пазари од ден за ден, освем ете леб кој можи да се набави во секоја малска продавница.. стварно претеризам ,колони и турканици за што ? За тоа што 2 дена ќе требало да не пазарат леле леле..
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.491
Поени од реакции
87.378
Аааа супер, боље воопшто да нема полициски, да нема рестрикции за да не се ствара ваква паника, шта курац. Рекле дека 2 дена луѓето нема да можат да излезат да купат цигари и млеко, требаше и викендов да пројде со оваа тенденција на ширење. Еве јас дома купувам за недела дена јадење минимум, исто и моите, исто и брат ми со девојка му така да паникава што се створи за да имаат сите 5 леба дома за викендов не е толку многу поради задоцнетата мерка туку поради неодговорноста и лежерноста, да се оди до продавница 4-5 пати у ден, де за цигари, де за лижавче, де за смоки и кафе.

Требаше да реагираат порано што не значи дека и оваа задоцнета реакција не е позитивна.
Не реков дека градот не треба да оди под карантин, туку дека тајмингот за меркава е дно. Еве ти сабајлево си пазарил само за денес, 2 леба, јајца, млеко најосновното колку да го поминеш денот... во 15 часот овие што ти зборувале на телевизија дека нема причина градот да оди под карантин, сега велат 2 дена да не излезеш од дома. Што ќе правиш, ќе излезеш да пазариш за наредните 2 дена ( а рачунај, до 15 часот леб скоро и да нема) или ќе седиш дома онака што биде нека биде?
Истово важи и за оние што се пред аптеките, 3 Април е денес, сега ако не земат лекови на рецепти, кога ќе земат на 10ти? Кога ќе се пополнети сите рокови?

Уште еднаш ќе пишам, многу глуп тајминг за соопштување на одлука, многу...
 
Колку и да е дно е подобро него да не беше воопшто ставен градот во карантин. Како тоа до 15 часот нема кога татко ми секој понеделник или вторник веќе 3 недели оди во 6 часот на пазарање и тогаш купува се' што му треба, затоа што според негово искуство тогаш има и најмалку луѓе во продавница. Ако нема Да ми кажеш дека во Тинекс, Веро нема леб, не знам...

Од кого ќе бидат пополнети квотите кога градот ќе биде заглавен 2 дена и нема да може никој да влезе во аптека. Пак доаѓаме до совеста и растројството на луѓето. Реагира панично и оди во аптека да купи Ц витамин ваљда.

Уште еднаш ќе пишам и јас, многу непотребен хејт за одлука која што колку и да е задоцнета, подобро што е донесена а вината за хаосов оди многу повеќе кај народот.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Многу интересни статистики пусна Google за тоа колко сме се дистанцирали и колко не одим во паркови, продавници, аптеки , работа и така натаму..
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.407
Не реков дека градот не треба да оди под карантин, туку дека тајмингот за меркава е дно. Еве ти сабајлево си пазарил само за денес, 2 леба, јајца, млеко најосновното колку да го поминеш денот... во 15 часот овие што ти зборувале на телевизија дека нема причина градот да оди под карантин, сега велат 2 дена да не излезеш од дома. Што ќе правиш, ќе излезеш да пазариш за наредните 2 дена ( а рачунај, до 15 часот леб скоро и да нема) или ќе седиш дома онака што биде нека биде?
Истово важи и за оние што се пред аптеките, 3 Април е денес, сега ако не земат лекови на рецепти, кога ќе земат на 10ти? Кога ќе се пополнети сите рокови?

Уште еднаш ќе пишам, многу глуп тајминг за соопштување на одлука, многу...
Глуп тајминг дефинитивно... Ама па во ситуација на карантин и без тоа е скратено времето во викенд, а и плус поголема гужва е... ако е поентата да избегаваш гужва, тогаш викенди по дефолт треба да избегаваш да искочиш за било што....

Јас незнам како може толку да се неспремни... очигледно премногу луѓе не ја имаат сериозно сватено ситуацијава... си терале ко нормално да е...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.471
... па нели сме во време на Велигденски постови, до толку паника не фати ако викендов малку помалку јадеме? :(
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Па истите бараа карантин и требаше да бидат спремни за ваква вонредна мерка и да обезбедат храна и друго што треба.
Не трупање залихи него онака нормално купување.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Тоа плус, недела дена пекаат за карантин а они неспремни, без храна за 2-3 дена се оставиле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom