Коронавирус (COVID-19)

Член од
13 август 2013
Мислења
1.052
Поени од реакции
2.060
АлтернатиФ неколку пати ви го направи мубетот ама колку е тешко нешто да сфати човек, кога сака да верува во тоа што се има убедено.

Многу иритирачки делувате сите и без трошка емпатија со муабетите : во ризична група биле, можеле да умрат од било што.
Да бидете со малку повеќе емпатија, нема да боли. Пробајте!

Ве читаат луѓе што имаа веќе дијагнози, а се млади. И за вас е сосема ок ако умрат од корона, дека секако се болни, а? Ама лежерно го кажувате тоа, алал да ви е!

На мене малку потешко ми оди. Не се ставам јас во игра, секогаш не боли повеќе за оние без кои животот нема смисла.
Кога би ја тргнала мајка ми настрана, нели има 72 години и според вас е сосема ок и ако умре, иако од грип досега нема умрено, се вакцинира секоја година. Остануваат многу на листата кај мене со ризични групи и сите помлади од 50. Од сестра, другари, познаници и до најмладиот, внук од 13 години со астма во тешка форма.
Според вас сите ние треба да се спремаме психички дека може сите да завршат на интензивна, шо, секако имаат болести?
Емпатија и мозок уклучување пред да напишете нешто. Не боли!

Денес имав прилика да видам како изгледаат бели дробови на заболен од корона, помлад од 50 години, здрав и непушач.
Заради безбедносни причини, не смеам јавно да споделувам слика од пациент, а добиена од вработен, ќе кажам дека јас сум баш шокирана. Грип не го прави тоа за 5 дена од болеста.

Затоа, дај бидете малку повнимателни кога пишувате, само затоа што вие директно не сте инволвирани и сте комплетно здрави. Мачно е за читање ...
Не се работи зе никаква емпатија, нормално и јас имам постари, и јас сум во ризична група, пушам, имам прележано воден плеврит на 17-18 години и како резултат на тоа една третина од едното белодробно крило ми е у аут, на ренген го нема нигде, една педа е пократко, и сега треба ли да кубам коса ?
 
Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.609
Поени од реакции
1.166
Update Italy 1 April
#COVID19 (official from Protezione Civile)

Total cases: 110.574 (+4.782 vs yesterday: +4,5%)
Current infected: 80.572 (+2.937)
⚫ Dead: 13.155 (+727)
Recovered: 16.847 (+1.118)
Deneska napravile nekoi 30k testovi poveke od vcera. Taka da spored mene brojkive i stranicive za statistika sto gi pratime ne se bas relevantni so realnata situacijata. Logicno sto poveke prais,poveke zaboleni ke imas i obratno.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.064
Поени од реакции
11.255
АлтернатиФ неколку пати ви го направи мубетот ама колку е тешко нешто да сфати човек, кога сака да верува во тоа што се има убедено.

Многу иритирачки делувате сите и без трошка емпатија со муабетите : во ризична група биле, можеле да умрат од било што.
Да бидете со малку повеќе емпатија, нема да боли. Пробајте!

Ве читаат луѓе што имаа веќе дијагнози, а се млади. И за вас е сосема ок ако умрат од корона, дека секако се болни, а? Ама лежерно го кажувате тоа, алал да ви е!

На мене малку потешко ми оди. Не се ставам јас во игра, секогаш не боли повеќе за оние без кои животот нема смисла.
Кога би ја тргнала мајка ми настрана, нели има 72 години и според вас е сосема ок и ако умре, иако од грип досега нема умрено, се вакцинира секоја година. Остануваат многу на листата кај мене со ризични групи и сите помлади од 50. Од сестра, другари, роднини, познаници и до најмладиот, внук од 13 години со астма во тешка форма.
Според вас сите ние треба да се спремаме психички дека може сите да завршат на интензивна, шо, секако имаат болести?
Емпатија и мозок уклучување пред да напишете нешто. Не боли!

Денес имав прилика да видам како изгледаат бели дробови на заболен од корона, помлад од 50 години, здрав и непушач.
Заради безбедносни причини, не смеам јавно да споделувам слика од пациент, а добиена од вработен, ќе кажам дека јас сум баш шокирана. Грип не го прави тоа за 5 дена од болеста.

Затоа, дај бидете малку повнимателни кога пишувате, само затоа што вие директно не сте инволвирани и сте комплетно здрави. Мачно е за читање ...
Шансите за намалена функција на бели дробови 2-3 од 12 испитаници.
Автоматски споено мислење:

Deneska napravile nekoi 30k testovi poveke od vcera. Taka da spored mene brojkive i stranicive za statistika sto gi pratime ne se bas relevantni so realnata situacijata. Logicno sto poveke prais,poveke zaboleni ke imas i obratno.
Бројките се точни. Германија прави 5 пати повеќе тестови од претходно ама ново инфицираните бројки не се креваат со ист интензитет како што се зголемуваат тестовите.

Со други зборови, бројот на инфицирани останува горе долу ист дури и со појачан број на тестови.

Има 2 теории во моментов, една е дека повеќето луѓе се веќе имуни и тестот е негативен а втора теорија е дека заразноста на вирусот е многу помала него што се претпоставува.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.506
АлтернатиФ неколку пати ви го направи мубетот ама колку е тешко нешто да сфати човек, кога сака да верува во тоа што се има убедено.

Многу иритирачки делувате сите и без трошка емпатија со муабетите : во ризична група биле, можеле да умрат од било што.
Да бидете со малку повеќе емпатија, нема да боли. Пробајте!

Ве читаат луѓе што имаа веќе дијагнози, а се млади. И за вас е сосема ок ако умрат од корона, дека секако се болни, а? Ама лежерно го кажувате тоа, алал да ви е!

На мене малку потешко ми оди. Не се ставам јас во игра, секогаш не боли повеќе за оние без кои животот нема смисла.
Кога би ја тргнала мајка ми настрана, нели има 72 години и според вас е сосема ок и ако умре, иако од грип досега нема умрено, се вакцинира секоја година. Остануваат многу на листата кај мене со ризични групи и сите помлади од 50. Од сестра, другари, роднини, познаници и до најмладиот, внук од 13 години со астма во тешка форма.
Според вас сите ние треба да се спремаме психички дека може сите да завршат на интензивна, шо, секако имаат болести?
Емпатија и мозок уклучување пред да напишете нешто. Не боли!

Денес имав прилика да видам како изгледаат бели дробови на заболен од корона, помлад од 50 години, здрав и непушач.
Заради безбедносни причини, не смеам јавно да споделувам слика од пациент, а добиена од вработен, ќе кажам дека јас сум баш шокирана. Грип не го прави тоа за 5 дена од болеста.

Затоа, дај бидете малку повнимателни кога пишувате, само затоа што вие директно не сте инволвирани и сте комплетно здрави. Мачно е за читање ...
Грип не прави и да го прележиш без да осетиш дека си го имал. Или тие случаи не важат. Многу сте морбидни бе луѓе, што е проблемот? А клиничка слика никаде...
Не само што можат туку и умирале, умираат и ќе умираат старите лица од секакви причини, и сите тие ќе фалат некому, сите тие се нечии татковци, мајки, дедовци, баби. Или имаш емпатија за жртвите од било која причина, или немаш. Да имаш ти или таа што направила "тој муабет" на било која тема било когаш напишано нешто емпатско за умирачката на стари лица пред хистеријава, јас би се извинил. Ама можам да се кладам 100% дека немате писнато ништо.
Но, селективна емпатија, само поради медиумската хистерија за овој вирус е она кое е навистина срамно нешто.

Јас не верувам дека ти си одвоила 0,05 секунди од твојот живот да помислиш на 6,5 милиони мртви, 10+ милиони ранети и којзнае колку раселени и трауматизирани лица од регионите кои ти овозможуваат да имаш смартфон/и, лап-топ/и, ТВ со рамен екран, ајпад, дигитална камера или било што кое е продукт на современата електроника а за чие работење се потребни ретки метали и неметали за власт над кои се води војна 20+ години, кои доаѓаат од рудници каде рмбачат деца од 10-12 години а финално се склапаат во фирми каде суасајд рејт е до небо.

Дали си сега себеси мачна за читање?
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
3-4ца што лично ги познавам кои биле во контакт со заразени со вирусов на тест се позитивни,се лекуваат дома и се во карантин а буквално немаат ниеден симптом.Ниту кашлаат,ниту нос затнат,ни болки ни температура.Прилично подмукол испаѓа вирусов.Инаку околу хаосов,братучетка ми им дошол ревизор у фирма кој бил заболен,ја ставија у домашен карантин со решение до 31 март.Ја проверуваа редовно од полиција,звонат на мобилен ај изкези на врата да видиме дали си дома по неколку пати у ден.Денес и врти џандарот и вика не мора денес да излагаш на врата,знаеме дека си дома,оваа ги прашала од каде знаете?Епа колата ти е тука пред куќа :pos:Им рекла дека на 31ви и истекува карантинот со решение,овој и вика џандарот аааа не,продолжено ти е до 14ти април.Оваа кога ја тестираа,од нетрпение преку врски го дозна резултатот дека и е негативен,па се испаничила и се јавила у јавно здравје да праша.Добар ден Ивана Кузмановска за резултатот се јавувам овие и велат позитивен.Се испаничила ај ве молам проверете уште еднаш,да да Ивана од Куманово позитивна.Оваа им вика ама јас сум од Скопје не од Куманово,леле извини тоа Кузмановска го помешавме со Куманово,имаме Ивана од Куманово која е позитивна ама немаме контакт број да и јавиме :boksix: ти си негативна и не ти е продолжено до 14ти Април кажи им да не те проверуваат
Автоматски споено мислење:

Господ на помош нека ни е,немале тел за контакт :place::place::place: од Ивана
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691

Тргнав да ти реплицирам, дека воопшто не ме познаваш за да искоментираш вакво нешто.
Ама сфатив дека не вреди. На сосема различна бранова должина сме во старт.

Верувам дека барем ти е полесно после коментарот. :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.555
Поени од реакции
18.804

Леле ситуацијата со Ивана, не знаев какво емотиконче да ти манам, добро има некој арен од надлежните или се е заминато во неповрат.
Господе Боже хаха
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Леле ситуацијата со Ивана, не знаев какво емотиконче да ти манам, добро има некој арен од надлежните или се е заминато во неповрат.
Господе Боже хаха
Не е Ивана и не е Кузмановска ама да,за жал таква е ситуацијата,хаос.Немале број за контакт од заболен,и лице во домашен карантин да им кажело на полицајците да не ја проверувале повеќе а не тие самите да водат евиденција.Епа сега замислете дека сме у скут кај на пример некој циган од Струмичко Босилово кој е заразен и од неговата свест и писменост зависи дали ке се сториме пепел,а не од институциите на системот
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.436
Поени од реакции
5.482
Тоа и не е баш релевантно. Србите пример имаат 3 ипол пати повеќе население од нас а ист број на тестови направено. Доколку тестираат колку нас(по глава на жител) ќе им скокне бројката во вис, со оглед на тоа дека имаат околу 400К повратници(бар така вика Саша).
Значи ако не тестираш нема Корона вирус?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.277
Поени од реакции
15.401
Ова од прва рака од братучед или војнички?

Sent from my iPhone using Tapatalk
кај упорит ...туку и....

продолжете да дрндате рака под рака со администраторите....

Заменик-министерот за здравство, Армен Арслани во вечерашната Топ Тема на Телма објави детали за состојбата со корона-вирусот во струшко. 9 потврдени случаи на Ковид 19 и 43-ца граѓани под здравствен надзор. Дури шест од 9-те потврдени се од Лабуништа, можното ново жариште на Корона-вирусот

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.064
Поени од реакции
11.255
Оние пиљари и маркети во Вухан од каде се прегпоставува дека произлегол вирусот повторно се отворени. Тазе заклани љиљаци, мачки, кучиња, глувци, змии...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.270
Поени од реакции
18.244
Тргнав да ти реплицирам, дека воопшто не ме познаваш за да искоментираш вакво нешто.
Ама сфатив дека не вреди. На сосема различна бранова должина сме во старт.

Верувам дека барем ти е полесно после коментарот. :)
Не е коректно да кажувате кој има емпатија за тоа што се збори. Сепак е темава за општа дискусија. Сите имаме постари у фамилија, нормално дека баба ми да скрши рака повеќе ќе ме погоди него 10 луѓе да умрат у Авганистан.
Меѓутоа доста битно е во која категорија се луѓето, бидејки за луѓе што не ги знам повеќе емпатија имам кон загинато дете него човек од 80 години кој веќе имал каков таков живот. Идеално би било сите да може да се спасат, ама еве гледаме како за поголеми жртви од многу други работи немало никаква реакција, а за ова светот се преврте.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Тие тестови укажуваат дали некој го прележал вирусот. Значи фајде од нив никакво од епидемиолошка страна.
Ова го викаат од Систина.
“Тестот кој се користи е високопрецизен брз хроматографски тест за детекција на IgG и IgM антителата кои се создаваат од коронавирусот (COVID-19). Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира присуство на вирусната инфекција или претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото. Точноста на тестот е 92.9%. “

Како воопшто те сметаат за позитивен ако не го тестираат тоа? Ако имаш антитела и си го прележал, ваљда логички е да си негативен. Како ги сместиле у категорија позитивни?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom