Има факти и има нивно толкување и презентација.
Постоењето на фактите никој барем за сега не го спори, проблемот е што некои на таквите факти сакат и се обидуваат да прилепат пропаганда која во дадена ситуација би ја исползувале. Ваквата пандемија со лажни вести и нивно експоненцијално ширење има многу свои подржувачи, некои заради тоа што толку им сече, други заради пари, трети и самите не знаат, ама упорно повторуваат дека епидемијата е кинеска дека е створена на начин што Кинезите јаделе лилјаци итн итн и кога на ваквите небулозни тврдења и очигледна пропаганда и PSYOP ќе им се укаже дека тоа граничи со синофобија глуматат жртви, ... кога ќе им се одговори со исто таква аргументација дека заразата ја донеле американски војници и ја прошириле а во рамките на .... тогаш се вели дека тоа било невистина и пропаганда и дека нема докази за такво нешто а за нивните небулози као имало тоа биле види долу...
Што се однесува до тоа дека Кинезите лажеле и не излегле на време со информациите со кои располагале, се гледа дека некој намерно се прави глуп.
Аргумент дека Кинезите лажеле нее и не може да биде тоа што некој ќе каже дека Кинезите лажеле, како мисли некој воопшто да докаже такво обвинување, знам дека се смета на зомбираност кај масите ама се претерува. Кои тоа информации ги поседувале па не ги изнеле на време, и кој тоа проценува кое е право и вистинско време за да се изнесат некои информации во јавност, кој? Бог или оној што во негово име овде трти се што ќе стигне!
А се започна со веста која нема извор и која говори дека Кина манипулира со бројките. Малку проверив од каде вакви вести кој им е изворот.
па еве,
Radio Free Asia,
Radio Free Europe,
Radio Liberty,
The Voice of America [ познатиот Глас од Америка ];
сите до еден финансирани од CIA и служат за дезинформирање и водење на специјална војна.
Кога овде читам .... имам впечаток дека се работи за учипена екипа, не многу ... ама секако едуцирана во духот на
Radio Free Asia (RFA)
Radio Free Europe
Radio Liberty
The Voice of America
...дали и Кајгана е членка на оваа групација на слободни медиуми кои говорат само вистина или само ги почитува и им се поклонува на тие високи вредности, ова е реторичко заради амбиент.
... медиумската манипулација им е духовна храна, дека аргументирањето го разбираат како адхоминем (
strawman технологии), ако им се изнесе аргумент од ист вид каков што тие подметнуваат, се вадат на инфантилност, ако им се изнесе логички аргумент тогаш или бегаат или како ... се здружуваат и така се обидуваат и понатаму да си ја заработат дневницата!
Има појава повеќе земји како Украина Грузија и... да бидат гостољубиви домаќини на повеќе американски (ФУКУС+Г) био-лабови, која е целта на овие био лабови (може и ова прашање да го поставите во некоја завиена форма) заштита од нешто или, еве можете на своите омилени партали-медиуми или што и да се да го поставите и ова прашање или да ја обвините Кина, да ве известам многу полесно е да се обвини Кина отколку такво прашање да се постави јавно.
............
@Bafra, зарем оваа “
Ако не си социјалиста до 28г, немаш срце. Ако си социјалиста после 28г, немаш памет.“ не беше вака некако: ако до 25 не си станал социјалист немаш срце, ако до 35 не си станал комунист, немаш душа! - може сум грешка сепак сега има нов тренд на нова демократска форма која е прилагодена генерациски, и мора да се имплементира со употреба на лубриканти.
..................
Им се чудам на ..., а мене кој да ми се чуди, се расправам со екипа која до вчера говореше и веруваше дека Грукито бил режимот (бил криминалец не било за името да не се менва, единствено што се доби од тоа е: нема криминал име сменето) требало да го замени и на негово место дојде аболитико кој треба да се бори против криминал така што ќе го смени името, кој ветуваше се и сешто, а тие не само што самите веруваа туку и останатите ги убедуваа да верват дека магарето лета!
Кој ќе направи поголема штета и последици по Македонија, Коронавирусот или Црпе со неговата дружина?
Всушност кој е погубен за Македонија Црпе или коронавирусот?