Бијонс, бидејќи си медицинско лице, од тебе и очекував да споделиш некој латинизам од твојата сфера, мислам дека ги користите прилично. А некои кои јас ги споделив, ги нема на листата, btw, немој да се радуваш прерано.
Доколку и понатаму терате подбив, а немате намера реално да придонесете, ќе бидам сериозно приморана да ве пријавам на надлежните за мислења вон темата.
Да ја продолжам низата.
"Alma mater" - мајчина душа - се употребува за ословување на универзитети и високи школи.
"Vox populi" - гласот/мислењето на народот.
"Pax Romana" - римски мир.
"In hoc signo vinces" - со овој знак/симбол ќе победиме, се мисли на крстот, инаку изрека на Константин Велики.
"Quo vadis (homine)?" - каде одиш/си тргнал, човеку - обраќање на Хистос кон св. Петар.