Латински фрази применливи во секојдневниот живот

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.577
Не е баш фраза, не знам ни превод на текстов, но го користам повремено.

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in voluptate velit esse cillum dolore eu fugiat nulla pariatur. Excepteur sint occaecat cupidatat non proident, sunt in culpa qui officia deserunt mollit anim id est laborum.

Curabitur pretium tincidunt lacus. Nulla gravida orci a odio. Nullam varius, turpis et commodo pharetra, est eros bibendum elit, nec luctus magna felis sollicitudin mauris. Integer in mauris eu nibh euismod gravida. Duis ac tellus et risus vulputate vehicula. Donec lobortis risus a elit. Etiam tempor. Ut ullamcorper, ligula eu tempor congue, eros est euismod turpis, id tincidunt sapien risus a quam. Maecenas fermentum consequat mi. Donec fermentum. Pellentesque malesuada nulla a mi. Duis sapien sem, aliquet nec, commodo eget, consequat quis, neque. Aliquam faucibus, elit ut dictum aliquet, felis nisl adipiscing sapien, sed malesuada diam lacus eget erat. Cras mollis scelerisque nunc. Nullam arcu. Aliquam consequat. Curabitur augue lorem, dapibus quis, laoreet et, pretium ac, nisi. Aenean magna nisl, mollis quis, molestie eu, feugiat in, orci. In hac habitasse platea dictumst.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
"Veritas vos liberabit" - Вистината ќе ве/те ослободи
Автоматски споено мислење:

Dolor или тага ме потести на "In tristitia hilaris, in hilaritate tristis" - во тагата радосен, во радоста тажен.
:oftopik:Ова ме потсети на кинеската филозофија која илустративно интерпретирана во знакот на „јин и јанг“ опишува дека во секое црно има и бело и обратно - во секое бело има црно. Односно, дека во секое нешто убаво има и по нешто неубаво. Дека во секоја мрачна страна има и по некоја светла точка и обратно. Или поедноставно кажано, дека никогаш и никаде во животот не може се да се сретне во чиста (изворна) форма. Дека ако нешто постои, тогаш мора да постои и нешто што е спротивно на првово. Односно дека постојат спротивставени сили кои взаемно и врамнотежено дејствуваат.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"Nulla dies sine una linea" - Ниеден ден без (по) една линија, нешто како - џабе работи, џабе не седи или работата го чини човекот. Доста комплексен тој текст за мене @Con Artist, ние обработувавме прости приказни и поуки во средно и на факултет, ме заинтересира да истражам малку околу тоа.

@Gladiatorized Не, не, баш е онтопик и убаво е да се даде лично толкување на фразиве. :)
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
"felix qui nihil debet" - среќен е оној кој ништо не должи

"per aspera ad astra" - низ потешкотии до ѕвезди

"nihil sub sole novum" - ништо ново под сонцето

"ubi fumus, ibi ignis" - каде има чад има и оган
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.577
Доста комплексен тој текст за мене @Con Artist, ние обработувавме прости приказни и поуки во средно и на факултет, ме заинтересира да истражам малку околу тоа.
Не се замарај, можно е да нема никаква смисла. Најпопуларен placeholder текст е, кој по потреба се користи при изработка на веб страни, дизајни и сл., како тест за да видиш како би изгледал темплејтот/дизајнот со реална содржина.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Кога ја прочитав темава ми се виде латино фрази и поговорки :pos:
Homo homini lupus est - Човек човека му е волк
In vino veritas - Во виното е вистината
Една од поомилените ми е

Lupus lupini homo est. Волк на волка му е човек.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"Ab urbe condita" - од основањето на градот (Рим), година која римските историчари ја земале како референтна при сметањето на годините.

"Urbi et orbi" - до градот (Рим) и до светот, се користи од страна на Ватикан и папата при обраќањето на верниците во светот, на празниците Божиќ и Велигден.

"Concordia patriam firmat" - слогата ја зајакнува татковината.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"Mens sana in corpore sano" - во здраво тело - здрав дух, една од првите на кои нè научија.

"Tempus fugit" - времето лета.

"(Conditio) sine qua non" - услов без кој не се може, правнички термин.

"Impossibilium nulla est obligatio" - невозможното не е (законски) обрзувачко - исто така правнички термин.

"Ad hominem/ad feminam" - против човекот/личноста/жената, обид за пренасочување кон личните недостатоци на карактерот, при немање на реални контрааргументи на изнесените ставови на опонентот. Често применувано на Кајгана.
 
S

sim4e

Гостин
"Roma locuta est, causa finita est" - Рим се изјасни, случајот е затворен.
"Sic transit gloria mundi" - Така минува славата на овој свет./Славата е минлива.
"Ubi solitudinem faciunt pacem appellant" - Прават пустош и го нарекуваат мир.
"Lex iniusta non est lex" - Неправедниот закон, воопшто не е закон.
"Sic semper tyrannis" - Така на тираните!
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Скоро ја прочитав пак во некоја статија, особено релевантна во моментов:
"Salus rei publicae suprema lex esto" - безбедност на републиката/државата е врховен закон.
Во либерална форма:
"Salus populi suprema lex esto" - безбедноста/здравјето/доброто на граѓаните е врховен закон.

И уште неколку:
"Inter arma enim silent leges" - за време на војна (помеѓу оружјето) законите/правилата замолкнуваат.
"Condemnant quod non intellegunt" - го осудуваат тоа што не го разбираат.
"Quid pro quo" - услуга за услуга, реципроцитет.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
"In nomine patris et filii et spiritus sancti" - во името на Отецот, Синот и Светиот дух.

"Noli me tangere" - не допирај ме. Во оригинал - „Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог“. Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол. - обраќање на Исус до Марија Магдалена.

"Panta rei" - сè тече, сè се менува

"In medias res" - во средината (центарот) на нештата.

"Antes meridiem" - претпладне - AM.

"Post meridiem" - попладне - PM.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
ad hominem го употребуваат често за да звучат фенси, само не знам у кој контекст се користи.
de facto, de iure исто така

еве линк кај што има еден куп

Се користи за личен напад, кога немаш инаку начин со реални аргументи да го оспориш противникот.

Ок е листата, но убаво е вака самите да ги протолкуваме и да дадеме лично видување за нив.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Testis unus testis nullus, што во превод значи едно маде ко ниедно :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom