Коронавирус (COVID-19)

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Главниот доктор на болницата кај што се сместени болните со Корона вп Москва,денес позитивен на тест.Пред 5 дена шеташе со Путин и Собјанин низ болница
Путин е во карантин )))
Тежка е царската круна. Кога сакаш PR ,сега...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ако се нормализира по временски период, кај нас короната каснеше две недели во поглед од некој од овие земјиве, резултатите и не се многу далеку од вистината, посебно споредено со Јужна Кореа.

Со оглед дека темата за тестирање е константно злоупотребувана, добро е да се знае дека држиме некој светски просек, дури и сме над него.
11 дена е разликата и оттогаш се омасови многу тестирањето во Европа. Прашање е како стоиме наспрема западот.
За мене чудно, но наспрема балканските држави(минус Словенија) не стоим воопшто лошо.
Мене ме изненади бројката која ја кажа Таравари за Албанија, дека имале направено во тие моменти 3 пати повеќе тестови од нас(ние имавме околу 300 тогаш, а албанците околу 1000), па мислев дека другите балкански држави се многу понапред, но не е баш така.

Еве за Хрватска заклучно до вчера:
91627178_557739288185977_736085586976178176_n.png

Добро би било албанците на форумов да споделат колку тестови се направени во Албанија и на Косово.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Не носи однапред паушални заклучоци за каде сум учел математика или статистика. Не сум гол во таа област. Мислам е непотребно во дискусии на темава да се пукаме ако не се согласуваме со другиот дискутант, поготово кога сум коректен и према тебе и према други. Не сме мали деца и немам намера да го спуштам нивото на дискусија. Затоа ако не се согласуваш, кажи аргументи, а јас ќе ти ги кажам сега моите.

Тестирани се за 56% повеќе примероци во споредба со просекот. Релативната или апсолутната бројка зависи само како ќе ја интерпретираш. Дали само како бројка и секое нејзино зголемување или намалување ќе се коментира или бројката ќе ја врзиме како релација со моменталната состојба и во споредба со регионот во најмала рака.

Констатацијата дека е мало отстапуваме не ја базирам на математички или статистички показател како бројка, туку врз база на фактичката ситуација во моментов. 56% повеќе тестирани изгледа како којзнае колку многу, ама кога основата која е како база за пресметката е прениска, тоа покачување не е толку значително, т.е просек од 250 дневни тестирања на примероци е премала основа за порастот за 56% или 140 во апсолутен износ да изгледаат и да ги претставуваме како којзнае колкав пораст. Значи 250 дневни тестови просечно по 1 месец од првиот случај е премалку и затоа порастот од 56% во изминатите 24 часа и не е којзнае колкаво отстапување.

Да имавме просек од 1000 тестирани примероци дневно што за мене е солидна бројка за оваа фаза, пораст од 56% ќе беше сериозен исчекор. Ама во моментов ние сериозно заостануваме по бројот на тестирани примероци. Во моментов, според мене доволно оптимално отстапување во наредниот период е кога ќе има 300% повеќе тестирања дневно од актуелниот просек или за 750 повеќе тестирања од просечните 250 со вкупна бројка од по 1000 тестирања дневно и тој тренд да расти.

Зошто мислам дека 250 тестови дневно се премалку? Заради што:
1. Не сме во почетна фаза, туку сме баш во оној преоден период до пикот.
2. Бројот на повратници од ризични земји е сериозно висок и не треба да се чека тие да направат многу контакти со други затоа што е прашање колку ги почитуваат изјавите и мерките за самоизолација
3. Постои висок ризик на трансмисија и доколку не се изврши навремено тестирање може работата да излезе од контрола
4. Веќе има неколку смртни случаи на лица на кои претходно не им е откриен вирусот затоа што ненавремено ги тестирале или воопшто не биле тестирани
5. Бројот на тестирани по глава на жител е сериозно повисок на многу земји во регионот
6. Препораката на СЗО во овој момент е тестирај, тестирај и тестирај

И за крај, се согласувам во целост со констатацијата дека треба да се почитуваат прекораките и мерките, за да се олесни работата повеќе на системот. Но и системот треба да одговори уште појако и побрзо во овој момент, а за жал во последниов период кај сите се добива се поголема слика дека повеќе се води ПР и се одржува нивото во еден стабилен просек како резултат на мал број на дневни тестови.
Извини ако се навреди.

-До пред некоја недела имавме 1.000 тестови, не беше возможно да правиш голем број и на слепо.
-Ако според тебе 1000 тестови дневно се добри за сега, според докторот од Жан Митрев како држава имаме капацитет да правиме 30.000 месечно. Ама дали со фул капацитет, 24 часа на ден, како ќе се прави изборот?... Ако Бугарија може да прави 1000-1200 на ден, дали стварно можеме и ние толку? Никој не го праша ова Филипче.
-Светот очигледно има недостиг на тестови, ете ќе добиеме уште 25.000 тестови, ама кога и кога пак би добиле, што пак не го покрива фактот од макс 30.000 тестови месечно.
-Што е за тебе навремено тестирање? После 14 ден имаш дефинитивни резултати, како ќе спроведеш тестирање на минимум 15.000 кои биле во странство и се вратиле, кои капацитети ги имаме за да карантираме толкав број на луѓе? Која земја направи поинаква стратегија од нас за повратниците?
-не знам за сите земји балкански, еве исто тестови со Србија имаме значи повеќе по глава на жител, Хрватска има 6-7 илјади тестови, исто тестови по глава на жител, па можда и повеќе, Бугарија 8.000 тестови такоџе повеќе по глава на жител. А Хватска и Бугарија сигурно имаат повеќе иселеници, повеќе биле на ски центрите, повеќе туристи...
Бугарите најдобро се справуваат, од тоа што работам со нив, ептен се ангажирани и способни, за жал повеќе од нас.
Според тоа што најдов, освен Словенија, од сите тестираме повеќе.
-СЗО вика, ама нека прати тестови и лаборанти и опрема. И убаво е да се прочита целото известување, еве и извадок
"We have a simple message for all countries: test, test, test.
Test every suspected case.
If they test positive, isolate them and find out who they have been in close contact with up to 2 days before they developed symptoms, and test those people too. [NOTE: WHO recommends testing contacts of confirmed cases only if they show symptoms of COVID-19]".
Точно тоа што го правиме.
Заради ова се нервирам и што имаме толку неписмени новинари, доаѓаат ко јас на час у средно, неспремен, и ќе се снаоѓаш за испрашување наместо да прочитаат.
-Пишав еднаш, не е Филипче најумен, не измислува топла вода, си следи препораки на СЗО, кај нас можеше и многу полошо иако е лејм реченица.
-Кои се тие сите што сфаќале дека е Пар? Да сакаа ПР немаше да зголемат тестови и 2 саати после изјават на Филипче да искочат со x2 бројка од просекот. За мене Филипче само привремено можеби не кажува се за здравствениот систем, дека е шит го знаеме, ама нема потреба да го кажува. Фала богу дека една од работите на министерот или менаџерот е да менаџира со кризи, не се кажува се, need to know basis.

Дали можеше подобро? Теоретски да. Познавајќи ја состојбата на државата, не сум сигурен. Дали има подобри држави од нас? Секако, многу.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Денес ќе се гласа дали ќе биде 24/7 карантин дома за од 4 април до крајот на месецот. Се очекува да биде изгласано.
Не знам дали во иднина ќе дојде до ова ама турбо муабет.

1585698448599.png
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.999
Поени од реакции
18.771
Мене уште ме чуди од каде се вадат бројките дека има 0.2% или 2% смртност. Дека е како обичен грип.

Ако ги видиме бројките (неофицојални) што ги имаме до сега работата е обратна. Тие 0.2% повеќе одат на кај 20%. Ова се бројки од решени случаи. Значи заболени кои оздравеле или починале.


Кај нас до сега има 12 излечени и 9 мртви...

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
Околу 6% е
42087/637266

иако бројкиве можда ти се стари

https://www.worldometers.info/coronavirus/coronavirus-death-toll/

42,107 deaths/856,917 confirmed cases

според овие бројки е околу 4.9%, ако се земе и фактот и дека има сигурно голем број на случаи кои не се официјално регистрирани тогаш бројката ќе оди уште надоле и според СЗО е 3,4%

Globally, about 3.4% of reported COVID-19 cases have died. By comparison, seasonal flu generally kills far fewer than 1% of those infected.”
 
Член од
20 септември 2017
Мислења
920
Поени од реакции
1.347
Премногу каснеха со мерките,сега им се дешава тоа. Предпоставувам дека ке со совладеат,но на каква цена и след колко време.
До пред една недела горе долу им верував на официјалните податоци од Софија, сега е oчигледно дека манипулираат со број на заразени. За само една недела 200 000 граѓани се вратени, многу од нив од најпогодените држави и имате бројка од 400 заразени, па само тој што работеше на Илиенци пазарот сигурно има директно/индиректно 100+ души заразено.

До пред 10 дена кажуваа дека имаат капацитет и прават само 300 тестови дневно на 6 милиони население од толку болници и клиники па као ќе ангажирале повеќе лабаратории.. Сега можеби се прават преку 1000 дневно, ама пак ќе кажам дека бројката на заразени е далеку од реална, по 10-20 заболени на ден кажуваат ама до кога ќе не знам, или уште се мислат како да ви го сервираат.
Србија мислам има реална бројка, само што многу хистерија шират официјални лица, и тоа не чини.
 
Последно уредено:

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.604
Поени од реакции
2.224
Околу 6% е
42087/637266

иако бројкиве можда ти се стари

https://www.worldometers.info/coronavirus/coronavirus-death-toll/

42,107 deaths/856,917 confirmed cases

според овие бројки е околу 4.9%, ако се земе и фактот и дека има сигурно голем број на случаи кои не се официјално регистрирани тогаш бројката ќе оди уште надоле и според СЗО е 3,4%

Globally, about 3.4% of reported COVID-19 cases have died. By comparison, seasonal flu generally kills far fewer than 1% of those infected.”
Не се стари бројките само не ме разбра. Ти ги пресмета мртвите од активните случаи, оние кои моментално се болни. Јас ги пресметав мртвите од затворените случаи, од оние кои се излечиле или починале. Не и од моментално заболените.

Конкретно зборувам за овој дел од скриншотот. Од вкупно 219.100, 177.023 се излечени а 42.087 се починати.

Ова не се официјални бројки. Сигурно има многу кои го прележале вирусот а не се регистрирани како болни и не влегуваат во оваа статистика. Но во глобала бројките се тука некаде. За месец дена мислам ќе е многу појасно. Како и да е ќе бидат повисоки од првичните 2%.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.294
Поени од реакции
21.378
Од графикот може да се види дека ние со 3600 тестови на 2 мил, сме на 6 место во светот по тестирање, одма после Австрија.

УАЕ не ми се сигурни со бројките.
Од графикот единствено може да се види дека податоците се околу две недели стари. Пред две недели стотина тестови имавме направено вкупно, а не 3600.

Така да, не ти е во ред споредбата, врска нема со реалноста.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.999
Поени од реакции
18.771
Не се стари бројките само не ме разбра. Ти ги пресмета мртвите од активните случаи, оние кои моментално се болни. Јас ги пресметав мртвите од затворените случаи, од оние кои се излечиле или починале. Не и од моментално заболените.

Конкретно зборувам за овој дел од скриншотот. Од вкупно 219.100, 177.023 се излечени а 42.087 се починати.

Ова не се официјални бројки. Сигурно има многу кои го прележале вирусот а не се регистрирани како болни и не влегуваат во оваа статистика. Но во глобала бројките се тука некаде. За месец дена мислам ќе е многу појасно. Како и да е ќе бидат повисоки од првичните 2%.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
Па како да ги пресметам поинаку?

Case fatality rate
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
До пред една недела горе долу им верував на официјалните податоци од Софија, сега е oчигледно дека манипулираат со број на заразени. За само една недела 200 000 граѓани се вратени, многу од нив од најпогодените држави и имате бројка од 400 заразени, па само тој што работеше на Илиенци пазарот сигурно има директно/индиректно 100+ души заразено.

До пред 10 дена кажуваа дека имаат капацитет и прават само 300 тестови дневно на 6 милиони население од толку болници и клиники па као ќе ангажирале повеќе лабаратории.. Сега можеби се прават преку 1000 дневно, ама пак ќе кажам дека бројката на заразени е далеку од реална, по 10-20 заболени на ден кажуваат ама до кога ќе не знам, или уште се мислат како да ви го сервираат.
Србија мислам има реална бројка, само што многу хистерија шират официјални лица, и тоа не чини.
Никоja држава нема точни податоци, тоа да се разбереме.Се е колко са фатени. Моделите во Бугариja покажуват дека на 11 заразени се фатат 2-ма. Тоа е официално кажано. Ако броjките многу почнат да се разликуват сам можеш да сватиш,дека ке има многу смртни случаеви на мал дел заразени. Таква работа се уште нема. Така да, броjките са приближно тука некаде.
Нема работил на пазарот во Илиенци, тоа беше изтражено после дезинфекциjaва на целиот пазар. Имаше работил на железничката станица Илиенци,а момчето е тестирано и е отрицателно. Там случаja е различен - сестрата се вратила от Италиja и направила журка со 20 гости, около половината беха заразени, во тоа число маjката и таткото што беха првите жртви. Братот не е заразен, заштото е живеел во Софиja а другите родом от мало село до Лом откаде исто има заразени.
Да има многу вратени ,които во наредните 2 недели ке дадат зголемуване со сигурност. Голем дел от нив са под карантин. Полициja и здравствени работници одат и ги проверуват дали седат дома. Веке се следат и нивните телефони, полициjaта получи дозвола за тоа на сите во карантин.
Капацитетите са 1000-1200 тестови на ден, тоа исто е кажано. Во моментот се прават около 350 тестови на ден поради одбиването да се прават брзи тестови без потврда со PCR. Државните лабаратории имат вкупно направено некаде около 8000 теста. Приватните от 827 теста са фатени 12 положителни. Кое ти е 1.5%.
Работи се на 1000 експресни тестови на загрозените групи како полицаи, медицински работници и така натаму за да се направи потврда како примерок дали са тука броjките или има отклонуване и каков е групниот имунитет. Тоа ке го има за неколко дни.
Тоа што помогна наjмногу е тоа што преди воведуването на вонредната состоjба на 13 Март и карантинот тогава, децата беха 1 недела и половина преди тоа во ваканциja заради обичниот грип Б. Тоа реално спречи младите да прошират заразата.
 
Последно уредено:

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.604
Поени од реакции
2.224
Па како да ги пресметам поинаку?

Case fatality rate
A CFR can only be considered final when all the cases have been resolved (either died or recovered).
Значи уште еднаш ќе потенцирам ако не ме сфатиш и сега здравје :)
Пресметани се само решените случаи, мртвите и оздравените и процентот е 19%. Не се пресметани активните случаи бидеќи сеуште не се решени. Знам дека не е валидна оваа статистика но дава правец дека процентот на смртност е над 2%.

А ти од активните случаи ги пресмета само мртвите а ги заборави оздравените.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.419
Поени од реакции
18.348
Од графикот единствено може да се види дека податоците се околу две недели стари. Пред две недели стотина тестови имавме направено вкупно, а не 3600.

Така да, не ти е во ред споредбата, врска нема со реалноста.

Еве најнова листа на wikipedia.

Само овде бројките друго кажуваат, излегува дека Италија е меѓу првите во светот по број на тестови, така да процентот на смртност таму не може да се релативизира.

Инаку бројките во поглед на 20 март држат затоа што кај нас појавата на болеста касни скоро две недели во однос на тие нa листата.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.294
Поени од реакции
21.378

Еве најнова листа на wikipedia.

Само овде бројките друго кажуваат, излегува дека Италија е меѓу првите во светот по број на тестови, така да процентот на смртност таму не може да се релативизира.

Инаку бројките во поглед на 20 март држат затоа што кај нас појавата на болеста касни скоро две недели во однос на тие нa листата.
Стартнава петорка според број на тестови.

САД: 1,108,500 тестови - 187,729 заразени
Италија: 506,968 тестови - 105,792 заразени
Русија: 536,669 тестови - 2,337 заразени
Германија: 483,295 (до 22 Март) - 71,808 заразени
Јужна Кореа: 410,564 тестови - 9,786 заразени

Италија масакр. Русија, или вотката ги чува или тестираат само со топломер.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
934
Поени од реакции
1.479
Ворк пермитот важи додека си во работен однос, ако те избркаат од работа, автоматски немаш здравствено осигурување, немаш дозвола за престој и така натаму.
Не е точно, барем за Германија со сигурност можам да ти кажам.
Додека земеш офентал , и да те избркаат или и да дадеш отказ , имаш 1 месец рок да најдеш работа и да поднесеш за нова работна дозвола.До тогаш ти е дозволен престој.
Коа ке земеш офентал немаш гајле и да те избркаат или и да си дадеш отказ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom