- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.521
- Поени од реакции
- 114.674
И класика секој ден прашањето за тестовите, веќе на памет знаеме како се тестира на инфективно, како во Систина, а како во Жан Митрев клиниката, а тие упорно која е разликата па која е разликата...Прашање од животна важност - дали има средношколци од денешните заболени кажете ми еве како вам ви помага ваква информација, било одговорот да е да, било да е не.
П. С. Ја да сум Венко на оваа глупости ќе и истресам наместо одговор
Инаку на Филипче од авион му се познава на фаца кога спинува и избегнува одговори, а кога говори вистина.
Околу економските мерки, верувајте не постојат идеални мерки, мерки со кои ќе се угоди на сите сектори и сите луѓе. По она што се најавува, ќе има финансиски инјекции за приватниот сектор, ете ова со кредитите колку толку помага плус уште пар мерки, али проблемот е што државата и така ни беше доста задолжена па со ситуацијава уште толку ќе биде проблем во иднина, а тоа секако ќе го трпиме ние обичните смртници и нашите деца. Се надевам дека ќе пропаднат што е можно помалку мали или микро претпријатија, дека вирусов ќе помине побрзо и дека нема да ни треба голем временски период за економско закрепнување.
ВМРО очигледно сака со сила да изгуби на изборите кои ќе следат по завршувањето на пандемијава, онака не е можно толку да пробуваат на политика да ја свртат ситуацијава. Лично, не ги сакам ни тие ни тие, нарочито СДСМ, ама ВМРО се резил моментално со изјавите (секоја чест на исклучоци). Земале споредуваат со мерките на Словенија , да еве баш сме земја која е спремна да даде по 150 евра на секој што има повеќе од 3 деца, да даде по 150 евра на студентите итн итн, да ви ебам тоа умрениот памет што го имате.