Веќе пријавени за летови се откажале, затоа што требало да идат во карантин. Да не мислеа на шопинг ќе ги носат или ќе ги пречкаат со црвен тепих?
Во ваков случај би требало останатите да го платат летот и за оние што откажале, нели делат цела сума со број на патници.
На некои не им се погодува, ни карантин, а ни пак таму каде што се. Пола од тие живеат со 16 други заедно во стан и делат исто вц и кујна, а ти бараат хотел со 5 звезди.
Немало храна и вода, ајде во автобус за тие од Берлин на секој обезбедиле. Сега очекувам да се жалат зошто Стоби Флипс.
По однесувањето на аеродром и авион на оние од Загреб, само докажуваат дека не го заслужуваат ни тоа што им е овозможено. Па и во Фламинго сместени со храна 3 пати на ден и тоа однапред за цела недела да си изберат. Шпартале од соба во соба и покрај полиција во хотелот.
Враќај назад во Криволак таа група и цела недела на посебна салама, виршли, паштети и покриени со стари ќебиња.