Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Само кај нас можи хотел во центар на градот да биди карантин. :cuc:
Дај Боже никој да не е позитивен и се да биди во најдобар ред ама одлуката му е многу лоша.
Молика, детското одморалиште двете државни места а не ги користат како карантин.
 
Ноуп, не сакаше да си иди, се надевам правилна одлука донел, затоа што кој знае кога друга шанса ќе му се пружи ако потрае ова.
Фрчат коментари од Битолчани за карантинот дека на сред центар ги сместија, се надевам ќе имаат силен надзор од полицијата и дека се сите здрави прави.
Во право се сите шо викаат. Кој ненормален донесе одлука сред центар карантин да се прави? Во град каде што нема до сега регистрирано ни еден заболен ти во строг центар правиш карантин. Абе се најмило...
 
Ноуп, не сакаше да си иди, се надевам правилна одлука донел, затоа што кој знае кога друга шанса ќе му се пружи ако потрае ова.
Фрчат коментари од Битолчани за карантинот дека на сред центар ги сместија, се надевам ќе имаат силен надзор од полицијата и дека се сите здрави прави.
Се чекаат да пристигнат уште 5200 од странство и тие директ во карантин.А веќе голем број во држава се во карантин.Лудило.
 
Вистина од Италија се пријавиле и луѓе што се на работа таму и сега користат ситуација да си дојдат со тие летовите што ги пушта владата?
 
Не е тоа оправдување, нека чекаат ама немора баш еден до друг нека држат растојание по метар ипол два
Не реков дека е оправдување, туку дека не ми е чудно што прават онакви гужви со оглед на тоа што полицискиот час им налага до 11 часот да се дома.

Тие претходно не држеа растојание кога го имаа цел ден на располагање, а не па сега за време на полициски час, кога се приморани во рок од 2-3 часа секој да си ги заврши своите обврски, како подигање пензија, плаќање сметки, пазарање, болници, ординации, банкомати, УЈП, МУЈП итн.

Не им се тура со инка на стариве, тоа е тоа.
 
Вистина од Италија се пријавиле и луѓе што се на работа таму и сега користат ситуација да си дојдат со тие летовите што ги пушта владата?
Летовите не се бесплатни, башка 14 дена карантин негде ќе се, така што тешко дека се пријавуваат само за да искористат било што ...

Инаку, од прва рака, имам пријателка во Ибис хотелот сместена, сама во соба, не се жали.
 
Секоја му чест на великодушниот господин господин Камчев, со парите што ги испокраде и го опљачка цел народ сега е народен херој. Никој да не зуцнал против величевствениот.
 
Па не е само во Битола ова, во Скопје на пример има луѓе што се во Ибис хотелот на плоштад.
Нема врска ова, како и да е не смеат да излезат од соба луѓето што се внатре, барем во Скопје тие.
 
Aко си бил еднаш у Италија, би сфатил колку е небулозно ова што го велиш.
Ја уште пред да дојде срањево у Европа и реков на жена ми дека ако дојде у Италија, ќе напраи пуздер. Најнесакан told-you-so-момент ми беше тоа, али и најочекуван. Од коа бев 2009-та у Италија (имам пишувано на форумов за тие искуства), сфатив све:
- и тоа како имаат економска криза, и тоа како испаднаа натприродно неспособни у Втора Светска, и тоа како нивните коли имаат енормно лажни официјални параметри, а и све друго за нив.
Daj spodeli go tvoeto viduvanje za posledniot pasus navistina me interesira...
 
Само кај нас можи хотел во центар на градот да биди карантин. :cuc:
Дај Боже никој да не е позитивен и се да биди во најдобар ред ама одлуката му е многу лоша.
Молика, детското одморалиште двете државни места а не ги користат како карантин.
... хотел „ Десарет“ во Охрид, закупен од државата за карантин, изгледа зависи од многу фактори зошто токму таму, а можеби и од капацитетот на самиот објект!
 
Па нормално дека ќе бидат сместени во Центар, хотел во Белимбегово нема.
 
По која логика жртвите од грипот ги сметаат за пораз?:cautious:Ти ги имаш вистинските бројки од жртвите од грипот во Италија?
Е па по таа логика што грипот се смета за бенигно заболување кое ретко се комплицира и дури и во тие случаи лекарот е должен да го спаси пациентот и се чувствува богами виновен ако не успее во тоа. Дали ти нема да префрлиш на докторот и да го доживееш како неспособен доколку некој твој близок почине од грип ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom