Прегледај го приврзокот 240458 Прегледај го приврзокот 240460
„...Вежбата ја „покажува силната ангажираност на САД кон НАТО и кон слободата и безбедноста на Европа“...вежбата доаѓа по сомневањата дали САД се уште се подготвени да ја брани Европа (Франција, Белгија, Холандија, Германија, Чешка, Австрлија, Полска, Шведска, Летонија, Литванија и Естонија).
Прегледај го приврзокот 240450
...околу 37.000 војници од 18 држави треба да учествуваат во вежбата организирана од САД... претставник на НАТО изјавил дека немало потреба да се „бараат задни намери“ во фактот дека вежбата ќе се оддржи за време на чествувањата на 75-годишнината од победата на Русија над нацистичка Германија, на 9 мај во Москва....она што е уште поконтроверзно, е тоа што вежбата ќе се изведува на самата граница со Русија, со ова уште еднаш, САД и НАТО се обидуваат преку провокации и нарушување на суверенитетот на Русија да предизвикаат глобална криза и да го втурнат светот во нови преписки помеѓу Русија и НАТО ...,,
Прегледај го приврзокот 240462 Прегледај го приврзокот 240463
...многу пари се потрошени за ова априлска/мајска авантура на НАТО- Defender Europe 20, која сигурно ќе се одржи во моментално ничкосани европски држави од пандемија од коронавирус КОВИД19, така да нема да бидам изненадена да вакцината против коронавирус „излезе“ како чудо од америчка лабораторија во април, со што Трамп ќе има дупли успех, а ние сите другите (вклучувајќи и дел од неговиот народ) ќе бидеме само колатерална штета ионака ни дадоа да се занимаваме со коронавирус и последиците, додека тие си ги тераат работите!
...прашање, дали ова коронавирусна пандемија е предходница на тоа ќе не очекува - глобална воена криза, ми е страв и да помислам