Денови наназад се зборува дека тестови нема и дека и тие со симптоми но без директен контакт не ги тестираат. Тестовите веќе се сфатени како ресурс. Токму поради тоа луѓето одат приватно за да се осигураат дека го немаат вирусот.А ако ти кажам дека 80% од луѓето што вртат по линиите ниту имале контакт со некој ниту се вратиле од странство? Сакале мирно да спијат, да се тестирале. Одат да се тестираат оти мора на ФБ да пишат нешто за некое лајкче или шерче.
Од вакви тестови ќе снема за некого што треба, затоа тестовиве треба моментално да се сфатат како ресурс а не како ај сите се тестираат па ќе одам и јас.
Ако си имал контакт со веќе позитивна особа нема да те чекаат да се јавиш за да се тестираш, сами ќе ти затропаат на врата, ги мапираат контактите и автоматски и тие што живееш дома сте во самоизолација...
П. С. За тие што идат на работа веќе се утврди и по темава дека се носат маска и ракавици и тие да не префатат ама и ако се болни да не го пуштат во оптек.
За тоа дека има и такви кои се тестираат за џабе - точно е и не ги оправдувам.
Велиш ако си имал контакт со позитивен - нема да те чекаат. Значи и тој за да биде утврдено дека е позитивен морало да направи тест. Заклучок: тестовите се неопходни и не се за штедење!
Не можам у никој случај да се согласам со тоа ако си имаш симптоми - ќути си, не прај тест, арслан си и ќе помине. Пак ќе кажам, ако си сам и не излагаш од дома океј. Ако имаш други дома или немаш грам мозок, terrible idea. Доволно е мало невнимание за да биде бетер работава, а сите знаеме дека голема народна маса уште мисли дека корона не постои.