Коронавирус (COVID-19)

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
мене да ме исечат два шприца од по двеста куба смола од канабис и хашиш ќе ми исцедат од бели дробои.
Прегледај го приврзокот 240544
никад предходно сум немал 100% капацитет на плуќа,95-97% максумум.
Супер. Ја па као подвижна реклама за вентолин/евохалер сум :D

Ни ја никад не сум имала сатурација 100ка, 87+ обично. Со вентолин 100ка пука.
Автоматски споено мислење:

Дечки, веројатно немаат пристап ради вирусов до лекување дсли во Србија, како можеме овде да помогнеме. Се потресов...
Што линк е ова? Не се отвара. Ако не ти е мака обајсни кратки црти.

Ја погрешно сфаќам или да се регистрираш дека си медицинско лице?! Пошо денеска видов гугл докс, за такво нешто.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
“Математиката поврзана со пандемијата што секој треба да ја разбере


Џејсон С. Варнер од веб-страницата „Медиум“ направи детална математичка анализа поврзана со коронавирусот и неговото ширење. Како што вели тој, важно е секој од нас да ја знае математиката за пандемијата со која се бориме денес.

Џејсон е извршен директор на успешна софтверска компанија што обезбедува податоци и аналитика на компаниите. Пред да ја основа компанијата, бил извршен директор на големи тимови за регрутирање во некои од најбрзорастечките компании во светот, како „Старбакс“ и „Гугл“. Има магистратура по хемиски инженеринг и факултетска диплома за бизнис.

Како што вели, тој не е новинар, а статијата ја напишал за да ја раскаже вистината за тоа што се случува со пандемијата и да ја објасни математиката преку едноставни термини затоа што многу луѓе не сфаќаат што се случува со пандемијата.

Тој истакнува неколку проблеми со кои се соочуваме во екот на пандемијата.

Проблем број 1: Социјалните норми се моќни мотиватори и ги спречуваат луѓето да ги преземат правилните чекори за соодветно да реагираат на пандемијата.

Чудно е и излегува како да претеруваме. Тоа е така затоа што повеќето луѓе ги преценуваат тековните случаи и ја потценуваат математиката за тоа како се шири вирусот. Причината е тоа што нашите мозоци имаат тенденција да размислуваат линеарно, наспроти логаритамски. За да се создаде нова социјална норма, луѓето сакаат да го видат однесувањето:
- Ако некој друг го прави, и јас треба да го правам.

Проблем број 2: Многу луѓе се фокусираат на погрешни бројки.

Да, вирусот убива мал процент од заболените. Да, обичниот грип убива десетици илјади луѓе годишно. Да, 80 отсто од населението ќе имаат лесни симптоми кога ќе се заразат со Ковид-19. Да, смртната стапка е релативно ниска (1-2 отсто). Сето ова е вистина, но се фокусирате на погрешни бројки.

Природата на експоненцијалната математика е тоа што стапките на инфекција почнуваат полека, a потоа се однесуваат како бомба и ги преполнуваат болниците.

Треба да претпоставите дека вирусот е насекаде во овој момент, дури и ако нема потврдени случаи во вашата област.

Важно е да ја направите оваа двеминутна математика од 3 чекори за да разберете:

1 чекор: За понатамошно разбирање на експоненцијалниот раст, земете го бројот на потврдени случаи во вашата област и помножете го со 10 (или 50 ако верувате во процените на „Харвард“ и „Масачусетс“) за да ги пресметате случаите што сè уште не се потврдени. 10 случаи во вашиот град, ако сè уште нема пријавени случаи. Овој број на заразени лица се удвојува на секои 3 дена кога се шири болеста. Значи, земете го вашиот број и помножете го со 2. Направете го повторно. А потоа, повторно направете го истото. И уште еднаш. Правете ја оваа вежба за множење 10 пати.

virus
Фото: Pixabay

2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x (бројот на предвидени инфекции во вашиот град денес (не само пријавени случаи).

Овој резултат е процена за реалните случаи во вашата област по 30 дена. За математиката се потребни 30 секунди и мора да ја сфатите за да видите како расте. Ова е крајниот број на случаи во вашиот град по 30 дена од денес, ако голем процент од населението не практикува социјално дистанцирање.

Пример од местото каде што живеам, Бенд, Орегон:

6 потврдени случаи х 10 = 60 случаи (заклучно со 18.3.2020)

60 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 = 61.440 позитивни случаи на Ковид-19 во 30 дена. Ова е 60 отсто од населението во Бенд, Орегон. Ова не е за паника. Вака функционира експоненцијалната математика.

Стапката на инфекција на вирусот се удвојува на секои три дена. За 30 дена ќе има 1.024 пати поголем број заразени лица во вашата област ако вашата заедница не примени екстремно социјално дистанцирање.

2 чекор: Следните вежби се екстремно важни

Пресметајте 15 отсто (помножете со 0,15) од последната бројка на вкупно заразени лица по 30 дена. Ова ќе обезбеди процена на сериозни случаи на Ковид-19 што бараат хоспитализација и споредете го со бројот на кревети и достапни респиратори во вашата болница.

Пример: Бенд Орегон: 0,15 х 6.144 вкупно случаи = 921 Ковид-19 случаи за 30 дена за кои е потребна хоспитализација.

Последен чекор: Помножете го вкупниот број на кревети во вашата локална болница со 0,35 за да разберете колку кревети може да се користат за пациенти со Ковид-19 во вашата област и споредете го со чекор 1 и чекор 2 во вашата област. Го гледате проблемот? Токму затоа владите ги заклучуваат градовите и државите низ светот.

Овие броеви што ги пресметавте го покажуваат големиот проблем: премногу пациенти, недоволно кревети и сериозен недостиг на респиратори, маски, доколку не практикуваме социјално дистанцирање.

Бројот на заразени се удвојува на секои три дена. Вестите и владините агенции заостануваат во нивниот одговор. Слушаме дека САД имаат 3.115 (15.15.2020) и тоа не изгледа како многу. Но, знаеме од Кина дека реалната бројка е поголема од пријавените случаи затоа што може да има заразени луѓе, а да не покажуваат симптоми. Во математиката „редоследот на големината“ значи десет пати поголема разлика.

Медицинската школа на „Харвард“ вели дека всушност има 50 пати повеќе случаи од пријавените. Тоа значи дека има над 75.000 случаи во САД.

Но, да претпоставиме дека сегашната бројка на заразени во САД е 10.000 за да видиме како би одела математиката:

Ако не запре ширењето на вирусот, за 30 дена ќе имаме од 2 до 10 повеќе случаи на заразени лица затоа што инфекцијата се дуплира на секои 3 дена.

Овој број е катастрофално голем проблем за сите нас: 10.000 случаи x 1.024 во САД за само три дена. Тоа се 10 милиони луѓе заразени со вирусот.

Откако владите на Кина, Норвешка, Франција и на Италија ја сфатија математиката, реагираа и затворија сè. Земјите што нема да се справат соодветно ќе платат многу поголема, покатастрофална цена.

Но, болничките кревети не се големиот проблем. Проблем е недостигот на респиратори.

Ако почнеме со социјално дистанцирање до 23 март, ќе се избегне заразување на 1,4 милион луѓе во САД.

Ако сите се придржуваат до екстремните мерки за социјално дистанцирање, САД драматично ќе го намалат ширењето на вирусот:

2 x 2 x 2 x 2 = 16

Наместо 10 милиони случаи, ќе има само 160.000.

Автор: Џејсон С. Варнер”
Се надевам дека сите убаво ќе го прочитаат ова.
Можеби најидеално би било и во форма на цртежи, со илустрации, да се образложи, за да бидеме сигурни дека на сите конечно ќе им влезе во глава зошто пандемијата која ја предизвика вирусов е толку опасна и зошто држави воведуваат вакви рестрикции на движење и де факто карантини на цела популација.
Да беше помала стапката на репродукција на вирусот, на ниво на САРС, МЕРС или ебола, а со оваа стапка на смртност, никој немаше ни да трепне, ни да се интересира за вирусов. Да беше со оваа стапка на репродукција, а со стапка на смртност како сезонскиот грип, поеднакво, на никој немаше да му биде гајле.
Комбинацијата на двете го прави го прави толку сериозен, најсериозна пандемија со која се соочил светот од шпанскиот грип.
Затоа и нема ефект молење, пустење и расправање на властите со населението, а воведување карантин откако капацитетот за хоспитализации на здравствениот систем ќе биде надминат, како што гледаме дека се случува во Италија и Шпанија (а можеби за брзо и во Холандија и УК). Или ја локализираш епидемијата со вистински спроведен и агресивен карантин во еден регион од државата кој е жариште и спречуваш да се прошири без контрола низ цела држава, а не како Италија да се молиш со луѓето да седат дома. Или, комбинација од строг мониторинг на увезени случаи, со масовно тестирање на сите мапирани контакти на заболените и социјално дистанцирање.
Европските држави имаат целосно посран пристап во случајов. Воведуваат постепени мерки, со изговор дека сакаат да избегнат шокови на економскиот систем, а воведуваат карантини откако веќе болниците се со надминат капацитет и без достапни легла. Тоа само значи дека, наместо само за еден регион, ќе им бидат потребни рестрикции на движење низ цела држава после некој период и дека, наместо 2-3 недели, ќе треба да ги одржуваат тие рестрикции 1-2 месеци, зошто се воведени прекасно. На крај, нето ефектот е уште поголема штета врз економскиот систем.
И многу повеќе умрени
Една мала дигресија за огромните бројки во Италија.

Начинот на кој италијаните ги пријавуваат бројките на корона жртви е малку чуден.

Секој што е позитивен на вирусот а умрел од било која причина, терминална болест, жена му со тава му скршила глава итн ги пријавуваат како дневни жртви од корона, иако вирусот не е причина за нивната смрт.

Во реалност само 12% од пријавените бројки короната е директна причина за смрт
Супер, само што воопшто не го вика тоа статијата. Само 12% од умрените немале никаква претходна хронична болест, а останатите имале ..... „only 12 per cent of death certificates have shown a direct causality from coronavirus, while 88 per cent of patients who have died have at least one pre-morbidity - many had two or three“.
Тоа не значи дека, ако те удрила кола и случајно си имал коронавирус, ќе те евиденитираат како жртва од коронавирус. Тоа е комплетен нон сенс.
Сите што умреле, или еве најголем процент, умреле како резулатат на компликации од инфекцијата, затоа што најголем дел од нив им умираат во болница. Тоа значи дека, ако не биле заразени од коронавирусот, ќе продолжеле да живеат, уште дополнителни 6 месеци, година дена, 2 години, 10 години...
Еве што вика понатаму:
This does not mean that Covid-19 did not contribute to a patient's death, rather it demonstrates that Italy's fatality toll has surged as a large proportion of patients have underlying health conditions
.
Ако се покачи за уште еден степен denial-от, ќе искочи дека уствари коронавирусот не постои, сите што веруваат во него се шизофреници, а луѓето умираат од преголем стрес од болест што не постои.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Aбе кој нормален купува готвена храна сега?
муабетот беше за пецива, бурек, кашкавали и сувомеснати на сечење и меснати полутки носени на рамо. Далеку од готвена храна. Макар да и готвена храна не е баш за користење во вакви услови.
Како и за леб половично или непакуван.


Состојба 24.03.2020, Институт за јавно здравје

korona-24-sl-1.png

korona-25-sl-2.png
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
муабетот беше за пецива, бурек, кашкавали и сувомеснати на сечење и меснати полутки носени на рамо. Далеку од готвена храна. Макар да и готвена храна не е баш за користење во вакви услови.
Како и за леб половично или непакуван.
Знам дека под поимот готвена храна друго обично подразбираме, но во контекст на состојбата и новиве услови - бурекот е готвена храна која ја купуваш и одма ја јадеш.
Такви работи сега - не. Јас генерално се трудам да избегнувам, во време кога хараат вируси, секаков фаст-фуд, ресторани намалувам, бурек и слично. А сега, скроз не го праам тоа.
Исто така, имам пишано одамна тука, дека кај нас леб не се купува ко порано, убав, свежо печен, али неспакуван фабрички во кеса. Хигиенските стандарди се ужас и не можам тој луксуз да си го дозволам, ко порано што сме праеле.
 
Член од
24 јули 2018
Мислења
57
Поени од реакции
235
мене да ме исечат два шприца од по двеста куба смола од канабис и хашиш ќе ми исцедат од бели дробои.
Прегледај го приврзокот 240544
никад предходно сум немал 100% капацитет на плуќа,95-97% максумум.
Единствено нешто што ми помогна периодов да не мислам 24/7 на ситуацијава е канабисот. Дури мислам дека тоа е лекот за Коронава.
Пред два-три дена ги имав сите симптоми на Ковид. Од кога почнав да конзумирам ТХЦ, го готвам канабисот и го јадам, не го пушам, се ми помина. Не се зафркавам и не тролам. Навистина помага барем да не доживувам стресови :)
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Супер. Ја па као подвижна реклама за вентолин/евохалер сум :D

Ни ја никад не сум имала сатурација 100ка, 87+ обично. Со вентолин 100ка пука.
Автоматски споено мислење:


Што линк е ова? Не се отвара. Ако не ти е мака обајсни кратки црти.

Ја погрешно сфаќам или да се регистрираш дека си медицинско лице?! Пошо денеска видов гугл докс, за такво нешто.
Кнедла имам уште, не можам ни да објаснам, најдов едвај линк.
Дали треба некој јак јавен притисок, незнам
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.155
Поени од реакции
10.154
Единствено нешто што ми помогна периодов да не мислам 24/7 на ситуацијава е канабисот. Дури мислам дека тоа е лекот за Коронава.
Пред два-три дена ги имав сите симптоми на Ковид. Од кога почнав да конзумирам ТХЦ, го готвам канабисот и го јадам, не го пушам, се ми помина. Не се зафркавам и не тролам. Навистина помага барем да не доживувам стресови :)
АЈДЕЕЕЕ...сега наместо сумамед таблети народов ако те прочита, ке оди да бара марихуана да пуши:pos::pos::pos:
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.056
Поени од реакции
11.222
Супер, само што воопшто не го вика тоа статијата. Само 12% од умрените немале никаква претходна хронична болест, а останатите имале ..... „only 12 per cent of death certificates have shown a direct causality from coronavirus, while 88 per cent of patients who have died have at least one pre-morbidity - many had two or three“.
Тоа не значи дека, ако те удрила кола и случајно си имал коронавирус, ќе те евиденитираат како жртва од коронавирус. Тоа е комплетен нон сенс.
Сите што умреле, или еве најголем процент, умреле како резулатат на компликации од инфекцијата, затоа што најголем дел од нив им умираат во болница. Тоа значи дека, ако не биле заразени од коронавирусот, ќе продолжеле да живеат, уште дополнителни 6 месеци, година дена, 2 години, 10 години...
Еве што вика понатаму:

.
Ако се покачи за уште еден степен denial-от, ќе искочи дека уствари коронавирусот не постои, сите што веруваат во него се шизофреници, а луѓето умираат од преголем стрес од болест што не постои.
But Prof Ricciardi added that Italy’s death rate may also appear high because of how doctors record fatalities.

“The way in which we code deaths in our country is very generous in the sense that all the people who die in hospitals with the coronavirus are deemed to be dying of the coronavirus.

Докторот вика секој што умрел во болница а бил позитивен на корона го пишат во графата жртви од корона вирус

Наркоман позитивен на корона кој се предозирал го пишат како жртва од корона вирус. Терминален канцер кој умирал во било кој случај само затоа што се заразил од корона ќе го пишат дека е жртва од корона
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.422
Поени од реакции
9.065
Значи испаѓа си патиме од тие високо образовани лица, директори, доктори, професори и тако даље.
Наместо да бидат пример за граѓаните тие се доказ како не треба да се однесуваш.
На скијање ќе оделе тие, да ги пуштиш со санка ќе се отепаат по стаза, на скии ќе се качувале.
На стрелање треба да ги стават сите овие директори и доктори кои свесно ги ставиле во ризик своите колеги и роднини.
Таа Цаца ака Јаница Костелич барем да излезеше јавно да се извинеше кон граѓаните, писмено барем, не дека ќе сменеше нешто ама сепак.
Се надевам судот ќе и ја одземи лиценцата.
а ти мислеше од тие социјалците што се возат со автобуси.:)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
На тие продавници без грам култура на хигиена и во нормални услови, би ги додал и камионите што носат леб. Истите ги истовараат пластичните гајби леб на тротоар и ги влечат до продавница. И за други продавници (носење полутки месо на грб) ама да не навлегувам повеќе во навиките на снабдување на продавници. Општо и без вирусов, ваков вид "транспорт" мора да биде санкциониран.
Ова и настрана од моменталнава ситуација е за санкции.
Дополнително, тие со лебот еден добар дел, посебно ако се помала фирма и одат од еден до друг град, глумат и Карго експрес на враќање.Бела техника, гуми, овошје и зеленчук сум гледал товарени па дури и со лебот заедно.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Затоа тука се убедени дека карантинот ништо нема да смени освен многу откази и пад на економија.

Денес изјави дека доволно се тестира, се е под контрола. :) Тестирани 24.000, потврдени 2.500.
Денес во Стокхолм 18 починати, во еден ден. Ништо страшно рече, очекувам бројките и да растат ама се тоа е во разумна граница. :)

На крај и херои ќе излезат. :unsure:

Прегледај го приврзокот 240518
Фејк њус. Ако воопшто, тоа е минорно мислење во Германија. 95% од народот одобрува полициски час тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom