Ама немојте со тие приказни јас го прележав и мене ништо не ми беше. Различни луѓе, различни организми, различно го поднесуваат вирусот. Едноставно нема правила. Не ја потценувајте сериозноста на состојбата. Точно е дека голем дел имаат блага форма на болеста, ама добар дел имаат и тешка форма на болеста. Комуницирам со особа од Италија што го прележа вирусот. Истата таа особа ми кажа дека мал милион пати посакала да умре и да се спаси од маките кои ги доживува. Температура висока, се до степен на халуцинации и бладање, мускулна болка (како шлепер да поминал преку неа), не можела од кревет да стане, кашлица силна, уште малку белите дробови што не ги искашлала. Заврши на респиратор и се опорави. Инаку станува збор за 29 годишна девојка, без никакви коморбидитети.
Од друга страна комуницирав и со жена на 55 години со дијабет и хипертензија, која го помина вирусот како ништо да не и беше. Значи нема правила како вие ќе го прележите. Едноставно секогаш постојат отстапки.
И тие процентите што укажуваат дека повозрасни само заболуваат, не се многу веродостојни. Зошто? Еве во Македонија, статистиката покажува дека просечната возраст на заболените е 30-39 години.