Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Неофицијално: Први 2 случаи во Прилеп. Утре би требало да потврдат.
Во Прилеп потврдени првите двајца позитивни на коронавирус, пренесува „Канал 5„

Се проверуваат нивните контакти.

Кризниот штаб на Прилеп попладнево ќе излезе со детали и нови мерки.
 
Ама немојте со тие приказни јас го прележав и мене ништо не ми беше. Различни луѓе, различни организми, различно го поднесуваат вирусот. Едноставно нема правила. Не ја потценувајте сериозноста на состојбата. Точно е дека голем дел имаат блага форма на болеста, ама добар дел имаат и тешка форма на болеста. Комуницирам со особа од Италија што го прележа вирусот. Истата таа особа ми кажа дека мал милион пати посакала да умре и да се спаси од маките кои ги доживува. Температура висока, се до степен на халуцинации и бладање, мускулна болка (како шлепер да поминал преку неа), не можела од кревет да стане, кашлица силна, уште малку белите дробови што не ги искашлала. Заврши на респиратор и се опорави. Инаку станува збор за 29 годишна девојка, без никакви коморбидитети.
Од друга страна комуницирав и со жена на 55 години со дијабет и хипертензија, која го помина вирусот како ништо да не и беше. Значи нема правила како вие ќе го прележите. Едноставно секогаш постојат отстапки.

И тие процентите што укажуваат дека повозрасни само заболуваат, не се многу веродостојни. Зошто? Еве во Македонија, статистиката покажува дека просечната возраст на заболените е 30-39 години.
 
А шо е со бремените жени,упатиа апел да бидат ослободени од на работа.:cautious:А знаеме кај нас колку им е гајле на газдите за некакви си апали.
 
Ако газдата не го послуша апелот, ќе пријавам, па газдата нека си одговара кривично после.
Колку шо знам за апели не се одговара кривично.Значи за хроничните болни стрикно кажаа дека не смеат да одатна работно место.За бремените остана само на апел.
 
Колку шо знам за апели не се одговара кривично.
Јас колку што знам тоа беше наредба, а не апел.

Едит. Јас се извинувам, ова се однесувало само на пациенти со хронични болести!!
 
Ноќеска сосед мозочен удар,го нашле легнат на под.Од брза помош не сакале да дојдат,им рекле да му дадат апче за притисок.После жената преку познати издејствувала да дојдат сабајлево он е непокретен и не може да збори на инфективна го однеле.Каков хаос не очекува....
 
Сега ќе ти стави некој анализа дека сезонскиот грип бил поопасен.
Тоа цел свет е во паника, во Италија нема кревети за болнине, сали се претвораат во болници од брзината со која се шири, сите други болести се стабени на стенд бај, ама сепак...
 
Најверојатно и жена му и детето се заразени, но не сакале да се тестираат. Потпишале изјава дека ќе одат во изолација, но ништо од тоа. Со оглед на тоа колкава група беа заедно, а притоа контактираа со половина град, не сакам ни да замислам што може да биде. За во Прилеп се работи.
 
Последно уредено:
Сега ќе ти стави некој анализа дека сезонскиот грип бил поопасен.
Тоа цел свет е во паника, во Италија нема кревети за болнине, сали се претвораат во болници од брзината со која се шири, сите други болести се стабени на стенд бај, ама сепак...

Сезонски грип е поопасен тоа е докажано со факти, научни од доктори и научници.

Загадувањето од греење на дрва и возење Вољксваген Голф од 1999 убива повеќе луѓе од корона и сезонски грип заедно, и тоа е докажано со факти од научници.

Е сега тебе паника те фаќа бидејќи во ударни вести нема ни за загадување ни за сезонски грип ама сега си бомбардиран од сите страни за корона вирус и паничиш.
 
Голем дел од бремените жени кои работат во приватните фирми одат на работа. Ова се случува најмногу во странските фирми, каде им се закануваат со откази бидејќи немаат доволен број на работници. Зарем мислите дека некој би се осмелил да пријави, за подоцна да остане без работа и да не може да се грижи за семејството? Едноставно се плашат бидејќи знаат дека во иднина може да се случи да не најдат воопшто работа.
 
Ноќеска сосед мозочен удар,го нашле легнат на под.Од брза помош не сакале да дојдат,им рекле да му дадат апче за притисок.После жената преку познати издејствувала да дојдат сабајлево он е непокретен и не може да збори на инфективна го однеле.Каков хаос не очекува....
Ова е тоа што го зборам, нема да има ни кадар ни капацитети ако се преплават клиниките, тоа вака сме мањак не па во таква ситуација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom