Што бе, влеговме у ЕУ??? Ајдеее полетуваме МУУУНННН
Она што Трамп сака да го направи е невидено. Темпирана бомба. Сака за 7 дена да ја отвори америка, границите, све комплет. Со 10к случаи ДНЕВНО сега кога е скоро све затворено, замислете колку случаи ке има кога ке се отворат и границите и фабриките и све.
Човекот е спремен да жртвува многу животи на сметка на економијата, берзата и реизборот. Постојано збори дека повеќе жртви би имало од рецесија него од Корона, па не е свесен што ке му се случи, каква Италија, ова ке биде катастрофа од невидени размери. Мислам дека нема да прават тестови само за да не се покажува колку нови болни има. Буквално пуштање на луѓето под лед и око не му трепнува.
Што се однесува до МСЕ, денес раст, утре пак раст, но ке видиме до кога. Има уште 1 месец до нашиот пик на број на заболени. Државата и економомијата нема да функционира целосно минимум 2-3 месеци, берзата може и да се врати во нормала, некои 20% подоле од што беше ( за стари цени ке си почекате ), но на економијата ке и треба многу време да се опорави. Но, и покрај све, МСЕ пак ке биде прескапа во однос на берзите во ЕУ, можеби мислите дека ви е подобро да инвестирате во МК но тоа воопшто не е случај. Ви се дава можност да купите било која компанија од било која држава а вие решавате да изберете помежу едни исти - АЛК, КМБ, ГРНТ....останато ако купите ке се соочите со неликвиден пазар, неможност да продадете кога сакате, а надвор од МК тоа не е случај. Да, поголем ризик е надвор, ама и поголеми шанси за поголеми добивки.
Прашувавте што јас правам, многу ве интересира, го погодив падот па сега чекате кога ке кажам дека ке расне за да (можеби ) послушате. Епа драги кафекуварки и покрај тоа што голем дел од портфолиото ми е продадено и највеќе сум у кеш, јас пак имам поголемо портфолио од вас во моментот ( соберете се 4-5 души па може ке имате како мене ). Уште не влагам, ниту во МК ниту во странство, ке почекам да се смири ситуацијата па тогаш. Да, може ке изгубам 10-20% поради тоа што цените ке скокнат од дното, но барем ке знам дека нема да имам ризик дека и тоа ДНО не е конечно дно.
Ве предупредував почесто кога паѓаше, сега во моментот ситуацијата е на стенд бај и нема што многу да се пише бидејќи ке е чисто нагаѓање, коцка.