Оваа криза го начека буџетот апсолутно у хаос пошо поради избори не издале предвидена еврообврзница од пола миљарда евра и можам да замислам како се чувствува Нина Групер што навикнала да менаџира успешна фирма што прелева со кеш, а овде мора да крпи дупки и да пресипува од шупливо во празно. Мислам дека ќе плачеме и молиме буџетот да биде у состојба како кога министер беше Ставрески.
Да има политичка волја, оваа ситуација би требало да се искористи за радикално сечење на буџетските трошоци. Барем една третина од администрацијата е ЦЕЛОСНО НЕПОТРЕБНА и нив веднаш би ги отпуштил. На другите две третини би им ги намалил платите од 10-50% за да се намали атрактивноста на државната работа и да се стимулира самите да напуштаат. Наместо со повисоките плати у администрацијата да се привлечат подобрите работници, системот е извитоперен и таму влегуваат најнеквалитетните: партиските плакатолепачи и тие што платиле мито. Тие всушност се работници на партиите, а државата само ги плаќа!
Со заштедените пари би вршел набавки на капитални добра, јавни работи и инвестиции во инфраструктура за државата да добие вредност за парите што ги троши, наместо бесповратно да ги арчи давајќи им ги на целосно непродуктивна група луѓе.
Посебно драконски би сечел по агенции и установи што остваруваат сопствени приходи и од тоа исплаќаат огромни плати. Прва на удар би била М-НАВ, кадешто има скоро 300 вработени со просечни нето плати од (пази ова!) 131.000 денари! Тие наплаќаат за прелет преку македонското небо, а се однесуваат како тоа да им е фамилијарен имот и парите наместо у буџет - завршуваат во нивни плати и привилегии! Тие вршат наведување на десетте авиони што ќе слетаат во Скопје и Охрид дневно, т.е. имаат работа пет минути на секои два саата. Процесот ионака се врши 99% компјутерски, а недај Боже некогаш да затреба некој од тие партиски паразити стварно да интервенира - е тогаш ќе видиме какви неспособни се примени. Еве нека има тројца по смена за наведување, у по пет смени за турнуси, и уште пет души за администрација - значи таму не би смеело да има повеќе од 20 вработени! А ги има 300 и тоа се сигурно оние со најјаки политички врски што лапаат вакви астрономски плати.