Коронавирус (COVID-19)

Член од
12 март 2009
Мислења
20.187
Поени од реакции
16.325
Како не пуштаат, кога нема да се купи? Каде не пуштаат?
Автоматски споено мислење:


Има неколку постови на темава, од едни те исти членови, кои упорно пуштаат лажни вести.
релативно е да се зборува за лажни вести околу Ковид, за било кого, тоа 14 дена е шаблон, може и подолго да тлее и да не се покажува на прво тестирање...
Не смее никој да лаже за контактите што ги имал, без обзир дали во моментот ги има или нема симптомите..
Патем имаше и за директорот на мислам инспекторат за храна, дека дошол од Италија и мртов ладен си терал на работа, вработените уплав..
Исто така податокот дека кај нас повеќе жени се заразени од мажи кажува нешто за 8 март... а инаку мажите се поподложни на вирусот...
А Релативно е и што е ризична држава..
сега ние имаме 65/1 М луѓе а Грција 67/1М луге и сигурно повеќе тестирани... Кој е поризичен ??
Они први ни ја затворија границата, сепак со право
Хрватска има список, високо ризични се Италија и одредени подрачја од Кина и Европа....... задолжителен Карантин
За другите средно ризични држави 14дена самоизолација
Ние сега , со помал број на заразени и помал број на луѓе од надвор што ќе се враќаат, можеме и треба да спроведеме построги правила за карантин... без преивилегии !!!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Оправањето на Кина, ми личи дека повеќе има потпора во политичка пропаганда отколку во реалноста.
Не дека не се опраени, ама IMO повеќе се праат дека се опраени, отколку што стварно се.
Автоматски споено мислење:

релативно е да се зборува за лажни вести околу Ковид, за било кого, тоа 14 дена е шаблон, може и подолго да тлее и да не се покажува на прво тестирање...
Не смее никој да лаже за контактите што ги имал, без обзир дали во моментот ги има или нема симптомите..
Патем имаше и за директорот на мислам инспекторат за храна, дека дошол од Италија и мртов ладен си терал на работа, вработените уплав..
Исто така податокот дека кај нас повеќе жени се заразени од мажи кажува нешто за 8 март... а инаку мажите се поподложни на вирусот...
А Релативно е и што е ризична држава..
сега ние имаме 65/1 М луѓе а Грција 67/1М луге и сигурно повеќе тестирани... Кој е поризичен ??
Они први ни ја затворија границата, сепак со право
Хрватска има список, високо ризични се Италија и одредени подрачја од Кина и Европа....... задолжителен Карантин
За другите средно ризични држави 14дена самоизолација
Ние сега , со помал број на заразени и помал број на луѓе од надвор што ќе се враќаат, можеме и треба да спроведеме построги правила за карантин... без преивилегии !!!
Не мислев на тебе кога зборев за членот кој на повеќе пати, приметив, пушта такви постови.
Ти си ван конкуренција.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.171
Како не пуштаат, кога нема да се купи? Каде не пуштаат?
Автоматски споено мислење:


Има неколку постови на темава, од едни те исти членови, кои упорно пуштаат лажни вести.
Еве во Кавадарци во некои од маркетите не пуштаат без маска, слушнав и за аптеки ама лично не сум бил во аптека овие денови.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Баш би сакал да ги слушнам препораките од антиваксерине за целава ситуација.Сигурно имаат некое мудро решение!:cautious:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
2ца почнати од крузерот во Јапонија. Кога беше актуелен крузеров, пред 2 месеца? Зарем уште ги има? Нели е сезонски грип?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Јас не знам зошто не се санкционираат тие со мрачни сценарија што јавно искачаат и своите фрустрации ги пренесуваат на нашиот народ со ионака кревко ментално здравје?
Куп доктори стручњаци, со нивни депресивни мислења (нека си го задржи за себе) што се толку многу добри и врвни експерти во своите полиња...Па тебе брат ако те бива ќе бидеш во лабораторија и ќе размислуваш за опции за лекување и вакцини.
Сега на сите им треба доза на разумност а не нова доза на паника.
Тука исто така би сакала да посочам дека по српскиве телевизии се прават интервјуа со некои т.н "доктори" ( не зборувам за таа што била епидемиолог во Југославија ) кои упорно презентирааат некои нивни гледишта дека вирусов не бил толку заразен, немало потреба за карантин, се ова било економски испланирано за да се ослаби Европа, како тоа обичниот грип бил повеќе заразен и имал поголеми последици отколку вирусов, дека се ова било последица на 5G итн.
Просечен Македонец е доволно да го види ова видео во траење од 8 минути ( пошто гледам дека кружи по фб масовно ) и готово, си го врзува во крпче. Па оди ти докажи му поинаку.
 
Член од
20 септември 2017
Мислења
920
Поени од реакции
1.347
http://emag.medicalexpo.com/which-masks-actually-protect-against-coronavirus/

Најмалку N95 еу стандард FFP1, FFP2 или FFP3 маска за заштита од Коронавирус, другите пишува во кои околности се носат. FFP 3 e најдобра.

За обичните "хируршки маски":
If worn by the caregiver, the surgical mask protects the patient and his or her environment (air, surfaces, equipment, surgical site). If worn by a contagious patient, it prevents the patient from contaminating his or her surroundings and environment. These masks should not be worn for more than 3 to 8 hours.
A surgical mask can also protect the wearer from the risk of splashes of biological fluids. In this case, the surgical mask must have a waterproof layer. It can also be equipped with a visor to protect the eyes.
But a surgical mask does not protect against “airborne” infectious agents so it will not prevent the wearer from being potentially contaminated by a virus such as the coronavirus.

In the United States, the N95 respirator filters 95% of airborne particles, and can even filter out bacteria and viruses, according to the Centers for Disease Control and Prevention. So for caregivers, it is necessary to wear a respirator of class N, R or P.
https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/hcp/respirator-use-faq.html
iStock-masks-300x186.jpg
 
Член од
10 март 2020
Мислења
127
Поени од реакции
188
Pocnaa da nepustaat po marketi bez maska zatoa sto e dokazano deka taka pomalku se prenesuva virusot,ne vo odnos deka ti licno ke imas nekoja pregolema zastita no ako ima nekoj bolen ke si kiva i kasla vo maskata,so kivanje od zabolen virusot se prenesuva ido 4 metri,a inaku i obicna tkaenina da imas staveno na liceto ke te pustat sekade ne mora da e kupecka maska.Vo Praga e zadolzitelno sekoj sto izleguva nadvor da nosi a kinezite mislam deka i kotek mavaja na toj sto e bez maska izlezen
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Тука исто така би сакала да посочам дека по српскиве телевизии се прават интервјуа со некои т.н "доктори" ( не зборувам за таа што била епидемиолог во Југославија ) кои упорно презентирааат некои нивни гледишта дека вирусов не бил толку заразен, немало потреба за карантин, се ова било економски испланирано за да се ослаби Европа, како тоа обичниот грип бил повеќе заразен и имал поголеми последици отколку вирусов, дека се ова било последица на 5G итн.
Просечен Македонец е доволно да го види ова видео во траење од 8 минути ( пошто гледам дека кружи по фб масовно ) и готово, си го врзува во крпче. Па оди ти докажи му поинаку.
Српсите весници не ги ни коментирам, тоа е посебна приказна. Ни требаат инфромации за состојбата и толку. Што се деси со паметните доктори кои изјавиле дека Сумамед е ефикасен? Испразнија аптеки...
Си постои званичен извештај, има официјални прес конференциии и толку.
И тоа што го велиш е слична приказна со лош ефект.
Ова се лоши и осетливи времиња и сите сме заложници на тв и нет. Таму треба да има најголема одговорност.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Некој вози точак на полноќ кога се празни улиците. Некој што е прва смена станува рано-рано и во 4 сабајле оди на трчање. Некој си пешачи во 9 навечер. Некој си се релаксира со возење кола исто касно навечер или со седење во паркче пред зграда. Зошто сите овие луѓе да немаат привилегија да го прекршат полицискиот, а кучкарите да имаат?
Дури и смешно е како си добил толку лајкови за ваков банален пост. Знам дека е џабе, ама еве ќе одговорам за последен пат и да ја затвориме темава зашто овде очигледно владее омразата и љубомората, а не сочувствувањето и здравиот разум.
Во стилот, "штом јас седам дома, и ти ќе седиш, цркни!"
Некако ми е жал сега што се избришани сите пцовки и вулгарности што беа постирани претходно, баш добро отсликуваа какви сме ние како народ.

"Кучкарите", драг Билбо, имаат реална потреба да ги изнесат милениците надвор, за разлика од овие што ги наброја. Не поради тоа што сакаат да седат во паркче пред зграда или да се возикаат со точак на полноќ туку затоа што во своите домови имаат живи суштества со реални физиолошки и психолошки потреби.
Колку и да тебе тоа нереално ти звучи, кучето не е некој приврзок кој го шеташ само за разонода. Неретко ние "кучкарите" правиме "жртва" и кучињата ги шетаме зашто тие самите имаат потреба, а не од наш ќеф. Ги шетаме и кога сме уморни и кога е ладно, и кога врне, и кога не будат рано сабајле, и кога е касно и ни се спие. Затоа што секој еден хуман и одговорен сопственик на куче тоа треба и мора да го прави. Така да таа привилегија како што ја нарекуваш, не е ништо повеќе од една секојдневна обврска.

За сите други што ме цитирале и се чудат зошто не може пред 21:00 да се прошетаат кучињата, на кратко.
Дали сте помислиле дека полицискиот час можеби ќе се помести и ќе почнува порано, да речеме од 18:00? Дали сте помислиле дека има луѓе над 67 години кои чуваат кучиња, а кои сега не смеат да ги прошетаат после 11 саат сабајле? Дали сте помислиле дека има луѓе што одат 2ра смена на работа и се враќаат дома во 21:00? Дали сте помислиле дека има кучиња кои што од X причини мораат да одат повеќе пати да мочаат? Дали сте помислиле зошто земји како Италија во кои се случува невиден хаос, сепак имаат веќе воведено ваква отстапка?

За крај, совршено ми е јасно дека некој што не чува куче ич не го боли за овој проблем и најмалку што сака да чита овде е дали некој може да "си се шетка" со кучето или не. Тоа е нормално. Ама она што не ми е јасно е зошто истите тие луѓе се мешаат во проблеми кои ги немаат и не можат да ги разберат, па уште и солат памет и сеат навреди? Исфрлете си ги фрустрациите и омразата од себе на друг начин.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.939
Поени од реакции
4.432
Дали постои некое упатство како да се "менаџираат" купените работи од продавница? Се сомневам дека сите производи/артикли се чисти, па макар и луѓето да ги дезинфекцирале рацете.

Некои велат да се измијат работите со топла вода, некои да се остават на отворено (пр. тераса) да се луфтираат.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Неретко ние "кучкарите" правиме "жртва"
На толкав текст, со ова све си кажал. Ако ти е жртва, тек па на кучето каква жртва му е што мора у 4 ѕида да кмичи цел живот.

И нема да забранат целосно такво движење, ќе можеш да излезеш пред зграда. Не знам кој ви кажал дека ќе ве снајперише некој ако излезете со кучето или ќе ви ги еутаназираме милениците одма за да ја спречиме епидемијава. Ако ти од Капиштец се потегнеш до парк да носиш миленик да се испразни, тогаш кај тебе да не е грешката? Праење 5 минутен круг околу зграда, ниту ќе те види некој, ниту ќе те уапси. На крај краева, ќе те видат дека си со куче и ќе се објасниш.
Стварно многу далеку отиде дискусијава за таква тривијална работа.
Муабетот беше за АМ кои сакаат да се јават дека си живи, досадно им е по дома и трескаат по тоа тастатурите.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Дали постои некое упатство како да се "менаџираат" купените работи од продавница? Се сомневам дека сите производи/артикли се чисти, па макар и луѓето да ги дезинфекцирале рацете.

Некои велат да се измијат работите со топла вода, некои да се остават на отворено (пр. тераса) да се луфтираат.
Јас ги миев, и прскав со алкохол.
Иначе поради недостаток на витамин Д поради зимава и седење дома добро е да си купите. Затоа имунитетот ни е најранлив сега баш од сите вируси. Витамин Д е многу ботен фактор а неможе преку храна да се внесе во задоволителни количини.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.180
Поени од реакции
10.157
Јас ги миев, и прскав со алкохол.
Иначе поради недостаток на витамин Д поради зимава и седење дома добро е да си купите. Затоа имунитетот ни е најранлив сега баш од сите вируси. Витамин Д е многу ботен фактор а неможе преку храна да се внесе во задоволителни количини.
Дали мислиш на оние капките Вигантол или нешто друго??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom