Како и претходно што ти препорачаа - Matador Hectora 3.
За парите нуди многу висок квалитет, одлично држење, не се бучни воопшто.
Ги возам моментално на 4 коли во различни димензии. На останатите 3 коли, ги чекам да се потрошат тие што им се моментално (Bridgestone, Uniroyal Rainsport) и ќе ги заменам исклучиво со Matador.
ПС. Навистина беше пред години правилото: или купиш најскапо или ништо друго не чини. И така полека почнаа големите производители на гуми да ги купуваат помалите и поефтини брендови со што се воведе соодветен ланец на производство, стандардизација и затоа сега имаме за многу прифатливи цени - квалитетна гума.