Поздрав
Совет за почетничко возило и мислење од искусни корисници
Заинтересиеан сум пред се за корса ц 1.2 и 1.4 пред се (наводно 1.4 многу трошела, 1.0 не е добра бидејќи е со три клипа)
Нешто за форд фиеста 1.4 тди.
Нешто за даихатсу сирион 1.0 наводно доста економично возило но што е со одржување и резервни делови.
Опел Корса 1.0 треба да се избегнува. Не е погоден мотор. За разлика од него 1.2 е доверлив мотор и јас би одел на него ако се вози градска вожња. За на отворен пат моторот е релативно тром и во тој случај најверојатно подобар избор би било 1.4 ( но немам искуство досега со 1.4 кај Опел)
Разочаран сум од 1.7 цдти особено кај Мерива.
Форд Фиеста, како што рекол членот погоре и мене ми е кутија на тркала. Едноставно колата мене ми нема шмек, ниту е забавна за возење. Дизајнерски не ми се допаѓа воопшто.
Имам возено и бев разочаран. Сосема друга приказна е Фокус особено со 1.8 тдци. Можеби едно од најдобрите коли некогаш направени.
Зборам за прва и втора генерација.
Би предложил Фокус 1.8 тдци или Тојота Јарис кое покрај тоа што е докажано возило, право чудо е колку простор има. Од надвор мало, но внатре за патници е милина, па и позади.
Права реткост е да се најде возило со толкав простор во ентериерот. Се мисли за моделска 2003-2007 година