Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
 
Уште еден успех за нашата кинематографија :oeoeoe:
Нашите големи амбасадори во светот Сестрите и братот Митевски после големиот успех на Господ постои името и е Петрунија со 100 фестивали, 34 награди, дистрибуиран во 40+ земји. Новиот филм во изработка
„НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ“ НА ТЕОНА С. МИТЕВСКА СЕЛЕКТИРАН ЗА АТЕЛJЕ НА КАНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
 
Секоја чест на МРТ и Милчо со циклусот на филмови на Милчо. Добра е и емисијата како вовед во филмот плус даваат и негов краткометражен филм. Еве вечерва е краткиот филм Четврток па потоа следува Пред дождот.
 
Да споделам со Вас детали за новиот филм на Теона Стругар Митевска кој е селектиран во програма за развој на Канскиот филмски фестивал. Работен наслов е НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

Го следи животот на 40 годишната Асја која се обидува да најде љубов во Сарево. Таа решава да се вклучи на дејт настан незнаејќи дека оди на дејт со Зоран, 43 годишен банкар кој не бара љубов туку прошка од неговата прва жртва за време на војната. Зоран всушност е човекот кој ја застрела Асја пред неколку години кога тој беше војник.

Продуцент е Лабина Митевска со продукцијата Сестри и Брат Митевски. Предвидениот буџет е 1.140.000 евра а снимањето се планира за 2020/21 година. Филмот барем делумно ќе се снима во Сараево со босански актери. Досега не добиле пари од Агенцијата за филм претпоставувам дел од средставата ќе се од БиХ и други копродуценти.
 
Каква поврзаност имаат првите два дела со третиот во филмот Мајки на Милчо Манчевски?
 
Каква поврзаност имаат првите два дела со третиот во филмот Мајки на Милчо Манчевски?
И првите два не се поврзани, секој дел си е независен, а третиот е документарец коj навистина се случил кај нас, во Кичево.
За таа приказна мислам дека би можело да се снима и посебен филм, навистина е несекојдневна случка за кај нас.
Автоматски споено мислење:

Да споделам со Вас детали за новиот филм на Теона Стругар Митевска кој е селектиран во програма за развој на Канскиот филмски фестивал. Работен наслов е НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

Го следи животот на 40 годишната Асја која се обидува да најде љубов во Сарево. Таа решава да се вклучи на дејт настан незнаејќи дека оди на дејт со Зоран, 43 годишен банкар кој не бара љубов туку прошка од неговата прва жртва за време на војната. Зоран всушност е човекот кој ја застрела Асја пред неколку години кога тој беше војник.

Продуцент е Лабина Митевска со продукцијата Сестри и Брат Митевски. Предвидениот буџет е 1.140.000 евра а снимањето се планира за 2020/21 година. Филмот барем делумно ќе се снима во Сараево со босански актери. Досега не добиле пари од Агенцијата за филм претпоставувам дел од средставата ќе се од БиХ и други копродуценти.
Содржината на филмов ветува, добра приказна за да излезе добра драма а и воопшто војните во бивша Југославија се извор за идеи за да се снимаат добри драми, уште какви ли не приказни и човечки судбини немало за кои ние и не сме ни слушнале.
 
Последно уредено:
Да. А вечерва на МРТ 1 HD

22:00Циклус филмови на Милчо Манчевскинајава
22:05Крај на времетократок игран филм
22:10Бикини Мунигран филм

Нека го сними некој сето ова ако е можно во HD да го ставиме на ТракерМК.
 
Ако си го гледал Бикини Мун, краток опис ако може?
Некои го фалат, некои викаат ич не го бива.
 
Бикини Мун очекував поинтересен да ме привлече. Нормално не е како филмовите со македонски актери што ги снима Манчевски ама не е ни лош.

Би било добро вакви циклуси МРТ да прават и со филмови од други македонски режисери.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom