Директорката на
ЈЗУ Општа болница Куманово, на ФБ денеска пишала статус:
Snezana Zaharieva
7 hrs ·
За жал,и Куманово има пациенти позитивни на тестот за Корона вирус(2019-nCoV).Денес една позитивна пациентка,префрлена на Клиника за инфективни болести,и за жал уште 2 позитивни теста за пациенти претходно лекувани во изолација кај нас на инфективниот оддел.Кај двајцата претходни пациенти тестовите беа негативни,но лошата клиничка слика,наглото влошување на состојбата и смрт на пациентката беа мотив за повторно тестирање.За жал,тестовите излегоа позитивни.Синот на починатата се наоѓа на Клиника за инфективни болести во стабилна состојба.Семејствата на сите позитивни ке бидат во изолација.Апелирам до сите граѓани да не кријат контакти и патувања во странство.Ги загрозувате вашите најблиски,но и медицинскиот персонал.Разочарана сум од ниското чувство на одговорност кај сите кои мислат дека лесно ке се справиме со болеста.Од сите нас,од нашето однесување ке зависи епилогот на оваа битка.Апел до медицинскиот персонал:не заборавајте дека сите САКАВТЕ да бидете вработени во болница.Изборот на професијата е личен!Да останеме присебни и на висина на задачата која е пред нас.Кога е лесно,не ни треба помош,сега-и ние и пациентите,со многу сериозен пристап кон новонастанатата ситуација.
На друга објава за тоа дали мајката и/или синот биле во странство, во коментар вели:
Snezana Zaharieva: Аман,нека почива во мир...не биле во странство.Повеке информации од Министерство за здравство.Засега 10 закани за тужба имам,до утре веројатно и линч.Се исклучувам од ФБ,допрва не чека работа.