Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Логично би било од 18 часот да започнува полицискиот час пошо претежно фирмите работат до 16:30/17:00, а викенди и порано. Ова со 21 ми е нон сенс, секако нема некаква фреквенција тој период во услови кога не работат кафичи, кладилници и кафани.
Не брат, ова е пред све ради малолетници, несовесни млади луѓе. Еве кај мене на пумпа забранија кафе од кафемат ама ладно кафе од фриждери и слично се троши како лудо, битно кафе да е, доаѓаат луѓе во групи од 3-4, некогаш и повеќе и пак се собираат. Има полиција, доаѓа кај нас стално и ги опоменува дека не треба да се групираат и да шетаат безвезе ама џабе, мораше вакво нешто да се воведе. Би требало ова да функционира затоа што не се сфаќа сериозно работава, барем вака со казни и слично може ќе им дојде памет.
Углавном разочаран сум максимално од луѓе и колку сме несовесни, себични и нотолерантни во 2020. Искрено, од секогаш не сум ни бил многу „народски“ човек и не сакам многу друштва, луѓе и слично ама после кризава, буквално мразам, жално е да мора да се воведе полициски час и вакви мерки за да се дигне свест за здравје. Не знам, тотално сме отидени со разум, етика и морали.
 
слушав и јас, ама не се, дали ќе се укине 3 смена на фабрики, на пример Цементара, Железара ??
Кажаа дека полиција ќе има список на луѓе кои работат во смени, значи ако си надвор за време на полициски час, не си болен (болен во придружба на двајца само смее), не си на список дека си трета смена, на пример - е тогаш ќе имаш проблем.
 
Чисто сумљам да се стае и од 18:00 полицискиот. Има фирми кои имаат и втори и трети смени, нема како да се изведе со нив.
Освен со некои потврди едино.
Мислам дека рече Спасовски оти ќе има отстапки, имаше некој пишано ЕВН мора да работи, леб некој треба да меси итн итн. Се надевам дека добро ќе ги контролираат овие работи иако се сомневам во нашиот систем, ќе има и отстапки и прогледувања низ прсти еден куп.
 
Целиот проблем е што преку ден има премногу раздвиженост, не ми е јасно што ќе решат со ова.
Site se slozuvame deka penzionerite se najneposlunite a tie sekako spijat od 21:00 do 06:00 taka da ova skoro niisto nema da resi
[/QUOTE]
не се само постарите лица, денес сабајле видов 3-4 мајки со деца чопоративно ги шетаа, а попладнето на игралиште имаше доста раздвиженост
 
Пошо втора смена е од 14 до 22 часот. Сега че треба да бидат 6 работни часа од 14 до 20 часот.
Друга работа. Германциве до овој момент имаат +2365 случаи што е -2110 од вчера. Шо е за пофалба. И таму е полициски час и само смееш да излегуваш со потреба. Казна за шетање по улици и 25.000 еура. :eek:
п.с колку глупо звучи ова Полициски Час :cuc:
У Германија сите шо се под работен договор добија потврди дека се вработени и не е ограничено движењето ко кај нас.
Дозволено е да се иде надвор на прошетка со член на семејството или со тие со кого живееш во иста куќа и секако да го шеташ кучето.
Исто така може да вршиш индивидуален спорт ко трчање или возење точак.
Можеш да идеш у пошта, банка, на бензиска и у маркет ама само еден човек од семејството.
 
Стари аман, објасни Оливер, ќе има исклучоци за ЕВН, Водовод, обезбедување, такси бла бла ама ќе работат со намален капацитет.
Има пропусти со некои фирми и јавни претпријатија.
Железницата работи нонстоп и тоа во смени, ништо нема за оваа категорија кажано. Машиновозачи немаат определено работно време од - до, посебно ноќе кога има товарни возови. Времето на работа е кога ќе пристигне одреден воз, тоа може да биде во било кое време од ноќта. Ако не може да се дојде на работа тогаш се плаќаат пенали за стоење на возот што нема логика.
Работам на работно место кое мора да биде поседнато 24 часа. Од Велес во Скопје за да стигнам на работа морам да излезам во 5 наутро, единствен превоз е со воз.
Сега треба да ми лупнат казна затоа што мора да се движам надвор од пропишаното време. Би требало да се среди на некој начин, не може виталните функции на државата да се стопираат.
 
У Србија им забраниле на старите над 65 години да испаѓаат на улица и имаш интервју по Белград каде ги прашуваат новинарите колку години имате.
Еден од старциве се избаци со околу 60 години :icon_mrgr:
Овоа гарант очекувај го кај нас.


Инаку полициски час не знам колку ќе помогне ама ете можеби и ќе биде корисен.Народот е многу опуштен, премногу дури и не верувам дека и полицискиот час ќе се практикува многу, поготово знаете веќе каде ама и општо низ цела Македонија.
вака дечки, има една поговорка која "вика стравот го чува лозјето", почекајте нека се зголеми бројката на заболени и нека се рашири во сите градови и села, е тек тогаш ќе има полициски час, ама овој пат ќе биде самоиницијативен а не државата да го организира.
Пример во АУС државава игра лабаво, да не речам кур ја боли, гледа економијата да функционира, сите ние сме само бројка, може и во право да е државата, не знам, ама народот гледа и прати, пример ги суспендираа фудбалските натпревари и тренинзи комплетно, нула активност од пионери до сениори, луѓево логички прашуваат, која е поентата децава да не тренираат а да одат на школо (а бројква на заболени расте), па постепено се се случува тивок бојкот, изминатава недела 20-30% од ученициве самоиницијативно не одеа на настава, за нареднава недела муабетиве кружат дека бројката ќе биде поголема, мое мислење, сакале нејќеле ќе ги затворат школите, така и кај нас, само нека се курчи народот, кога ќе се зголеми бројот на заболени и ќе почнат да ги бројат умрените, народот сам ќе направи полициски час, ама на жалост свеста ќе проработи малку покасно него што треба.
 
Би требало да се среди на некој начин, не може виталните функции на државата да се стопираат.
Кажаа дека фирмите што имаат потреба од работници за време на полициски час, треба да достават списоци до полиција. Не мора секоја бранша и индустрија посебно да ја нагласат
 
Како проверуваат дали е само еден член од семејството излезен?
Никако у моментот, ама ако те запре полиција и немаш логично оправдание зашто сте заедно двајцата у кола, го јадеш стапот.
Па ај после види дали се исплати ризик :)
 
Тоа де, како и да се вика потребата од шетање на куче ...
до пред епидемијата, пишуваше дека во Италија било 500 евра казна ако не се шета кучето 2х на ден..
Лесно е на тие во куќа, има двор... посебен проблем имаат тие со агресивни кучиња, питбулови, ротвајлери, а и тие со кучиња што треба да трчаат повеќе, хртови и слично
 
Абе и без вирусот глуп човек е глуп човек, ене ги децата на комшиите денес цел ден со топката лупаат надвор голи,боси, небаре петровден е ,ќе се испоразболат, не мора корона да е,ниту ги гледа некој ниту ги прати.
Се е до свесноста на родителите, порано се знаеше бе, кога ќе свикаа старите сите сус дома, сега ни мајка ни татко поштова некој, демократија сакавме :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom