Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
тој инфицираниот директор на македонски шуми од Квадарци/Неготино.....дали има врска со наводната афера дека клан од директори на Македонски шуми биле во Банско, а ги заобиколиле околу наредбата за карантин???

Наводно доста ,,главешини,, биле на скијање

засега единствена позитивна работа на Коронава е што најмногу ги зафаќа богативе(шетачи)....не како во другите зарази-најсиромашните
Ама за нив секогаш ќе има респиратор, за сиромашните не ;)
 
Луѓе не ни бега италјанско сценарио со овие мерки. Веќе излегува од контрола ситуацијава.
Мерките се добри, луѓето се стока.
 
Турциja исто ке е лоша состоjбата и ако владата там не правеше тестови сега состоjбата лесно може да излезе надвор от контрола.

ETlOt9XXYAAW3yk
Најголема дијаспора во Европа имаат, а прв случај пред една недела, абе оди бегај. Ќе им се удри ова во глава што чичо Ердоган се правеше паметен. Господ знае колку заразени има чим бројкиве се дуплираат секој ден.
 
Ама за нив секогаш ќе има респиратор, за сиромашните не ;)
Ако оштетувањето е биднато, џабе и три респиратора. Ако не од коронава, од нареден грип одиш во Бутел.
 
Ако оштетувањето е биднато, џабе и три респиратора. Ако не од коронава, од нареден грип одиш во Бутел.
Можно е, ама во секој случај му е полесно на богатите :)
Тие се најизложени во вакви ситуации ради многуте состаноци кои ги прат. :)
 
Нејшнал џиографик вели дека сликите од лебеди и делфини во каналите на Венеција се лажни вести.
Линк:
 
Дека здивна малце планетата здивна со овие карантините, почисто е, дури и воздухот е почист,нема метеж од коли, нема отпадоци по улици.
Арно вирус требаше да дојди за да ги зачистат улиците во Битола, нешто шо треба да го прават секој ден.
 
Дека здивна малце планетата здивна со овие карантините, почисто е, дури и воздухот е почист,нема метеж од коли, нема отпадоци по улици.
Арно вирус требаше да дојди за да ги зачистат улиците во Битола, нешто шо треба да го прават секој ден.
синоќа приметив, пак има загадување кај нас во н.Ново Лисиче, дали од Дрисла, Усје или уште некој ложи во селото, ама повеќе ми беше на депонијски мирис , башка подоцна навечер..
 
Соопштение од Клиничка болница „Жан Митрев“ во врска со тестовите за вирусов. Кој сака да се тестира, еве ја процедурата.

Известување
Почитувани,

Ве известуваме дека во Клиничка болница „Жан Митрев“ се прават тестови за испитување на новиот коронавирус SARS-CoV-2 (кој предизвикува Covid -19).

За информации и закажување термини за тестот може да се јавите на телефонскиот број +389 2 3104 921 од 14:00 до 16:00 часот.

Доколку имате симптоми, а не можете да не добиете на телефонскиот број, испратете ни мејл објаснувајќи ги симптомите, како и епидемиолошките податоци (дали, каде и кога сте патувале, кога сте се вратиле, кога ви започнале симптомите и кои симптоми ги имате, како и дали сте биле во контакт со заболено лице). Нашиот мејл е genetskalab@zmc.mk .

Брисоловките се доставуваат само на потврден термин преку телефон или мејл бидејќи постои посебен протокол за спроведување.

Сите пациенти кои не се најавени, нема да бидат примени за тестирање. Дневно во нашата клиника се прават стотина вакви тестови.

Се препорачува ваков тест да направат само оние коишто имаат симптоми и доаѓаат од земјите со висок и среден ризик.

Примероците за тестирање на Covid 19 се земаат во специјален пункт којшто е одделен од останатиот дел од болницата со цел максимална безбедност и заштита.

Во нашата клиника засега нема позитивни пациенти и вработени на Covid 19.

Потврдените позитивни случаи на Covid 19 кои беа дијагностицирани во нашата клиника се од примероци донесени од трети лица на специјалниот пункт.

Се почитуваат и превземаат сите мерки согласно препораките на Министерството за здравство.
 
Претпазливост треба... на високо ниво...само не и паника... паниката предизвикува СТРЕС... а стресот го намалува имунитетот, покачувс хорестелол, триглицериди, шеќер... со тоа и ќе бидете по НЕ ОТПОРНИ на вируси...па без разлила дали е корона морона или било што... затоа пазете како се понашате... мој совет ви е РАКИЈА по 4-5 чаши на ден... ем за грло, ем за дезинфекција...

Да оздрават сите заболени.
Да има што помалку нови заболени.

Оптимизам!
 
Колку е тешко вака немоќен да е човек,да незнае на што е,и здравјето и финансиите да му зависат од свеста што ја немаат малоумници неписмени што береле грозје по Италија hehehe aBe uste li se plasite bas vas ke fe zarazi
Толку убива неизвесноста што на моменти би се нафатил сам да се заразам и да ме затворат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom