Ti si ocigledno ljubitel na SF prikazni. Po takvi SF prikazni dovolno e i eden den neli za virusot da go obikoli svetot.
Poentata e deka ovoj virus ne datira od vcera, kojznae kolku dolgo e prisuten pred da pocne sega da se pravat testovite.
Poentata e deka koga go ima veke vo site delovi na svetot, sansite da se pobedi so karantin se NULA.
Poentata e deka ako go ima i vo Namibija i Grenland nit toplo. nit ladno mu smeta, mozda go usporuva ama ne go ubiva.
Zakljucok, ke si go imame non-stop kako gripot.
Добро, ајде да се обидеме пак, не така одоколу, со sf цртежи, туку подиректно, за да биде појасно. Гледај, вирусот се шири преку поблизок меѓучовечки контакт или при допир на контаминирани предмети, односно престојување во контаминирани простории. Ако некој заразен се врати од Италија, јасно ти е дека тоа ќе го стори со автомобил, автобус, авион и сл. Најчесто при патувањето нема да биде сам, ќе застане на кафе, ќе оди во тоалет, можеби ќе се измие раце, можеби и не, а ќе биде во непосредна близина со другите сопатници. Кога ќе пристигне или некој ќе го земе со кола, или ќе оди со автобус, такси и пак можеби некој ќе наебе во таа фаза. Истиот ќе се врати дома и во првите денови ќе се дружи со семејството, пријателите и фамилијата. Секако дека нема сите да ги зарази. Ама тешко дека сите ќе бидат поштедени. И така кругот ќе се шири, додека не се јават симптомите. Ако некој праќа дете во градинка секој ден и ако таму има друго болно дете, очигледно е дека ако во првиот или во вториот детето не се зарази, тоа ќе се случи во седмиот или во десетиот ден и нема да биде единствено. Потоа тоа дете се носи дома и си игра со мама, тато, бато и другите, кои одат на работа, со возат во автобус, излегуваат навечер и сл.
Карантинот е само прва, привремена и основна мерка при контрола на болеста. Нема да се победи со карантин, но се добива во време, додека не се изнајдат други средства за борба со вирусот, а
доколку е почувствителен на високи/ниски температури и тоа може да даде дополнително време за справување со болеста.
Многу болести порано биле смртносни, но благодарение на нови лекови, но и на прилагодувањето на организмот кон вирусот, и евентуално по неговото мутирање во помалку летални варијанти, тие се ставени под каква-таква контрола и денес се повеќе или помалку лечливи.