Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Колку ми е интересно кога некој се прај глуп со сила, ама онака ептен глуп со сила, да не речам глупо-глуп со сила. Пред некое време ми бара пари да му дадам, а јас одбивам, знам дека ќе ги потроши за коцкање. Ѓубрето ми украде 8k, искористил шанса кога не сум бил дома. Отишол направил со нив што направил. Пред нова година му ги барам, веќе ми доаѓа преку глава. Ми вели као демек немал, ова она, бла бла бла муабет. После нова година ќе ми ги дал. Ок, ајде се согласив.Демек сега имал дете итн итн. Ама у меѓувреме опет се коцка. Значи не мисли на детето кога оди да се коцка, ама наводно мисли кога треба да ми ги врати парите што ми ги украл. И ај што уште се коцка него и ме прај будала (сега доаѓа делот со праењето глуп со сила). Ми вели ми ги зел парите зашто јас не сум сакал да му дадам пари (кои он ќе ги потроши на коцкање). Па мои пари се бе коњу еден, јас сум ги заработувал. На кого сакам ќе дадам. Ако сакам ќе ги искинам, ако сакам ќе ги запалам, со мои пари ќе правам што сакам.
 
Рамбо Амадеус: Да не беше коронавирусот, никогаш немаше да сфатиме каков е човечкиот род (здиплено од Кајгана):

„Да не беше коронавирусот, најверојатно никогаш немаше да сфатиме каков е човечкиот род и колку е инвазивен, но и колку малку ѝ треба на природата за да заздрави од нас – онаму каде привремено нѐ нема. Се надевам дека оваа криза воспитно ќе делува на човечкиот род, дека ќе бидеме помалку неодговорни – кога ќе сфатиме дека природата пушти едно од своите најмали суштества и појави од својот богат арсенал, темелно да нѐ стегне за јај*а“.

„Погледнете колку лесно се снаоѓа без нас. Без орди луѓе, глисери, крузери, инвазија од луѓе кои доаѓаат да ѝ се восхитуваат на убавината, а истовремено ќе ѝ се по*ерат. Ако некогаш сум имал религиозно чувство досега, тоа е сега, кога гледам како водата во каналот се исчисти за помалку од еден месец и дека токму природата е таа која има божествени карактеристики и која заслужува ние да ја третираме како божество, а не обратно“.
 
Драа

Што па не измислиф наулчаре за да ги глеамо вируси у бое,нешто сс некој сензор.Па мајку му стара сфашта измислисфа, не можеф овој.
Па од толко миење руке, нокти сечу на пет-шес саата.Како да га пливам Ла Манш нокти пораснасфа у воду еј.
Исправи се Парва :D
 
Дијаспорците пред коронавирусот: "Гајле ни е за Македонија, ние со време ја напуштивме и се спасивме, а вие што се уште живеете во Македонија сте будали."

Дијаспорците сега: "Ама Македоинја е и наша земја имаме право да се вратиме кога сакаме".

Кај ги пуштаме да се вратат, па уште не сакаат да ги почитуваат препораките и си се шетаат слободно и ризикуваат ширење на корона во земјата со катастрофално здравство. Има исклучоци, ама генерално вакви ни се дијаспорците.
 
2000 постови на Кајгана форум :roker::roker:

Клише звучи ама стварно не очекував да стигнам до оваа бројка. Не само на овој форум туку на било кој. А прв пат се зачленив буквално „да прашам нешто“. Ама супер... Откако пропадна блогерајот а сите поинтересни форуми замреа ова за мене е единствено местенце во македонскиот интернет каде може да се продискутира за се и сешто, онака лабаво без замарање. А оваа тема ми стана баш виртуелен дневник, место каде можам да пишам работи кои не можам да ги кажам баш секаде. Некои ситни глупости и несекојдневни ситуации може ќе сум ги заборавел ако не сум ги пишал тука во ДК. Плус и тие неколку посериозни постови си стојат тука да потсетуваат во какво расположение сум бил во одреден период.

Форум како форум, еден куп интересни луѓе има тука. Има и забегани фаци (нема да ги кажам кои се де) ама чим стигнав до оваа бројка сигурно дека во поголем дел ми е океј. Поздрав кајганџии, нека помине поскоро ова глупо време па да се читаме за пофини работи...
 
Има еден виц, меме, што и да е, никогаш нема да е досадно.

Синот го прашува таткото:
-Тато, зашто дада се вика Париз.
Затоа што забремени мајка ти во Париз.
-Аааааа, фала тато.
Нема проблем Карантин.
 
Вчера на улица ме повика човек и, ни два ни три, ми рече да ја избришам фотографијата која штотуку ја бев направил... Оваа :

IMG-5452.jpg


ул. Туристичка Охрид.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom