Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајги...
Колку треба промаја да ти дува у мозокот да поставиш прашање за реновирање у ваква ситуација :tapp:
 
ДК

Недостигот на тоалетна хартија неминовно ќе доведе до враќање кон корените т.е правење на она што долго време го правеа нашите предци: Бришење гас со весник. Според мене, тоа е сосема практично и одлична метафора за дното наречено Македонско новинарство.
 
Во еден ќош во кујна преку четири години чувам едно шише ракија. Св. Трифун Премиум од Бовин и од целата залиха, само таа остана, за специјални пригоди, по една чашка! Сега него му ја дадов да експериментира и да си прави разни коктели со неа. Срце ме боли кога ја меша со други супстанци, ама си ќутам, само него да му биде убаво. Ова ако не е љубов, не знам што е!
 
Почнува да ми се сере од оваа кампања #седисидома.

Ало имате луѓе по маркети кои работат од сабајле до вечер и не се заштитени никако, имате луѓе по фабриките кои исто така немаат маски ни средства за дезинфкеција.

Дома старците и двајцата работат сеуште, стариот во кујна во фабрика и за време на паузите е во контакт со 1500 луѓе, мама исто во конфекција во ускови каде нема сапун за раце да си измијат, газдите од 10 години работа живеаат ко богови од потта на 150-200 жени, нивните деца студираат по Европа и уживаат па ако затворите на 3 недели и изгубите некое евро нема да пропаднете.

Ништо повеќе од модерно робство, само што некогаш робовите биле со сила земени и натерани а денеска сами се пријавуваме да слугуваме и робуваме.
 
Ова со вирусот колку и да потрае кога-тогаш ќе заврши. Само дај боже од ситуацијата да излеземе сите читави со умот и нервите. Вчера во Кам беше невидена лудница - нервозен персонал (ептен ги сфаќам нив, алал да им е како издржуваат со ваков народ), нервозни и некултурни купувачи, купување се и сешто без усул, туркање, стварање гужви на каса, дерење, дофрлање... Језа да те фати кога ќе ти текне дека е само почеток на епидемијата... И тоа во мојот град нема уште ниеден позитивен. Еден да се појави мислам дека прописно ќе се испоколиме.
 
Се сеќавам на една случка седиме со школскиот и поминаа овие двете седнаа наспроти, после му викам дали знаеш зошто дојдоа оние двете? И нормално како во живо така и во пораки сум си природен јас, па имаше кореспонденција меѓу мене и едната од нив, воглавно темата на муабет беше ако и направам на другарка и дете ќе ја има нејзината фигура, ама нема да ги има нејзините очи :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:.И нормално му давам него да чита овие двете дојдоа деца да им направам. И внучево ми го зема телефонот да игра игри па сега си викам да забришам некоја од пораките не ќе да е лошо :icon_lol:.
 
Драга, не можев веќе да додржам а да не пишам. :rolleyes:

Ми се скурчи веќе од лавини на коментари за вирусот, 24/7 само за тоа се зборува, мнозинството усрани до глава си набавиле тоалет хартија за да го дочекаат крајот на светот со избришан газ. Газот го ставивме пред образот. :facepalm:
Порнхаб си отиде чекор напред во уништувањето на мозоците и изместувањето на вредностите и си тура своја прогресија во работата и става дотур на свое влијание во кревкиот мозок на денешниот човек. :гомце: FIGHT THE NEW DRUG.
Социјални мрежи веќе и да не ми се спомнуваат, камоли да ми се отвараат, ова се отиде во неповрат. Фејсбукот ако се отвори ќе прочиташ милион квази измислени информации од секој втор човек што се прави експерт-новинар во државата. Инстаграмот е место на зголемување его и стана натпревар за реклами на спонзоруши и ценовник на проститутки. Стварно оптеретен explore имав со силикони и ботокс и филтери и искривена кичма за да дојде до израз робата на продажба.:гомце:
Се е одамна отидено у курац. Ова вирусот дојде како кулминација.:popce:
Да се распеднеме како држава во моментот мислам повеќе корист ќе има општеството и самите ние отколку да глумиме држава. Не ја бива веќе оваа „бајка“.
 
Последно уредено:
Draga. Najveke se isposraa onie sto nemaa kupeno toalet, koi sirea panika tuka na forumov sto i kako trebalo da se postapuva so "zarazenite" i "neodgovornite". Ama im prostuva Gorniov bidejki se slepi i nesvesni deka tie se vistinskite korona zrtvi.
Imase edna makedonska narodna prikazna Draga. -Se sto bilo pominalo i se sto ke bide ke pomine. -
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom