- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 532
- Поени од реакции
- 614
Our boys
Мини - серија од 10 епизоди (досега 8 се премиерно прикажани) за вистински настан во Ерусалим 2014 година.
Три израелски деца исчезнуваат, по што се дознава дека се убиени од Хамас. Многу брзо потоа исчезнува едно арапско дете кое е исто брутално убиено од некого.
Серијата е одлична поради повеќе причини - прво - извонредното реалистично прикажување на комплицираните релации помеѓу два завојувани народи и поделеното израелско општество, не само меѓу Евреи и Палестинци туку и меѓу самите Евреи (ортодоксни, секуларисти, либерали). Потоа прикажувањето на улогата на политиката, пропагандата, медиумите, полицијата во животот на луѓето. И за крај, поради одличната глума на сите актери.
Нас во Европа историјата и моменталната ситуација на Блискиот Исток речиси воопшто не ни се познати. А и тие што следат најчесто заземаат страна, про - Израел или про - Палестина. Ова е одлична можност преку серијата да се види дека и двата народи на ист начин страдаат и тагуваат по своите.