Предлог за серии и кратки рецензии

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Our boys

Мини - серија од 10 епизоди (досега 8 се премиерно прикажани) за вистински настан во Ерусалим 2014 година.
Три израелски деца исчезнуваат, по што се дознава дека се убиени од Хамас. Многу брзо потоа исчезнува едно арапско дете кое е исто брутално убиено од некого.

Серијата е одлична поради повеќе причини - прво - извонредното реалистично прикажување на комплицираните релации помеѓу два завојувани народи и поделеното израелско општество, не само меѓу Евреи и Палестинци туку и меѓу самите Евреи (ортодоксни, секуларисти, либерали). Потоа прикажувањето на улогата на политиката, пропагандата, медиумите, полицијата во животот на луѓето. И за крај, поради одличната глума на сите актери.

Нас во Европа историјата и моменталната ситуација на Блискиот Исток речиси воопшто не ни се познати. А и тие што следат најчесто заземаат страна, про - Израел или про - Палестина. Ова е одлична можност преку серијата да се види дека и двата народи на ист начин страдаат и тагуваат по своите.
 


Криминал е полициска крими драма која се одвива во Германија, Франиција, Шпанија и Обединето Кралство.
Има вкупно 12 епизоди (случаеви), по три во секоја земја и сите епизоди се снимени на локален јазик.
Секоја епизода почнува со испитување во полициска станица и целото дејствие се одвива таму.
Досега изгледав само две епизоди од Criminal: Germany и засега е одлична според мене.
 
Некој да ми предложи серија нешто како La casa de pepel (money heist) искрено ме воодушеви серијата
 
Препорака за Broadchurch, ја прочитав некаде по форумов и долго стоеше во watchlist. Во рандом мал и мирен англиски град на приморјето убиено е дете, акт кој повлекува низа настани и одврзува мистерии во градот.

Главни актери се Дејвид Тенант и Оливија Колман, ваљда не треба посебно претставување. Мислев дека квалитетот на втората сезона ќе опадне ама напротив.. :cuc:
 
Препорака за Broadchurch, ја прочитав некаде по форумов и долго стоеше во watchlist. Во рандом мал и мирен англиски град на приморјето убиено е дете, акт кој повлекува низа настани и одврзува мистерии во градот.

Главни актери се Дејвид Тенант и Оливија Колман, ваљда не треба посебно претставување. Мислев дека квалитетот на втората сезона ќе опадне ама напротив.. :cuc:
Ја даваат на RTL hrvatska.
Eптен добра серија.
 
Предлог за мистерија серии?
Ја изгледав The Outsider, а при крај сум на Project Blue Book. Може предлог на некоја слична серија на овие две.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom