CafeDelMar
Luminance
Сееиозно сте загрижени вие во Скандинавските земји ?
Сваќам каква е ситуацијата таму во здравството, јасно ми е,често патувам натака и тоа не на поминување ама сепак мислам дека за време на пандемија кај вас нема потреба од простор за паника, барем за разлика од другите земји народот таму е послушен и знаат за солидарност, имате буџет за вакви ситуации туку после пандемијата во Македонија кучките со маст нема да не јадат шо викат старите тука.
Чисто за споредба, некни другарка ми ми пушти слика од некоја жена во маркет во Трелеборг имала ракавици и најлони на обувките и му се изнасмеа, и викам шо е смешно, жената си постапува ок, ама ние за досетки и мемиња први сме.
Морам да бидам искрена. Претходните 4 дена и јас бев исплашена. Најмногу заради здравството како слаба карика и моментот дека немаш кој да ти помогне, сам си. Самото тоа создава несигурност кога си во туѓа држава.
Ги гледаш колку смирено и бавно реагираат со се, па ти прават нервоза и дополнителна несигурност дека не се свесни за опасноста.
Со ладна и рационална глава е се подруго. Колективната свест е поинаква. Народот е послушен и самиот се грижи за себе, научен е да биде независен и индивидуален.
Ако уште некој ден останеме во самоиницијативен карантин уште посмирени ќе бидеме.
