Мислам доцниме со многу препораки. Уште од понеделникот веќе беше јасно дека вирусов ќе продолжи со ширење. За среќа ако се точни информациите се работи лица кои веќе биле изолирани, но сега до нивната изолација сигурно имале контакти и со други така да ризикот од ширење ќе лежи тука. Плус со колкав процент ќе зарази докторката од кожно ќе се дознае деновиве и имаме нова посериозна ситуација. За шпекулациите за новодојдени од ризични земји да не зборуваме, но и тука постои ризик ако има точност.
Видовме и сами дека млаките мерки не носат резултат и подобро кај луѓето да владее паника и да си седат дома отколку да се однесуваат неодговорно. Од утре понеделнички започнува нова работна недела, има администрација која е натрупана по 3/5 души во канцеларија од 10/15 квадрати, има администрација која е во непосреден контакт со клиенти, приватен сектор кој работи на директна основа со клиенти итн...Поготово во дејности и области кои немаат толкава итност во моментов. Затоа според мене е роковите кои истекуваат за одредени активности да се пролонгираат за некој месец (еве завршните сметки мислам дека ги пролонгираа и добро е да се следи овој пример). Од друга страна исто така подобро е да се спречи раздвиженоста во текот на денот во овие институции или со редуцирање на работно време, со ротационо работно време или оние институции кои можат подобро е и да бидат на привремен одмор.
Дури и добро е да се размислува дека и по маркетите зависно од површината на маркетот да се ограничи бројот на купувачи во исто време со поставување на некој ред на вратите.
Како бре доцниме, па ние сме единствена земја во светот моментално навреме шо испозатвори све, со вкупно 18 случаи све испозатворија, колку за пример во сите земји сеуште се функционира нормално, Шпанија дури над 2000 ко стигнаа затворија училишта.
Само совеста на народот кај нас ќе не отепа, од министерство засега се ок со одлуките, дури и чудно со оглед како функциониравме до вчера.
Ми иди в уста да го бацам Филипче кога го слушам на прес хаха, напрајте ме ула ама чоекот засега е светла точка во овој хаос, дава надеж.
Најповеќе ми се допаѓа шо ги слуша советите од граѓаните, се консултира и си одржува збор, видоја дека нема разбирачка со овој народ, се кренаа сите во поголем број дека работењето до 18 часот е промашено, бам по два дена катанец на све.