GavolRulz
hippopotomonstrosesquipedaliophobia
- Член од
- 23 март 2008
- Мислења
- 12.713
- Поени од реакции
- 11.545
Јас најдобра форма у живот имав кога бев на кето и тоа бев само 1.5 месец. Сега од средина на март ќе почнам пак, ама овојпат планирам некаде околу 3 месеци, таман до летото.Предности и мани на кето диета за почетници, ако не ви е проблем? 170 cm, околу 60 kg, оптимална тежина на која сум се држела поголемиот дел од животот ми е некои 55 kg, последниве неколку години ги покачив. И дали со тоа можам успешно да редуцирам масни наслаги и да дефинирам мускулна маса, во комбинација со некои физички вежби? Би ве замолила за нешто пократко срочено околу ова, благодарам.
Предности: ако ја правиш диетата правилно, ќе стопиш масти, ќе имаш загуба на мускул ама нема се исушиш, ќе се осеќаш поубаво, никогаш нема да се осеќаш подуено, поздрава столица и тн.
Недостатоци: првите денови ќе се осекаш многу лошо, најверојатно ќе ти се јави кето грип (keto flu), ќе ти се врти, ќе осеќаш како да имаш грутки во стомакот, меѓутоа не е ништо страшно и мислам дека можат да се намалат симптомите со внес на повеќе сол (треба да си прочиташ), ако го преживееш тој период после ќе се осеќаш феноменално. Други недостатоци се дека неможеш да јадеш како "човек", нема благо ништо, нема сокови, нема алкохол, нема леб, нема ориз, компир, овошје и се друго што е убаво.
Исто мислам дека имам читано дека поради зголемен број на кетони, се менува мирисот на здивот (ваљда према полошо), а претпоставувам и мирисот на другите телесни течности.
Автоматски споено мислење:
Пред работа си правам шејк:Што јадете сабајле на работа, да не вклучува леб?
1. лешниците ги мелам прво во блендер, па додавам:
2. млеко
3. доза веј протеин
4. чиа семе
5. две оризови колачиња (rice cakes)
6. малини или микс од замрзнато овошје (ги има во Кам по добра цена)
Исто, према тоа дали сакаш да внесуваш повеќе или помалку калории, можеш да си додадеш и мед, овес, путер од кикирики, кокосово масло, други семиња, банана... едноставно експериментираш.