Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Синодит на грчката православна црква тврди дека вирусот не се пренесува со причеста Синодот
 
Синодит на грчката православна црква тврди дека вирусот не се пренесува со причеста Синодот
Ова религискиве ботови масакр ќе направат, ебати виролозите
 
Можи да му се верува на околните гласини? Јас имам брачеда во Гостивар, вика многу албанци се вратиле од Италија таму.
 
Италианска бабичка Роза што го прележалa вирусот дава совети со доза на хумор. Види

Советите се едноставни лесни за примена и ефтини. Покрај другото советува нов конкретен начин на поздравување, при кој ќе нема гушкање, прегрнување, бакнување.

Советите на бабичката во многу се поклопуваат со советите на Докторот Џејмс Робб (пракса (многу нагледна и лесна за разбирање) и теорија).

Докторот Робб е признат эксперт во областа на биолошките испитувања со повеќе од 50-годишно искуство во работата во областа на молекуларнота патологии, вирусологии и генетика. Тој е консултант-патолог во Националниот институт за рак на САД и во одделот за биолошки репозитории и истражувања на биологишки примероци. Џејмс Робб објавил отворено писмо «што јас правам во врска со приближувачката пандемија од коронавируса COVID-19», предава Slippendisc
 
Последно уредено:
Се вратив од Дубаи пред неколку дена, таму значи никој не се замара, еден куп луѓе, кај и да одиш луѓе околу тебе, редици, гужва.. и пак ништо не е затворено, сите атракции си функционираат, метрото си работи, не се превзимаат никакви мерки, нема паника. А толку развиена држава, ем нели спаѓа во "средно ризични земји".
Се враќам во вукојебината, што да видам, испаничени говеда, мерки за затварање на локали и се живо и диво, макарони, шпагети, тоалет и паштета испокупено, абе што да ти расправам.. најмил ни е нас животот на македончињата.

Па и ги читам на социјалните мрежи, агресивни се станати, паника левел максимум, пцујат и колнат по се живо и диво, посебно по одредени локали кои изјавија дека ќе работат или по локалите кај што има гужва. УЖАС!
 
Темава е во здравје, и иако се согласувам дека пандемијата прави тежок удар на сите полиња, во овој подфорум се зборува/пишува за здравје.
Факт е дека економските ефекти на пандемијата се разорни и апсолутно не може да се занемарат ама се сосема друг аспект и тема на разговор.
Во оваа тема држете се до здравствениот аспект. Има подфорум економија кај што може (и треба) да се отвори таква тема зашто не’ чека доста големо успорување на светската економија.
Ама овде на оваа тема ајде прво да се научиме да миеме раце и да седиме дома.
@Peja989 @Ilumious фала ви на помошта.
 
Колега ми кажа сабајлево дека вриело старци во 7ца. Не знам како било по другиве линии ама што им е бе? Најранлива категорија се, ама пазарчето не смее да трпи поради еден вирус.
 
Синодит на грчката православна црква тврди дека вирусот не се пренесува со причеста Синодот

А ако се пренесува, тоа секако е божја казна поради некој сторен грев, па е заслужено. Како и да вртиш со нив не се излегува на крај. Божја волја.

Туку, малку ми е чудно што на Косово и во Црна Гора нема заболени. Навистина нема или никој не води сметка? Што е со Турција, која е меѓу најголемите авионски раскрсници во светот, а притоа е старател на по некој милион мигранти? Кога сме кај мигрантите, дали некој ги тестира сите оние малубројни печалбари од Бангладеш, Пакистан и сл. кои поминуваат низ Македонија?
 
Колега ми кажа сабајлево дека вриело старци во 7ца. Не знам како било по другиве линии ама што им е бе? Најранлива категорија се, ама пазарчето не смее да трпи поради еден вирус.
Сега само што поминав покрај кафичот од сликата вчера, со дечиштата. Имаше 7-8 бумери на кафе седнати, споиле маси. :D
 
Сега само што поминав покрај кафичот од сликата вчера, со дечиштата. Имаше 7-8 бумери на кафе седнати, споиле маси. :D
Хаха, сигурно муабетот им е, тегнам лук и полкило ракија секој ден, нека се пази корона од мене хехехе, мрш у кучи !
 
Се вратив од Дубаи пред неколку дена, таму значи никој не се замара, еден куп луѓе, кај и да одиш луѓе околу тебе, редици, гужва.. и пак ништо не е затворено, сите атракции си функционираат, метрото си работи, не се превзимаат никакви мерки, нема паника. А толку развиена држава, ем нели спаѓа во "средно ризични земји".
Се враќам во вукојебината, што да видам, испаничени говеда, мерки за затварање на локали и се живо и диво, макарони, шпагети, тоалет и паштета испокупено, абе што да ти расправам.. најмил ни е нас животот на македончињата.

Па и ги читам на социјалните мрежи, агресивни се станати, паника левел максимум, пцујат и колнат по се живо и диво, посебно по одредени локали кои изјавија дека ќе работат или по локалите кај што има гужва. УЖАС!

Не треси зелени
 
Неколку експерти изјавија дека десоцијализацијата е најдобра мерка и навистина е така според она што се случува во црвените зони во Кина и Италија.


Што побргу сфатиме и примениме, помалку штета ќе имаме. При ваквиве резултати кај црвените зони во Кина и Италија, смешно е воопшто да се разгледува лабавиот пристап како опција.
 
И го имаме најпаметниот во цела Австрија и светот - вирусологот и инвеститор на сите времиња - проследен со многу пофалби од неговата секта
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom