Зборуваме за простување на неверство, а не давање дозвола на партнерот да ни биде неверен, да спие со пола град...
Јас лично можам да простам, еднаш, можеби и двапати но третиот пат сигурно дека не.
Можел да се воздржи-велите, но понекогаш човек не може да ги контролира своите нагони па колку и искрено да е заљубен.Да-треба да се контролираат нагоните, треба да се воздржуваме но ако некогаш утнеме во тоа, мислам дека заслужуваме да ни биде простено.
За тоа постои WC - то, така да не ќе има потреба да отиде со некоја
хахахахахахахахахахахахахахахахаха... се зезам, сепак што останува до мене не би отишол никаде, би се жртвувал иако можда имам нагони на такви работи, но би останал да ја чекам љубената кога ќе се врати, и не би барал утеха кај некоја друга
:smir:
само срцето знае кој е човекот кој тоа срце го сака од себеси посилно, најголемиот начин на кој можеш да се предадеш некому е со срцето, не со телото:sun:.
ехххх....:nesum: колку е само точно ова... од искуство го кажувам, и за некоја случајност или жал или пак можеби среќа до ден денес го чувствувам тоа...:nesum:
После изневерувањето верувајте и да му/и простите не би останало истото како што било пред тоа... од лично искуство... незнам како, но ете простив еднаш едно изневерување, и ајде после отеравме пак заедно, но не беше исто и мораше да се прекрати тоа што го имавме... едноставно не е истото чувство како пред изневерувањето, сега знаеш оти си изневерен и дека си повреден, и се плашиш оти пак истото ќе се случи, тоа го имаш цело време на памет... едноставно со самото изневерување се губи и довербата во таа личност... а довербата е еден од најзначајните делови на врската... неможе едно исто да остане и по изневерувањето, некако тешко иде тоа, барем јас мислам така...
Ако те сака нема зашто да те изневери, а ако те изневери еднаш, знај ќе се деси и по втор пат... чим еднаш си зеде за слобода да изневери, мислиш оти нема пак да си земе слобода пак да го стори тоа?! по мое мислам оти ќе си земе за право пак тоа да го стори...
Јас како што кажав не би простил неверство, ептен, ептен, ептен ако веќе стварно од се срце се кае за тоа, и ми докаже дека нема да се повтори истото, и ми ја врати довербата во неа, е тек тогаш би простил еднаш, само еднаш, втор пат ако се деси, бај бај ставам крај, не му ја мислам многу, може ќе страдам поради раскинувањето и што ти ја знам, но бољи ќе страдам за краток период, отколку да знам дека со таа личност што сум, ме изневерува со пола град и се однесува ко спонзоруша... се извинувам на израз, но наликува на тоа... еден, двајца, тројца... и така си се множат, нели наликува на тоа?!
leandra Ти пишувај јас ќе те спојувам:wink: