Најстрого се противам на коментарите за „антифудбал“, бранење, автобуси и нз што. Свака част за Симеоне и Атлетико. Да, од една гледна точка ќе речеш дека Адриан заеба и сами сме си криви, али побитен е моментот на непредавање, самоувереност, и давање 100% во секоја минута, без разлика на резултатот, и без разлика на противникот. А тоа го напраи Атлетико, мои огромни и најискрени честитки за нив, и сите што ги поддржуваат. Ама што озбилно ги поддржуваат, не куродркачиве од Барса и Реал тука, таа багра е тажна мизерија. За другиве па од англискиве екипи, уште потажна приказна, да чекаш толку време некој да не елиминира...
Како и да е, вака се игра фудбал. Уште на почеток на сезонава многу луѓе тргнаа со некои претпоставки и сфатиле некои работи здраво за готово, Норич не можел да им земе бодови на Сити, Ливерпул бил непобедлив на Енфилд, све некои митови се создадоа за екипи, и искрено ич не ми се свиѓаа „ќе видите на Енфилд“ муабетите. Сакав „да видат“, ама пристапот на професионалците кај нас не беше коректен, и заради тоа не сакам да зборам многу у нивна одбрана. Боље беше коа бевме underdogs искрено, и коа правевме изненадувања, и секад не потценуваа. Улогава на фаворит и доминантна екипа не ми се допаѓа. Барем не како се носиме со истата.
Фудбал се игра до крај, дур не си отидеш со бодовите, дур не го кренеш пехарот, се е возможно, секоја екипа има шанси кај секого во секоја утакмица, и во секоја сезона. Атлетико е екипа која тоа го има сфатено, и ваквиот психички капацитет не се гледа секаде, а истиот е наметнат од Симеоне. Се надевам нема да се откаже ЛШ и дека ќе истераат далеку, а оние што зборат за антифудбал, и што ги земаат работите здраво за готово се сосема надвор од реалноста.
YNWA!