Точно, шо е многу слично кај нас. Епдемијата таму почна од некоја болница.
А да се надоврзам некој има постирано Таљаните потрфрлиле, или не знам што слично нешто.
Напротив, немаат потфрлено воопшто, дека има премногу мртви има, но Италија е црвена зона цела земја. Е сега пресметај колку кадри, ресурси и се што е потребно им треба. Веќе се истрошени, немаат ни кревети. Медицинскиот персонал се бори, замислете кај нас пола боловање ќе земат, а да не се повторувам ние немаме ресурси како Италија и сме каде каде далеку.
Што значи таму дека се прави воена тријажа веќе. Без разлика дали си млад/средовечен/стар, ако имаш хронично заболување, или спаѓаш во коморбидитет група, ризикфактор. Не само што нема да те интубираат, нема ни да те прегледаат ни помош да ти дадат. Читнете по странски портали/медиуми ќе видите што велат докторите од таму "welcome to hell". Ако го најдам линкот ќе го постирам.
Жално е што другиве Европски држави сеуште не сфаќаат што се случува, а италијанните предупредуваат константно што ги чека допрва. Шпанија е денови или недела поназад од Италија, тука негде е Франција, а и Германија.
А кајнас коа ќе дојде здраво, е тогаш ќе сфати членот кај потрфрлаат земјиве. Во неспремност. Кина предупредуваше, но сите мислевме нема мечката кај нас да заигра. Сеа игра во комшии, ама никакви припреми не се прават во здравството. Наместо да откажуваат операции како обична хернија, или вадење нокт, некои што не се хитни, они си праат пари од тоа. Па сеа види кај ќе потфрлиме ние.
Демографијата нема врска, Македонија па да не е случајно земја на млади луѓе?!