Коронавирус (COVID-19)

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Со самиот факт дека болниците се ужасни, ако вирусов се рашири и немаме капацитет и услови да го пратиме.. ќе се освести ваљда народов и политичариве колку толку. Али во секој случај би сакал да останеме на оваа бројка и да не тестираме многу многу.
Напротив, тестирање и тестирање. Да се фати на време. Оти ако бувне веднаш кажав ништо не не вади.

Better to live an ugly truth, than believe in beautiful lie.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Напротив, тестирање и тестирање. Да се фати на време. Оти ако бувне веднаш кажав ништо не не вади.

Better to live an ugly truth, than believe in beautiful lie.
Држат пресови и викаат дека не треба да лажеме и криеме, а од друга страна не сакаат да ги тестираат сите што можеби имаат потенцијал. А и некако мислам дека и они кријат доста информации (можеби испланирано но сепак..).

Народов башка не го сфаќа ова сериозно, уште има евенти на фб се бустаат за журки. Денес среда е, види колку дискотеки ќе работат вечер. Не викам дека треба да се затвориме и да не мрднеме од дома ама шо знам.. не ми е некако за собиранки. А и реално не ја знаеме точната бројка т.е ситуација. Ќе видиме неделава како ќе се движиме..
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.543
Поени од реакции
18.796
Прегледај го приврзокот 237449
Ова го начекав на стори на инста
Леле ви се молам, веста која ја сподели за докторката му го отворив сега профилот на ликот, престанав да читам кога на крајот од постот имаше напишано " Ако не сте способни да ја менаџирате оваа ситуација предадете ја власта " Значи колку треба да си морон да мешаш политика во овие моменти, гној.
 
Член од
26 декември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
279
Држат пресови и викаат дека не треба да лажеме и криеме, а од друга страна не сакаат да ги тестираат сите што можеби имаат потенцијал. А и некако мислам дека и они кријат доста информации (можеби испланирано но сепак..).

Народов башка не го сфаќа ова сериозно, уште има евенти на фб се бустаат за журки. Денес среда е, види колку дискотеки ќе работат вечер. Не викам дека треба да се затвориме и да не мрднеме од дома ама шо знам.. не ми е некако за собиранки. А и реално не ја знаеме точната бројка т.е ситуација. Ќе видиме неделава како ќе се движиме..
Ова е битното.Дали имало кревете или не , не е битно . дали лажел филипче или не, не е битно , дали кријат не е битно.Битно е дека што народот не е сериозен кон ситуацијава.Да беше била каква друга ситуација подржувам критики за политичари максимално.Но за жал оваа ситуација покажува дека не само што политичарите не ги бива во државата туку и народот и тоа за мене е жално искрено.8-ми март беше поважен , скиење во Италија беше поважно и сл. од личната одговорност.Сите се бориме за лични права а бегаме од лична одговорност.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Леле ви се молам, веста која ја сподели за докторката му го отворив сега профилот на ликот, престанав да читам кога на крајот од постот имаше напишано " Ако не сте способни да ја менаџирате оваа ситуација предадете ја власта " Значи колку треба да си морон да мешаш политика во овие моменти, гној.
Тежок дебил е. Види му ги и другите постови, рекла казала муабети. А види ова:
Screenshot_1.jpg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.469
Леле ви се молам, веста која ја сподели за докторката му го отворив сега профилот на ликот, престанав да читам кога на крајот од постот имаше напишано " Ако не сте способни да ја менаџирате оваа ситуација предадете ја власта " Значи колку треба да си морон да мешаш политика во овие моменти, гној.
Тоа го прават многумина денес кај нас. На темава тука има неколкумина само. Одма се гледа кои морони тоа го праат. Стандардните морони.
Ги боли нив уво за све друго освен за партиската агенда.

Овој Кежман ти е еден пример:
Да нема забуни, тука на темава обично тоа го прават од другата страна.
 
Член од
26 декември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
279
Член од
5 март 2018
Мислења
16.543
Поени од реакции
18.796
Тоа го прават многумина денес кај нас. На темава тука има неколкумина само. Одма се гледа кои морони тоа го праат. Стандардните морони.
Ги боли нив уво за све друго освен за партиската агенда.

Овој Кежман ти е еден пример:
Да нема забуни, тука на темава обично тоа го прават од другата страна.
Да знам, ене и Душко млекарот врши со статусите секој ден, нема, тој се знае за Македонија, преку сателит не прати од Германија :)
Ќе му пиши некој инбокс некоја рекла казала информација и ќе ја сподели овој на статус, најтрагично е шо ликот има многу следачи и повеќе од половина го верват
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.683
Поени од реакции
8.113
Џабе ги затворија училиштата па и градинките. Еден куп деца видов си се шетаат денес баш убав сончев ден.

Разбирам дека забраната за движење во гужви, групи и седење дома на повеќето деца па и некој возрасни е како во затвор да си го ставил но сепак треба да се почитува. Не ги пуштија децата за да се шетаат или да ги шетаат туку дома колку можат да седат.
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
За мене уште голем проблем е што кон вирусов се гледа млако - стариве луѓе кои иронично се најзагразени мислам дека не се запознаени добро со ситуацијава(тргнувам од моиве дома) нема известување на ТВ редовно за хигиена , дека е можна епидемија и сл. Низ продавници / маркети хигиената минимална - лижење прсти при давање кеси , буткање на каса у фаца.

Цело време се вика без паника па затоа луѓето се млаки спрема проблемот ( генерално не само кај нас )
Тоа и јас го велам. Одам во продавница се туркаат, во врат ти дишат.
А дека загрозена е само повозрасната популацуја не е точно. Луѓе има млади 30 испод години со хронични заболувања, што паѓаат под ризична категорија.

Видете Италија, веќе почнаа да бираат на кого помош да му дадат (кој има шанса да преживее), овие што се со хронично заболување нема третман, вез разлика млади, средовечни или стари.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Па мислам дека прочитав негде дека така се заебале во Италија, кога ги затвориле школите, отишле учениците на скијање и тогаш уште помасовно се разболувале. Пишав дека џабе се овие паушални мерки, може и контраефект да има.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Што се запнале да се тестираат повеќе луге (сите изолирани) кога не сте стручно упатени како вирусот функционира/се детектира. Тоа се должи на фактот дека вашите информации ги црпите од квази-интернет медиуми, Фејсбук постови и рекла-кажала методи.
Вирусот не може да се детектира веднаш по заболувањето, треба време да инкубира за да може тестот да го детектира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom