Коронавирус (COVID-19)

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.523
Поени од реакции
24.793
Јас ти зборам дека ако така се тестира секој еден што бил во контакт со докторката ќе снема реагенси и после оние вистинските заразени нема да можеме да ги докажиме дека се заразени.
Постојат протоколи, правила и прописи кои што се следат на светско ниво,во сите држави, не само во Македонија. Драстични мерки се превземани, сите што биле во контакт со докторката се во домашна изолација. Оние кои што се со највисок ризик ќе бидат тестирани. Оние кои што ќе пројават било какви симптоми слични на корона вирус, исто така ќе бидат тестирани. Сите неопходни мерки до овој степен се превземани.
jas ti zboram deka do sega toa trebase da bide nabaveno. ZNACI koristime ZASTARENI metodi bar od ona sto se zbori na forumot. Imas link pogore, za 15 min veke moze da se testira i da se znae. rabota na ministerot e da ovozmozi toa veke 2 meseci se siri virusot, toa sto sega stedime koga ima potreba e PROBLEM. izracunaj kolku ke kosta eden roditel doma narednive 2 nedeli vs kolku ke kostase da se nabavat reagensi... ama izgleda ne sklopile tenderce...
 
C

CoolIris

Гостин
А претходно не умирале тие над 60г... :( .

Статистички а и доктори кажаа, младите овој тип на грип не ги сакал (не знаат зашто, како и за други работи :cautious: ) па поефикасно на лица над 55г да им се забрани да шетаат. :anco:
Младите не ги сакал, ама и меѓу младите има пациенти со хронични болести.
Младите не ги сакал, ама младите може да бидат преносители на постарите.
Автоматски споено мислење:

Јас ти зборам дека цел свет е во хаос. Цел свет има недостаток од реагенси. Дали ти мене ме разбираш што јас тебе ти зборувам?

Не користиме ЗАСТАРЕНИ МЕТОДИ, користиме методи кои што се претходно користени од страна на другите земји, како КИНА, ИТАЛИЈА, ФРАНЦИЈА и кои покажуваат резултат (се намалува бројот на новозаразени).
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ракавици заради парите.
Абе треба на сите критични места веќе маски и гумени ракавици, банки, маркети, пекари, бензински, јавен превоз ...
Во некои банки веќе се поделени ракавици и дезинфекциони средства.Не се задолжителни, по желба.
Ама па проблем друг отворија со ракавиците, фалш парите (хартијата) најлесно ќе ја забележат на допир.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.600
Поени од реакции
18.833
А претходно не умирале тие над 60г... :( .

Статистички а и доктори кажаа, младите овој тип на грип не ги сакал (не знаат зашто, како и за други работи :cautious: ) па поефикасно на лица над 55г да им се забрани да шетаат. :anco:
Знаат зошто ама мака ви е да прочитате еден текст, полесно е само наслови да се читаат. :)
 
M

Macedon1um

Гостин
jas ti zboram deka do sega toa trebase da bide nabaveno. ZNACI koristime ZASTARENI metodi bar od ona sto se zbori na forumot. Imas link pogore, za 15 min veke moze da se testira i da se znae. rabota na ministerot e da ovozmozi toa veke 2 meseci se siri virusot, toa sto sega stedime koga ima potreba e PROBLEM. izracunaj kolku ke kosta eden roditel doma narednive 2 nedeli vs kolku ke kostase da se nabavat reagensi... ama izgleda ne sklopile tenderce...
Цела Европа штеди за жал, еве Италијанцие како едни од лидерите во ЕУ дојде време да чекаат донација од Кина 1000 медицински вентилатори
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.680
Младите не ги сакал, ама и меѓу младите има пациенти со хронични болести.
Младите не ги сакал, ама младите може да бидат преносители на постарите.
И што да прави цела нација за тие хронично болните... Нели поефикасно е хронично болниот бидејќи знае дека здравјето му е кревко да си седи дома овој период, наместо цела нација да паничи, наместо цела нација економски да страда, плус после ова ќе следуваат многу поголеми проблеми.

Тие младите викаш ем тешко ги фаќа, ама ќе пренесат, а што ќе пренесат кога не ги "фаќа" , плус на кои постари, ваљда исто хронично болните. Сигурно јак имунитет, ама војската не го уништува вирусот, ќе си го причува недела две...
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.388
Поени од реакции
7.028
Прво, денешниве мерки се за пофалба и подобро е да се делува превентивно, него ли да настане епидемија. Иако не е претерано опасен, вирусот пребрзо и прелесно се шири, а со оглед на тоа каква ни е состојбата во здравството, тешко дека ќе може да се контролира. Дека ќе има уште заразени, тоа е сигурно, али приоритет е да се успори ширењето што е можно повеќе. Школите и јавниот превоз се најидеални за тоа. Нема потреба од паника и страв, дури и во случај да бидете заразени ако сте здрави, а за хронично болните, поготово за тие со проблеми со белите дробови, најдобро е контактот со луѓе да го сведат на минимум, хигиена на ниво и избегнивање на јавен превоз.
Второ. У моментот кога Филипче наместо да пробува да спаси, што може да се спаси во ситуацијава со докторката, со самото тоа што се стави во нејзина одбрана со тоа што кажа дека до избори нема да ја разреши, демек не може, а денес испадна дека усвари уште одма може да ја разреши, си даде автогол.
Трето. Искрено, не верувам дека меркиве ќе бидат успешни само поради тоа што народов тука не почитува ништо. Сите се најпаметни, сите се знаат. Кога имаш доктор ко директоркава, 250-300 луѓе, кои и покрај сите предупредувања пак отидоа на екскурзии и прослави, луѓе кои и покрај тоа што доаѓаат од високо ризично средини, шетаат низ градовите ко ништо да не е, епидемијата е за жал неизбежна.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
Зошто тогаш не ги тестираат овие што биле во директен контакт со директорката некој да објасни еве?
Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
... смислата за тестирање е само ако се има симптоми (температура над 38 С, респираторни проблеми, кашлица и гушење, пневмонија), во првите денови на инфекцијата, нема доволно вирус присутен во организмот, а со тоа ниту тестот нема да потврди дека е присутен вирусот,

1583858989249.png

...ако некој со симптоми смета дека го има коронавирус, се става во функција на протокол, матичниот бара тест во Националниот институт за Јавно здравје и животна средина , а осомничениот пациент се задржува во изолација, дома или во болница, доколку тестот се врати позитивен, пациентот останува во изолација и Општинската служба за јавно здравје спроведува истрага на сите луѓе со кои пациентот бил во контакт за време на инфективниот период, па мора да го следат нивното здравје за време на периодот на инкубација...итн

1583858867390.png 1583859095051.png

... серолошкиот тест се прави затоа што може да открие антитела дури и ако пациентот се опоравил, ама не порано од една недела, додека тестот за PCR (реакциите на полимерен ланец) може да го открие вирусот само доколку лицето во моментот е болно, ама ако двата примероците се земени премногу рано (пред 12 дена), кога вирусното оптоварување е премногу мало или ако телото на лицето сè уште не произведело антитела против вирусот, тогаш нема ни да имаме позитивен резултат, но вакви тестови прашање каде се достапни и воопшто дали ги има доволно кај нас!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.680
Знаат зошто ама мака ви е да прочитате еден текст, полесно е само наслови да се читаат. :)
Па кажи ти каде да прочитаме, сподели, копи пејст направи, вака многу паника ме фаќа.
Тоа видеото 18мин го изгледав и некако посигурно се почуствував кога кажаа само ептен блиску си или ако лижеш рацете.
 
C

CoolIris

Гостин
И што да прави цела нација за тие хронично болните... Нели поефикасно е хронично болниот бидејќи знае дека здравјето му е кревко да си седи дома овој период, наместо цела нација да паничи, наместо цела нација економски да страда, плус после ова ќе следуваат многу поголеми проблеми.

Тие младите викаш ем тешко ги фаќа, ама ќе пренесат, а што ќе пренесат кога не ги "фаќа" , плус на кои постари, ваљда исто хронично болните. Сигурно јак имунитет, ама војската не го уништува вирусот, ќе си го причува недела две...
Што да прави цела нација за хронично болните? Епа вака, хронично болните сме и ние младите како што кажав (некој со дијабет, некој со мултиплекс склероза, некој со миастениа гравис). Хронично болни се нашите родители, баби, дедовци, братучеди, сестри, браќа. Хронично болните се голем процент од цела нација и хронично болните се ЛУЃЕ и имат право на живот.

Младите не викам дека не ги фаќа, туку поминуваат со многу полесен облик на болеста.
Период на инкубација ти е 2-14 дена. Додека се појават симптомите, вирусот може да се прошири со брзина на светлина. Тоа е и главната разлика од вирусот на грип (инфлуенца). Додека кај вирусот на грип, еден заболен го пренесува вирусот на еден друг човек, кај корона вирусот соодносот е 1:3. Еден заболен, го пренесува на три други луѓе.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Site doktori koi bile na simpoziumot shto go drzhela cavkava od dermatologija, se rizik faktor. Ednata e od mojot grad i e odnesena na testiranje. Zhenata ima 2 deca i soprug, plus ziveat so negovite. Decata mislam deka odat vo gradinka. Na rabota 1 den so eden kup pacienti, plus tie koi se vratile da dadat izvestaj kaj matichen...lele lele, ne mi se ni pomisluva....

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
Исто информации и за "мојот град".Во карантин наводно со потесното семејство.Се е на lsilent" официкално, ради нашиов малограѓански менталитет.Не се пак тие криви дека заминале на семинар да научат нешто од ретардираната крава.

И не прави споредби со Кина. Во Кина истото се превземаше цели два месеца (во случајов сме многу понапред од Кина). Дури после два месеци, после 10 000 заразени со корона вирусот, дури тогаш ги ставија луѓето во карантин.

Smesno e da se pravi sporedba so kina vo bilo koj segment, kina e sekako nebitna vo nasata prikazna... Ako nisto drugo trebase da naucime nesto od niv i da se spremime. Namesto toa mi raskazuvas prikazni za nemanje testovi i proceduri...

Kina na kraj zatvori gradovi i pola miljara narod bese vo karantin... Vistinski karantin, ne ovaa polovicna verzija adaptirana za mak potrebi kolku da se kaze deka nesto se pravi lol... Tesko sfakas, ova nema nisto da resi a prasanje e kolku ke go namali problemot vo vakva forma.

Neka gi testiraat tie sto treba i neka donesat adekvatni merki, posto sega za sega so 8 oficijalni slucai mislam deka malku preteruvaat.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Синеплекс сеуште си работат? :confused:

Милениум и театрите знам дека затворија.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.454
Поени од реакции
18.455
А претходно не умирале тие над 60г... :( .

Статистички а и доктори кажаа, младите овој тип на грип не ги сакал (не знаат зашто, како и за други работи :cautious: ) па поефикасно на лица над 55г да им се забрани да шетаат. :anco:
Колку врска немаш не ми се верува, абе во најголем дел се стари, но за жал има и млади. Имаше 17 годишен во Италија на апарати.

Болни има од секоја возраст од 7 месечно бебе, па до сто и кусур години.
 
C

CoolIris

Гостин
Smesno e da se pravi sporedba so kina vo bilo koj segment, kina e sekako nebitna vo nasata prikazna... Ako nisto drugo trebase da naucime nesto od niv i da se spremime. Namesto toa mi raskazuvas prikazni za nemanje testovi i proceduri...

Kina na kraj zatvori gradovi i pola miljara narod bese vo karantin... Vistinski karantin, ne ovaa polovicna verzija adaptirana za mak potrebi kolku da se kaze deka nesto se pravi lol... Tesko sfakas, ova nema nisto da resi a prasanje e kolku ke go namali problemot vo vakva forma.

Neka gi testiraat tie sto treba i neka donesat adekvatni merki, posto sega za sega so 8 oficijalni slucai mislam deka malku preteruvaat.
Оу да, и тоа како е Кина битна во нашата приказна. Прво и основно заради фактот што потеклото на корона вирусот е од Кина, а второ заради тоа што имаме многу да учиме од Кина. Приказни за немање тестови не ти раскажувам, тоа е реалноста.

Кина затвори градови и пола милијарда народ беше во карантин, ама Кина тоа не го направи за 2 недели од појавата на вирусот. Кина тоа го направи после еден месец. Не може уште на сам почеток да затвориш се и да направиш колапс во општеството. Тоа не е успех! Толку голема маса на народ не се контролира толку лесно. Се почнува од основни превентивни мерки, па после ако има потреба, превентивните мерки ќе се зголемуваат. Сега за сега, тоа се случува и е за пофалба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom