Коронавирус (COVID-19)

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
MИА - денешен извештај.

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 111.381 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 3.882 лица, а 62.661 оздравеле.
– Едно лице кое работело на одржување на комплексот Дизниленд во Париз е позитивен на новиот коронавирус, соопшти портпаролот на паркот. Тој рече дека вработениот не бил во контакт со посетители и оти забавниот парк останува отворен.
– Европскиот парламент разгледува предлог за откажување на денешната седница поради епидемијата, најавија двајца неименувани претставници. Седницата требаше да се одржи во Стразбур.



– Во Париз ќе биде ограничена посетата на Лувр.
– Британската Влада ќе се бори со лажните вест во врска со епидемијата на коронавирусот и создаде специјален тим за борба против дезинформациите.
– Британците кои се враќаат од најпогодените делови на Италија задолжително ќе мора да се самоизолираат 14 дена.
– Јужна Кореја соопшти за 96 нови случаи, со што вкупниот број е 7.478. Од вирусот починале 51 човек.
– Виетнам соопшти дека патници што доаѓаат од Кина и Јужна Кореја се ставаат во карантин 14 дена.
– Катар ја прекина наставата во училиштата и универзитетите. Мерката стапува во сила утре.
– Индија ги затвори пристаништата за сите странски бродови за да се намали ризикот од зараза.
– Јапонија соопшти за 16 смртен случај. Се работи за жител на Токио на возраст од 90 години.
– Најголемиот британски синџир на супермаркети Теско ја ограничи продажбата на основни продукти. Купувачите одеднаш можат да купат најмногу пет антибактериски гелови, пет пакети тестенини, млеко и зеленчук во лименки.
– Бројот на жртви во САД достигна 22.
– Во Италија е воведена казна до 206 евра за сите оние кои ќе прекршат забрана за движење без да имаат соодветно оправдување. Казната може да биде преиначена и во затвор до три месеци.
– Крузерите кои влегуваат во Порторико ќе мора да докажат дека на бродот нема коронавирус.
– Најмалку 11 луѓе загинаа во хотелот-карантин кој во саботата се урна во Кина.
– Италијанскиот премиер Конте во интервју за весникот „Ла Република“ рече: Деновиве размислував што читав за Черчил: Ова е нашиот најмрачен момент, но ќе се извлечеме.
– Пациент за кого постои сомневање дека има коронавирус избегал од болница во индискиот град Мангалоре. Се уште се трага по него.
– Иран соопшти дека уште 43 лица починале, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 237 починати. Вкупно се заразени 7.161 луѓе, што е за 595 повеќе од претходниот ден.
– Се чини дека жените и децата подобро го поднесуваат вирусот. Повеќето луѓе ќе добијат блага инфекција, но формата на болеста е сосема очигледна кај најтешките случаи.
– Србија донесе одлука да се откажат сите училишни патувања. Забраната се однесува на матурските и студиски патувања и размена на ученици и студенти и важи за сите училишта и универзитети.
– Француската Централна банка ја намали прогнозата за раст во првото тромесечие од 0,3 на 0,1 проценти.
– Една градинка на подрачјето на Барселона е затворена откако една вработена била позитивна на коронавирусот. И тројца членови на градскиот совет на Барселона се во домашен карантин. Во Шпанија има 959 заразени и 25 починати.
– Припадник на персоналот на НАТО во главното седиште во Брисел е позитивен на новиот коронавирус. Тој кон крајот на минатата недела се вратил од одмор во северна Италија и не се чувствувал добро, по што бил тестиран.
Автоматски споено мислење:

Бај д веј сите берзи рикаат во светов моментално ...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.521
Поени од реакции
29.023
Сега Грците санкции ќе ни лупнат заради Цаца, што заразила и нивни доктори на семинарот.

А Грк ко Грк мора да се прошета по трговски, да зарази уште толку, како таа првата во Солун.

Иначе гледам Синеплекс не се плашат од вирусов многу, или може имуни се...



Од Корона ќе најдеме спас. Ама од Марик... :несвест:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
едноставно, кога на нејзе не и било гајле за нашите како и за општото здравје, зашто мене би ми било гајле за нејзините?

сумљам дека вака би мислел да имаш постаро лице дома заразено од корона, или недај боже истото да умре како резултат на корона.
Сакаш да кажеш дека ако твој близок роднина ми згреши на мене или било кој друг тогаш тој/јас имаме право да те претепаме ко магаре без око да ни трепне иако ти немаш никаква врска со дешавката? Сосем оправдано би било тоа а? :tapp:
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.105
Поени од реакции
25.154
Пренесување заразна болест

Член 205

(1) Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што не постапува според прописите или наредбите од став 1 во поглед на сузбивањето или спречувањето на заразните болести кај животни кои можат да се пренесат на луѓето и со тоа предизвикува пренесување на заразна болест.

(3) Ако како последица од делото од став 1 е пренесена неизлечива заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

(4) Обидот за делото од став 1 на овој член за пренесување на неизлечлива заразна болест е казнив.

(5) Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеца.

(6) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

(7) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Јасно ко ден.
Само што џабе ќе биде ова ако избувне епидемија или нешто слично.
 
J

joli1

Гостин
Сакаш да кажеш дека ако твој близок роднина ми згреши на мене или било кој друг тогаш тој/јас имаме право да те претепаме ко магаре без око да ни трепне иако ти немаш никаква врска со дешавката? Сосем оправдано би било тоа а? :tapp:
браво, која компарација.

споредуваш нормално грешење со намерен идиотизам поради кој може да има смртни случаеви и епидемија на државно ниво. :aplauz:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Дераматолозите кои во саботата биле на симпозиум во скопски ресторан со посочената докторска заразена со коронавирус Нина Цаца Биљановска, донеле заедничка одлука да се стават во домашен карантин и да не работат со пациенти, бидејќи сите зборувале на ист микрофон и си го подавале еден на друг, секој по збор, дознаваме од нивни колеги.


Којзнае колку ја пцујат, мајка, шајка :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
браво, која компарација.

споредуваш нормално грешење со намерен идиотизам поради кој може да има смртни случаеви и епидемија на државно ниво. :aplauz:
Не претерувај сега и ти, ако утреден некоја моја роднина се бламира вака по општествово што сум крива јас? Мозок со инка не се тура. Треба таа да си одговара.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Ај можда карантин мерките ќе придонесат за зголемување на наталитет :oleee:

Не претерувај сега и ти, ако утреден некоја моја роднина се бламира вака по општествово што сум крива јас? Мозок со инка не се тура. Треба таа да си одговара.
o_O едно време пишуваше децата да им се одземаат ....
Добро е, имало колку толку душа во тебе, има надеж :pipi: :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Ај можда карантин мерките ќе придонесат за зголемување на наталитет :oleee:


o_O едно време пишуваше децата да им се одземаат ....
Добро е, имало колку толку душа во тебе, има надеж :pipi: :D
Па нека им се одземат на вакви, уште сум за ама нема потреба да се фрла со дрва и камења по одредени луѓе само затоа што се ДНК поврзани.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Демантирано е за свадбата.

Постои веројатност да им идела по состаноци.

Друго

Засега се знае дека таа пет дена одела на работа додека вирусот бил во фаза на инкубација и била во контакт со другите вработени на клиниката како и со пациенти кои престојуваат таму. Епидемиолошки е важно што оваа клиника е сместена во зградата на Интерни клиники каде всушност има уште неколку други клиники, односно стотици вработени и уште повеќе пациенти. По истите ходници, истите влезови и излези и амбуланти, гравитираат вработените и пациентите на Клиниката за уво нос и грло, Реума, Пулмологија, Гастроентерохеоатлогија, Нефрологија, а во истата зграда се и Токсикологија, Неврологија и Очна клиника.

Инфово е од слободен печат.

:popce: :popce: :popce:
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Пред недела без никаква проверка на граница ни дојдоа роднини што живеат у Венеција,така да не се надевајте дека некој од надлежните у државава мисли или се замара со вирусов
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.539
Поени од реакции
18.791
Пред недела без никаква проверка на граница ни дојдоа роднини од Венеција,така не се надевајте дека некој од надлежните у државав мисли или се замара со вирусов
Епа роднините требало да бидат свесни дека доаѓаат од загрозено подрачје и требало две недели да се самоизолираат,не можи на граница на декој еден патник контрола да му се напрај, илјадници поминуваат, и тоа не е само кај нас секаде е така.
Симптоми покасно можи да се појават.
Убаво си кажаа на почеток сите кои престојувале во заразените подрачја да се самоизолираат и ако имаат било какви симптоми да се пријават на тој и тој број.
Ама народот ако сам не си ја разбуди свеста не очекувајте некој друг да не свести
 

Kajgana Shop

На врв Bottom